Во мојов случај има една аномалија која мислам дека постојат многу мали шанси да ја надминам. Јас си се нарекувам скокач. За да бидеш среќен или најважно за да можеш да одредиш дали си среќен треба да научиш да бидеш статичен. Нешто што јас досега не го научив. Креирам еден сон, потоа друг и се така во временска дистанца, за на крајот да сфатам дека соништата не ми се битни и да завршам на крај со нихилизам. Едно време ситните цели ме исполнуваа, сега некако се поретко ми се повторува чувството. Некако старата мисла дека се е минливо, се повеќе ми влијае на психа. Ќе успеам во едно, нема да успеам во друго, но секогаш сум на мнение "who cares". Единствено малата доза на страв знае да ме поттурне како ветер во грб. Кој да знае, може е ова само моментално чувство.
Си има тоа и предности, не чувствувам ниту напнатост ниту тензија. Рамно поле.
Ги гледам луѓево, им ги слушам приказните. Овој направил вака, оној се стекнал со она, оние двајца стапиле во брак, и редовно се прашувам себеси, тоа ли е тоа? До таму ли ни стига животов? There's got to be more.
Јас не функционирам на база на очекувања. Барем се поретко. Ако нешто добро научив живеејќи овде, тоа е дека очекувањата се непосакувана работа. You must go with the flow! Нејсе, мојот став не е депресивен, ниту депримирачки. Во овој ѕид ќе удрат сите порано или подоцна. Сите сме во мало кутиче, без разлика на значењето кое сакаме да си го дадеме. Некој знае да биде среќен во него, некој не. Некогаш дури немаш ни избор, или си едното или другото.
Онака чисто од она што го сакам, па ајде да речеме дека силно посакувам да ми се случи е да си најдам сродна душа со која ќе си ги трпиме маните. Ако го најдам тоа, и повремениот нихилизмот ќе ми биде забавен..
Професионално, успехот ми е горе долу важен, додуша се е илузија, од дипломи до заработки, ама мора да се купи леб за да се јаде. Мора да го научиш материјализмот за да се ослободиш од него, едно без друго мајке му не иде. Очекувам од себе да создадам стабилни столбови во својот живот.
И очекувам конечно да си ја напишам книгата чиј концепт конечно го создадов во својата глава, а богами почнав и да го чкрапам црно на бело. Барем тука се зависи од мене, а не од среќата.
За се друго, со животот правиме едно САЛУТ, па ќе видиме...
