Што очекувате од животот?

Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Што очекувате од животот? Дали сте задоволни од она што сте сега? Какви се вашите планови...мислите дека се реални?
До каде стигнавте со плановите?

Или најважното прашање, со уште поважен одговор...

Дали го пронајдовте нештото што ве прави среќни и ве исполнува?
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Не. Мојот живот уште се наоѓа во фаза на “мугри“. :) Што ќе рече, уште не сум ни почнала да го живеам, во права смисла. Трагичното е што уште не ни имам зацртано планови што сакам да ги остварам. :) Се очекува во брзо време за засукам ракав и да сфатам што во животот ме прави среќна и ме исполнува, за да можам после тоа да напишам дали сум го пронашла истото. :)
Зборам за големи животни планови. Такви ниту имам, ниту ми се оствариле. Инаку моментално, сум задоволна од животот што го живеам, со сите ситници што ме прават среќна. :)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Што очекувам од животот. Очекувам да не ме напушти иако е тоа поверојатно него да добијам 7ца на лото ама ај. Исто така очекувам да ме служи здравјето, за парите што знам неможам да очекувам од животот тоа може да го очекувам од мене, мада јас сум својот живот сепак е малце поразлично тоа од животот. Очекувам и една жена со неколку деца, срдечен живот и смрт. Очекувам од мојот живот да ми го покаже патот кон мојата суштина на животот
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
точкест напиша:
Очекувам од мојот живот да ми го покаже патот кон мојата суштина на животот
Сакаш да кажеш дека одговорот ќе ти падни од небо?
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
93
Поени од реакции
0
хј да може така да си замислуваме по една желба кога ќе отидеме во црква да замислиш како одговорите ти паѓаат од небо :zver:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Volkswagen напиша:
Што очекувате од животот? Дали сте задоволни од она што сте сега? Какви се вашите планови...мислите дека се реални?
До каде стигнавте со плановите?

Или најважното прашање, со уште поважен одговор...

Дали го пронајдовте нештото што ве прави среќни и ве исполнува?
Ќе почнам од последното прашање.Да, конечно го пронајдов она што ме прави среќна и целосно ме исполнува,мислев дека ќе биде тоа материјално нешто во животот што ќе ме направи среќна,но испадна дека сум грешела.Осознавањето, целосно на она што сакам во животот,што ми е основно и за што вреди да се борам за да го задржам,ме направи среќна и задоволна со себе си.
Плановите во животот ми се реални,се трудам да ги остварам,досега она што замислив дека треба да го направам до 24 години го остварив 90% останаа некои нереализирани,но се надевам дека ќе биде во блиска иднина.
Задоволна сум од она што сум сега,но секогаш може и подобро.Сакам да живеам како што сакам,сама да го контролирам животот,и од него очекувам да биде подолг,другото сама ќе го средам.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Што очекувам од животов ?
па шо знам...да умрам на стари години со полно внучиња околу мене и да си го проживеам животов најубаво што можам
 

XENIA

IHS
Член од
26 јануари 2007
Мислења
100
Поени од реакции
4
да си најдам одговори за некои суштински прашања, и вистинска љубов:back:
 

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
ahhh kutrata ti :)
sto ocekuvam ? neam razmisluvano... koga ke znam potocno ke vi pisam
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.321
Поени од реакции
7.372
Да одам на ратиште, да наталожам пуно камен, да фатам спонзоруша што ебела најмалку 5 црнци, да купам стан до парк, да ја средм куќата на село. И да си купам Хонда Сивик.
:pos: :pos: :pos: :pos:
Не очекувам ништо од животот. Од време на време добивам инспирација за да направам нешто. Ретко ми успева. Затоа сега ретко добивам инспирација.
 

vp

Член од
5 април 2007
Мислења
236
Поени од реакции
0
Pa da go rabotam ona sto go sakam a i si vikam deka ke go rabotam :toe:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.321
Поени од реакции
7.372
vp напиша:
Pa da go rabotam ona sto go sakam a i si vikam deka ke go rabotam :toe:
Три пати во животот работам "dream job" и три пати се разочарувам. Мора да фатам да работам нешто што никогаш не сум помислувал дека ќе работам, можда така ќе ми тргне.
 

vp

Член од
5 април 2007
Мислења
236
Поени од реакции
0
Незнам мене ме исполнува тоа што го работам (програмер) мислам уште професионално не работам ама тоа што викаш не се знае што носи животот
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Volkswagen напиша:
Што очекувате од животот? Дали сте задоволни од она што сте сега? Какви се вашите планови...мислите дека се реални?
До каде стигнавте со плановите?

Или најважното прашање, со уште поважен одговор...

Дали го пронајдовте нештото што ве прави среќни и ве исполнува?
Мислам дека се уште сум млада за зборам на ова прашање, ама ај... ќе напишам и јас нешто...

Што очекувам од животот? Хм...па не очекувам ништо, зашто реално гледано иако можеби посакувам постојано се да ми биде розево, факт е дека во животот се случуваат работи кои не се толку позитивни, но сепак и има и убави моменти.

Искрено сега за сега сум задоволна од својот живот, можам да речам дека сум среќна личност, затоа што сум опкружена со луѓето што ги сакам, се будам секој ден знаејќи дека не сум совршена и дека мојот живот не е совршен, но дека сепак има луѓе кои се далеку понесреќни од мене и луѓе кои минуваат низ многу потешки ситуации и периоди отколку јас, така да сметам дека во овој момент немам на што да се пожалам, освен на некои ситници кои навистина ништо не значат во споредба со проблемите за кои знам дека ќе надојдат подоцна.

Инаку имам зацртано некои планови и напорно ќе се трудам тие да се остварат, затоа што сами работите нема да паднат од небо, туку јас сама ќе морам да се изборам за да го постигнам она што го сакам. Плановите се уште не сум почнала да ги реализирам, затоа што сепак се работи за планови кои се однесуваат на мојата иднина, факултет, кариера, ЖИВОТ...

И за крај ќе речам: ДА, јас сум среќна личност. Задоволна сум од она што го имам моментално и постојано сум насмеана и не барам во моментов ништо повеќе од она што го имам, но се разбира постојано работам за надоградба на себе.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Не очекувам ништо од него, тој очекува од мене нешто да направам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom