Вероника реши да умре од мајсторот Пауло Коелјо. Интересна сторија за жена која има се' во животот, но нејзиниот живот е ист секој ден и се одвива механички, без некакви авантури или лудости, па затоа решава да се самоубие, пиејќи голема доза на апчиња за спиење. Се буди во психијатриска болница, каде што во последните денови од животот ја открива убавината на истиот и ги пробува и доживува сите работи кои дотогаш ги сметала за луди и невообичаени, а сега токму тие работи и' даваат поттик за живот, за нов почеток.