Што слушаме во моментот? (Читај правила)

Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Милко одличен инди бенд ,имаат добар албумот „Луѓе“. Дечкиве се одлични, имаат топ песни. Штета е што немаме повеќе како нив. Ако некој го сака целиот албум нека ми пише во ПП.

Милко - Поглед
Милко - Оди без зборови
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.636
Поени од реакции
31.850
Милко одличен инди бенд ,имаат добар албумот „Луѓе“. Дечкиве се одлични, имаат топ песни. Штета е што немаме повеќе како нив. Ако некој го сака целиот албум нека ми пише во ПП.

Милко - Поглед
Милко - Оди без зборови

Најпрво со предрасуди ги фатив кога ги објави Свирко Топов, чинам во негово студио снимаат, но потоа успеав да ги исфрлам предрасудите и да ги преслушам како што заслужуваат. Солиден бенд за тукашни простори, добра алтернатива.

Инаку Sensation Junkies-Lights

Секогаш ме одмора песнава. Она еховско гитарче и интересен дилеј скокотка. Вокалот е специфика загребана. Штета што на еден албум останаа.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Конкорд - Високи штикли и црни чорапи


Песната зрачи со толку голема позитивност, убавина, ја пеат и стари и млади, и момчиња и девојчиња, и рокери и народњаци... Едноставно, штиклите влегуваат директно во уво и се уште еден доказ дека добрата музика нема рок на траење. Препознатливиот хит на една генерација ја живее својата втора младост, овојпат како обележје на една сосема поинаква младина, тинејџери кои во времето на создавањето на песната не биле ниту родени.

Високи штикли и црни чорапи
се вртам ако треба и по сто пати
твојот лик ме прогонува
се насмеваш ил ми се присторува.
Сите те гледаат,
со поглед стрелаат,
а ти веќе не си
не си ладна.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За време на Празникот ги гледав трите филма Пиратите од Карибите
Посебен впечаток ми остави мелодијата на почетокот од третиот дел
Во моментов ја слушам:
Hoist the colors

http://www.youtube.com/watch?v=3ShMz4S0f1E
 

Kajgana Shop

На врв Bottom