Што очекувате од животот?

Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
:helou: Od zivotot ocekuvam edna harmonija sama so sebe i so drugite . Spokojstvo, poveke da gi razbiram lugeto i prifakam takvi kakvi sto se ,da gi pocituvam mladite i nivnite potrebi , da ziveam slobodno i dostoinstveno:smir: :smir: :smir:
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Од животот очекувам да ми биде смирен (може и подолг) круг, исполнет со хармонија и среќа.... да ми донесе мирен завршеток... како и почетокот.
 
GarDiaN

ФудБалЕрчЕ
Член од
16 февруари 2006
Мислења
465
Поени од реакции
19
Samo da mi dade sansa da ziveam srekno , a moe e dali ke ja iskoristam ili ne :):)
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.380
Поени од реакции
6.084
Здравје, и љубов..Друго се само по себе ќе си дојде
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Сеуште не и мислам дека уштее сум мала за да го добијам она шо го посакувам, а кога ќе подразмислам малце не сум ни самата свесна шо посакувам. Очекувам идеалност шо никогаш нема да биде сите најубави работи да ми се на едно место... но колку повеќе очекувам толку помалку добивам
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Што очекувам од животот?Па хмммм...НАјверојатно тоа што јас ќе се обидам да го направам,затоа што животот сам од себе не ни ги дава работите,туку ние сами се бориме за да нив...Значит јас не очекувам многу од животот,очекувам многу од себе си,а за животот доволно е што уживам во него...
 
PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Ме исполнува самиот живот. Среќен сум што сум меѓу живите... Тоа е тоа што ме исполнува, ме прави среќн. Како ќе го поминеш животот, тоа е друга приказна.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Па незнам,ова првото прашање, некако збунувачко ми е :) мислам дека ако нешто очекувам, би очекувала од себе а не од животот.

А задоволна сум од себе си иако би можела да поработам малку на срамежливоста и самодовербата.

Плановите незнам дали ми се реални баш, премногу сум оптимист и некогаш дури и можеби не гледам многу реално:kesa:

Пронајдов многу нешта што ме исполнуваат и ме прават среќна, кога сум нешто нерасположена доволно ми е да прочитам нешто што сум го тргнала настрана од некоја книга и веднаш сум up со расположението, а се разбира ме исполнува секој ручек со семејството, секоја прошетка со моето златце:back: и секој мој успех :salut:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Што очекувате од животот? Дали сте задоволни од она што сте сега? Какви се вашите планови...мислите дека се реални?
До каде стигнавте со плановите?

Или најважното прашање, со уште поважен одговор...

Дали го пронајдовте нештото што ве прави среќни и ве исполнува?
Мислам дека од самиот факт дека ние сме живи организми не може да се очекува ништо. Можеме да поставуваме барања, да тежнееме да ги исполнуваме и да градиме очекувања од самите себе, знаејќи ги нашите маани и доблести. Инаку, може да се каже дека сум задоволна од она што сум, бидејќи се трудам да бидам личност на каква јас би и се восхитувала да ја запознаам. Можеби немам целосно успеано, не дека немам маани, ама ако сум успеела, што ќе ме мотивирало да работам на себе понатаму?
Имам можеби малку и преамбициозни планови, да магистрирам, можеби да докторирам, се надевам да најдам добра работа, да бидам успешна во неа. Ама ова не е нереалност, зависи од мене, од тоа јас колку ќе се ангажирам и колку ќе успеам во борбата против мрзливоста. Знаејќи се себе, и од моето досегашно искуство со целите и нивното остварување мислам дека имам реална основа за остварувње на плановите, зашто тоа што до сега сум се трудела да го остварам сум успеала. На пример во средно имав секогаш одличен успех, вкупно четири 4ки во сите четири години. И тоа можам искрено да кажам дека не сум се убила од учење, дури и ретко да имало ден да не излезам или да не можам да си дозволам да гледам телевизија или да седам на компјутер поради учење. А и сега на факултет. Мислам дека имам одличен успех во однос на тоа колку труд реално имам вложено. Искрено, имам учено само викендот пред и за време на колоквиумската недела. Четири предмети ми се положени со колоквиуми, и имам уште еден што треба само едниот колоквиум да го преполагам. И тоа, општо од сите, имам една 10ка, мислам дека ќе имам две 9ки (или една сигурна 9ка и една 10ка), имам една 7ца и уште една 7ца или осмица. Тоа е скоро 8.5, односно доволен просек за да аплицирам за стипендија од тип Б, што ми е доволно.
Има разни ситници што ме прават радосна и ме исполнуваат. Ама за вистинска среќа мислам дека е рано да се зборува, земајќи ги во предвид моите години. Сеуште трагам, ама се трудам да им се радувам на мали работи, а големите работи сама да си овозможам да ми се случат.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Во мојов случај има една аномалија која мислам дека постојат многу мали шанси да ја надминам. Јас си се нарекувам скокач. За да бидеш среќен или најважно за да можеш да одредиш дали си среќен треба да научиш да бидеш статичен. Нешто што јас досега не го научив. Креирам еден сон, потоа друг и се така во временска дистанца, за на крајот да сфатам дека соништата не ми се битни и да завршам на крај со нихилизам. Едно време ситните цели ме исполнуваа, сега некако се поретко ми се повторува чувството. Некако старата мисла дека се е минливо, се повеќе ми влијае на психа. Ќе успеам во едно, нема да успеам во друго, но секогаш сум на мнение "who cares". Единствено малата доза на страв знае да ме поттурне како ветер во грб. Кој да знае, може е ова само моментално чувство.
Си има тоа и предности, не чувствувам ниту напнатост ниту тензија. Рамно поле.

Ги гледам луѓево, им ги слушам приказните. Овој направил вака, оној се стекнал со она, оние двајца стапиле во брак, и редовно се прашувам себеси, тоа ли е тоа? До таму ли ни стига животов? There's got to be more.

Јас не функционирам на база на очекувања. Барем се поретко. Ако нешто добро научив живеејќи овде, тоа е дека очекувањата се непосакувана работа. You must go with the flow! Нејсе, мојот став не е депресивен, ниту депримирачки. Во овој ѕид ќе удрат сите порано или подоцна. Сите сме во мало кутиче, без разлика на значењето кое сакаме да си го дадеме. Некој знае да биде среќен во него, некој не. Некогаш дури немаш ни избор, или си едното или другото.

Онака чисто од она што го сакам, па ајде да речеме дека силно посакувам да ми се случи е да си најдам сродна душа со која ќе си ги трпиме маните. Ако го најдам тоа, и повремениот нихилизмот ќе ми биде забавен..:)

Професионално, успехот ми е горе долу важен, додуша се е илузија, од дипломи до заработки, ама мора да се купи леб за да се јаде. Мора да го научиш материјализмот за да се ослободиш од него, едно без друго мајке му не иде. Очекувам од себе да создадам стабилни столбови во својот живот.

И очекувам конечно да си ја напишам книгата чиј концепт конечно го создадов во својата глава, а богами почнав и да го чкрапам црно на бело. Барем тука се зависи од мене, а не од среќата.

За се друго, со животот правиме едно САЛУТ, па ќе видиме...:)
 
AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Ги гледам луѓево, им ги слушам приказните. Овој направил вака, оној се стекнал со она, оние двајца стапиле во брак, и редовно се прашувам себеси, тоа ли е тоа? До таму ли ни стига животов? There's got to be more.
:smir:

Од животот очекувам многу, го очекувам неочекуваното.
Имам многу планови кои се реални и може да се реализираат, си го одбрав патот и одам по него.
Задоволна сум од себе, мислам дека до сега имам многу постигнато.
И уште нешто - It doesn't hurt to be optimistic. You can always cry later. :pipi:
 
Член од
12 јануари 2011
Мислења
8
Поени од реакции
1
да си најдам одговори за некои суштински прашања, и вистинска љубов:back:[/QUOT

И јас би го сакала истото! :)
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Тоа е партија пинг-понг, што животот очекува од мене, а што јас од него?!

Би сакал да бидам во хармонија, и да живеам сега во моментот.
Ние луѓето нашата среќа премногу ја фокусираме на идни и минати моменти, токму како оваа тема "што очекувате од животот"

Конкретно за темата, очекувам животот да им даде можност на сите во светот да си ја отворат душата.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Да ми даде шанса да живеам доволно за да направам се што сакам :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom