-Катни гаражи во центар и населбите што гравитираат кон центар, поради зголемување на број на паркинг места.
-Хигиена пред се од граѓаните/селаните ( ѓубрето од дома треба да се фрла во контејнер, да не се исфрлаат секакви предмети додека се движите во возило или пеш, граѓаните/селаните да си ги чуваат своите примероци за биопсија во најразличен облик во себе, а не ги исфрлаат на јавни места или влезови, поголеми обиди да се прават при погодувањето на контејнерот со кесата итн... )
- Кејот ургентно да се среди од Мепсо до Ново Лисиче , што Пластик Менот Трифун во комбинација со Аеродромскиот Градоначалник никогаш нема да го направат
. Аларова ја критикуваат ама во комбинација со Пенов беа одличен тандем за Скопјани, барем имаат оставено нешто позади себе.
- Да се среди целиот лев кеј на Вардар од Обединети Нации до Ново Лисиче
- Да се исфрлат сите автобуси што добар дел има служеа како барикади на Србите, Хрватите и Босанците во војните од 90-тите
- Да се блокираат сите нови градби што го гушат Водно и да се култивизираат патеките на Водно
- Сообраќајот да се доведе барем во класа на Истамбул, ако неможе повеќе, а тоа би значело:
- не е срамота да се застане на пешачки премин со автомобил
- пешакот не треба да клима со глава и да кажува фала кога ќе му се случи тоа,
- семафорот е правосилен исто како и ракијата што ја маваат тие што не го почитуваат
- сите комуникации помеѓу возачите се одвиваат со трепкачи и останати светла за обележување, пантомима е за во театар
- при било какви изненадни промени на правец, запирања и сл се дава сигнализација соодветна итн итн
- Телекабел и останатите кабловски оператори да си го средат сигналот, звукот им е катастрофален, а има и доста брум
Ова ми текна на прво делење :helou: