Не можеш овака да кажеш, се зависи од ситуацијата. Сигурно да биде нападната твојата девојка, сестра, мајка има да се тепаш па и животот да ти зависи од тоа..
Но, некогаш нема смисла да се тепаш..
Бев во дискотека во друг град со пријател и им се пуштаме на едни пиченца. Флерт, ова-она..и ете го од таму иде еден неандерталец и ми се става во фаца.
Шо к*рац правиш ти со женска ми? Ајде ако си маж да излеземе надвор да се решиме. Се пењави тука, а зад него стои цела дружина...
Полека . Не и пишува на чело дека е зафатена..
Ај прво што нема да биде ферка и ќе го јадеш, него не вреди воопшто да се замараш оти сеедно ништо нема да добиеш и да го истепаш, само можеш да изгубиш и да си направиш проблем. Затоа тогаш фино лепо си се повлекуваш.
Но, од друга страна..
Другарка ми беше "нападната" од еден сељак кој не знаеше што значи зборот "НЕ", и освен што беше нападен со зборови, почна и физички..
Е тогаш не размислуваш два пати што ќе се случи и му ја изместуваш вилицата на типот.
Последна ферска тепачка ми била со најдобар другар на 15-16 год. Игравме фудбал и го фаулирав поприлично остро. Се виткаше 5 мин. стана и почнавме да се тепаме и тоа јако, без никој да не разделува и умешува. Кога видов што се случи, трчаница до кај него дома по здраствената книшка и правец на лекар и двајцата.
Исходот: Кај него, скршеница на раката. Кај мене, полузатворено десното око.