’Животот е убав и вие не го знаете тоа. Сега јас го знам тоа’

Член од
29 ноември 2008
Мислења
192
Поени од реакции
22
Gledam deka nekoi se somevat deka ovoj slucaj e samo fabrikacija na novinarite, jas potpolno veruvam deka e vistina ,toa shto mu se ima sluceno na Risto Prendzov sekomu mozhe da mu se sluci bilo kade duri i vo Makedonija, se cudam kako nikoj od vas ne se prashuva kade se makedoncite od Amerika da mu pomognat? jas veruvam deka Risto nema potreba samo od materijalna pomosh tuku i od moralna pomosh. http://video.nytimes.com/video/2009/11/15/multimedia/1247465673550/neediest-a-victim-of-violence-recovers.html
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
1.041
Поени од реакции
43
Па тоа е сосема нормално, и обичниот човек, и најуспешниот човек да падне во меланхолија, да се чувствува нереализиран... бидејќи една од основните особини на модерниот човек е да оди напред и никогаш да не биде задоволен од сработеното и здобиеното, бидејќи тоа му е основен поттик да биде уште поуспешен.

Не дека муабетот не ти држи вода, само што тежината на проблемот од душевен аспект (ако постои таков) е подеднаква и на оној кој е сиромав и оној кој снемал мрежа во моментите кога бил спремен да даде хедшат со снајпер во најбитната борба со противничкиот кантерстрајк клан. Решливоста на проблемите е поинаква, и таа се мери во тешкост, односно има лесни и тешки проблеми во смисла лесно решливи и тешко решливи.

Па така, смртта на близок е тешко решлив проблем кој боли многу. Снемувањето на интернет е лесно решлив проблем но за еден тинејџер кој никогаш не искусил смрт на близок тоа е најлошото нешто кое може да се случи. Да не речеш лоши споредби правам, ако родител на 2 годишно дете почине, тој настан нема да остави никакви трауми по развојот на едно дете, бидејќи улогата на родителот не ја разбира. Но остава ако е тој во годините кога личноста се гради, за подоцна повторно да се врати на оној “бебешки“ стадиум.

Да не претерувам со муабетот, животот не е убав, многу далеку е од убав. Животот е пекол кој секојдневно го живееме, но треба да бидеме многу глупави за да си дозволиме на себе да се препуштиме на таа идеја и да го изживееме затворени во четири ѕида и да чекаме да умреме. Животот е од грд погрд, но моментите кога ни се пружа шанса да се насмееме, проклето треба да го искористиме тоа.

Животот ти е пун курац избори... Ако избереш да ти биде пекол и ќе ти биде...
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
192
Поени од реакции
22
nedaleko od new york ima dovolno makedonci vo New Jersey
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
1.041
Поени од реакции
43
nedaleko od new york ima dovolno makedonci vo New Jersey
Местото каде што шетал дечкото е обележан со црна точка, односно гето каде што не се препорачува да се движиш во било која доба.... Имал веројатно избор некако да го премине тоа место, а он баш во дувлото на лошите момци улетал:(
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Местото каде што шетал дечкото е обележан со црна точка, односно гето каде што не се препорачува да се движиш во било која доба.... Имал веројатно избор некако да го премине тоа место, а он баш во дувлото на лошите момци улетал:(
Можеби, но мислам дека во текстот пишува дека човекот многу скоро влегол во Америка. Прашање е дали знаел дека тоа е ризично место за движење.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Мило ми е за човеков што преживеал и му посакувам се` најдобро, но едноставно не можам да сварам муабет како дадениот наслов. Како прво, не е единствен што преживеал нешто такво, а второ глупаво е да каже дека само тој знае колку е убав животот и да го омаловажува секој друг кој имал повеќе среќа во тој поглед. Да не навлегувам во тоа колку неговиот живот не е убав и колку нема да биде. Тоа што дише не е најважно нешто. Нека застане на нозе, па ќе се свести и сам колку ќе му е лошо да живее со сите трауми кои ќе го следат, доколку нели, нема некои посериозни трајни физички последици од немилиот настан.
Често и јас го мислам тоа дека животов е убав и дека не го ценам колку што треба, но тоа е само празен муабет кога ќе се погоди некој добар ден, во кој ништо не тргнало на лошо. Обично знам дека не е така и дека никогаш нема да е. Без оглед колку добри работи ми се случуваат, не можам да ги игнорирам лошите и да сум среќна. Нормално е доколку нешто не е во ред да се трудам истото да го средам или поправам, со што нели, заборавам на тоа доброто и постојано сум свесна колку животот е грд. Не до тој степен да не е вреден за живеење, но едноставно, не е убав! Тоа го мислам сега и тоа ќе го мислам во секој свесен момент од него.
А за тоа со споредување на лошо и полошо ... не дека сум алчна или секогаш целам на невозможни работи туку никогаш не се тешам со полошото. Значи туѓа несреќа не може да ме натера да го сакам или ценам мојот живот повеќе. Можам и претерано да сочуствувам, но тоа само повеќе може да ме направи да паднам во депресија од која не ме вади еден убав сончев ден.

Животот ти е пун курац избори... Ако избереш да ти биде пекол и ќе ти биде...
А па од вакви муабети почнува да ми се повраќа. Знам дека секој избира поголем дел од тоа што му се случува, но знам и дека има многу нешта на кои ние едноставно не можеме да влијаеме. Тоа уствари би требало да го знаете сите.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Како прво, не е единствен што преживеал нешто такво, а второ глупаво е да каже дека само тој знае колку е убав животот и да го омаловажува секој друг кој имал повеќе среќа во тој поглед. Да не навлегувам во тоа колку неговиот живот не е убав и колку нема да биде. Тоа што дише не е најважно нешто. Нека застане на нозе, па ќе се свести и сам колку ќе му е лошо да живее со сите трауми кои ќе го следат, доколку нели, нема некои посериозни трајни физички последици од немилиот настан.
Е ова е злоупотребата на новинарите. Човекот верувам дека кога се разбудил не дал изјава за медиумите и да апелира колку животот бил убав и дека тој е единствениот кој знае дека е така. Ако воопшто така рекол, тоа го рекол за сопствена самодоверба или во краен случај и иронично на сите тие трауми што ги доживеал.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Е ова е злоупотребата на новинарите. Човекот верувам дека кога се разбудил не дал изјава за медиумите и да апелира колку животот бил убав и дека тој е единствениот кој знае дека е така. Ако воопшто така рекол, тоа го рекол за сопствена самодоверба или во краен случај и иронично на сите тие трауми што ги доживеал.
Не мора да е тој. Ова е скоро типично однесување за секој кој поминува низ пострашни моменти, во кои буквално можеле да го изгубат животот. За сите нив го пишував тоа. Ако го цениме животот да го цениме секогаш, а не само после некои ситуации, кога згора на се` си дозволуваме да мудруваме до тој степен.
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Животот ти е пун курац избори... Ако избереш да ти биде пекол и ќе ти биде...
OK,aли ако е така тогаш некој мора да е стварно глуп за да избере болест,смрт на блиска особа,несреќа,отказ од работа и такви работи,тежок глупак треба да е...Од самото доаѓање на свет ништо ние не одбираме,ни дали ќе се родиме грди или убави,здрави или не,во нормално хармонично семејство или во нарушено дисфункционално или во никакво..

Нормално дека човекот има слободна волја и во најголем дел си е одговорен за сопствениот живот врз основа на односот правилни/неправилни избори што ги правел во истиот,но луѓето немаат целосна контрола секогаш за она што ќе го доживеат.Ако одиме по она секој сам си ја крои судбината,да,ама покрај кројачката умешност треба да се земат во предвид и материјалот и условите за кроење при проценка на скроеното.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Не мора да е тој. Ова е скоро типично однесување за секој кој поминува низ пострашни моменти, во кои буквално можеле да го изгубат животот. За сите нив го пишував тоа. Ако го цениме животот да го цениме секогаш, а не само после некои ситуации, кога згора на се` си дозволуваме да мудруваме до тој степен.

Така е, но ваквите ситуации се како отрезнувачи на сите, посебно за оние кои не доживеале вакво нешто да го цент животот повеќе, како потсетување и пример дека разни искушенија и премрежија не демнат на сите страни.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
ZeLEnasite напиша:
Животот ти е пун курац избори... Ако избереш да ти биде пекол и ќе ти биде...
OK,aли ако е така тогаш некој мора да е стварно глуп за да избере болест,смрт на блиска особа,несреќа,отказ од работа и такви работи,тежок глупак треба да е...Од самото доаѓање на свет ништо ние не одбираме,ни дали ќе се родиме грди или убави,здрави или не,во нормално хармонично семејство или во нарушено дисфункционално или во никакво..

Нормално дека човекот има слободна волја и во најголем дел си е одговорен за сопствениот живот врз основа на односот правилни/неправилни избори што ги правел во истиот,но луѓето немаат целосна контрола секогаш за она што ќе го доживеат.Ако одиме по она секој сам си ја крои судбината,да,ама покрај кројачката умешност треба да се земат во предвид и материјалот и условите за кроење при проценка на скроеното.
ZeLEnasite, апсолутно не се слагам со твојот исказ. Што последно ти си одбрал во животот, дали да одиш одма да се исереш, или после 15 минути? Дури и тоа не можеш баш многу да го решиш, некој друг решил за тебе дали мора да го посетиш “светото место - Шоља“

Убава е таа замисла дека ние решаваме за се`, но убеден сум дека случките кои ни доаѓаат не се така црно бели. Како и се на светот и тој дел би рекол дека е избалансиран, па кога ќе се земат за основа “наречниците“ и препишаната судбина, поклопено со нашиот карактер и труд за она кое навистина ни се допаѓа, доаѓаме до некоја компромисна точка.
За пример, има луѓе кои сиот раскош даден буквално од Бога, го отфрлаат несвесни дека мораат да се внесат во процесот на задржување, и од друга страна луѓе кои биле заборавени и исфрлени во поплавата на душите, па колку и да се трудат, нивното место секогаш ќе биде ограничено. Ако немаш сина крв, во Англија можеш да бидеш само пребогат, но никогаш royalty.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Животот е убав.. Дали ?

Целиот наш живот е составен од спротивности. И се дур постојат тие ќе постоиме и ние. Никогаш нема да знаеш како е да си сит, ако никогаш не си бил гладен. Никогаш нема да знаеш како е да се биде здрав, ако не си бил претходно болен итн. Целокупноста на нашите животи се токму тие краткотрајни моменти кои не исполнуваат. Да би биле постојани никогаш нема да ја разбереме нивната вредност. Од животот пред се добиваме тело. Независно дали ќе го сакаме или мразиме, наше е за цел живот. Добиваме лекции. Константно ги учиме и добиваме нови искуства кои се наменети лично за нас. Во нивното учење е клучот. Не постојат грешки, само лекции кои некогаш сами ги бараме, а некогаш ни се наметнати од други. Тоа и не е толку битно, колку што е битен самиот процес на експериментирање, на обидување и затоа е незибежно некои работи да не одат со нашиот план и очекувања. Способноста да се насмееме на сопствените неуспеси е ретко застапена меѓу нас. Оние кои што не се родиле со хендикеп уште од самиот старт ги имаат средствата и ресурсите кои им се потребни. Од самите нас зависи што ќе направиме со животот, дали ќе го препуштиме на "случајностите" или ќе се обидеме колку можеме да го направиме според сопствената замисла. Кога секој ќе превземе одговорност на себе и ќе научи да ги прифаќа оние нешта кои не може да ги смени, ја насочи енергијата и делува врз други нешта, сигурно дека животот ќе му биде далеку поубав и попродуктивен.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
На своја кожа имам почувствувано, дека после тешка криза која го загрозува мојот или пак животот на некој мој близок, се препородува мојата желба за опстанок и ценењето кое го имам кон обичните работи, како воздухот на пример. Зборував со мој бивши, кој направи сообраќајка и беше еден месец во кома. Вели дека да си на раб на смртта, па да се вратиш, ќе бидеш нов. Ќе сакаш се` да пробаш, се` да направиш, ќе станеш потолерантен... И не може некој кој не бил пред умирање, да зборува какво е чувството кога ќе се преродиш.
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Животот не е убав и тоа ќе го докажам со мојата вообичаена непогрешива логика.:тенќу: :smeshko:
Ако животот е убав тогаш зошто има толку страдање во светот? Кажи им дека животот е убав на милјардата гладни во светот. Да не збориме ако ти во твојата глава си несреќен и незадоволен од тоа како ти испаднал животот. Тоа ти сам на себе си го наметнуваш. Се споредуваш со други, го споредуваш својот живот со „алтернативни истории“ (како би можело да биде ако ова направев.....) Факт е дека вистинска мака (најверојатно) немаш. Ко на пример, да гладуваш, да немаш што да облечеш, да немаш кров над глава, да си болен, да се мачиш секоој божји ден....
Реално гледано за повеќето луѓе што живеат денес, и верувам за повеќето луѓе што живееле на Земјава до денес, животот не бил баш "a walk in the park" и стварно сакам да видам некој да ме спори по оваа поента. Тоа би било забавно. :D
А, знаеш што е уште позабавно? Тоа што сите луѓе мислат дека животот ќе им испадне, онака, добро. Онака како што тие посакуваат. Никогаш не се знае. Иднината е премногу непредвидлива.
А тие што мислат дека си ја контролираат судбината...Па тоа е смешка бе човече. Ти можеш да бираш, не викам не, ама меѓу што ќе бираш.... тоа друг ќе одлучи. Фактички, слобода е да одбереш помеѓу понудените избори.:toe: Жими слободата.:tv:

Life's like a box of chocolate; you never know what you're going to get! ;)))
Си мислиш дека ќе најдеш алтлантис, ама господ знае што ќе најдеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom