Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Пред извесен период си разговаравме со @Darklady на тема книги, пред се за оние кои ни оставиле извесен впечаток. Така, ова е, своевидна, нејзина препорака.
Денес се одлучив да поминам до библиотека, сакав да си земам нешто полесно за читање, ја видов и ми се врати целиот разговор, посебно за нејзините импресии како за книгава, така и за филмот, кој исто така не ми е гледан. Па си ја земав без некои преголеми очекувања.
Зборувам за "Никогаш не оставај ме" од Казуо Ишигуро. What a book! Веќе сум од седма глава (околу 70 стр). Единствената сериозна замерка е преводот, кој е лош, мислам на ова издание од Ѕвездите на светската книжевност. Одредени реченици немаат никаква смисла, а во други, нараторката прво е претставена како женско, па потоа како машко (мислам на употребата на личните заменски форми). Знам дека и Три ја има издадено.
Се одлучив оваа да биде и мојата Клупска книга за месец ноември каде имаме слободна тема, мислам дека знам во која насока ќе се движи рецензијата. Сеуште е фаза на карактерното градење, па и авантурите и созревање на ликовите (пред се Томи и Рут), затоа што приказната не враќа во детството на Кети (која во моментот на нарацијата е негувателка) кога живеела во училиштето "Хејлшам" околу кој се врзува овој дистописки роман.
Мислам дека треба да има засебна тема за дистопии!