Пред 5 години сум пишувала на долго и широко, а сега ќе кажам нешто сосема накусо.
Не очекувам ништо од животот, но очекувам многу од самата себе. Највеќе очекувам (повеќе би рекла се надевам) дека кога ќе подостарам и кога ќе се сеќавам на животот што сум го водела, нема да се сеќавам на каења и разочарувања, туку со задоволство ќе заклучам дека сум го остварила она за кое што сум се борела. Само толку. Ни повеќе, ни помалку.