Што може да ве разочара?

M

Mario Gómez

Гостин
Се разочарувам кога дознавам за нешто последен, кога некој долго време ми работел зад грб а јас сум му верувал.Се нервирам кога ми бараат услугии многу, бидејќи сум мрза голема.
Се нервирам кога некоја женска не ме оставава да ја фатам.....:nesvest:Највеќе се нервирам од македонскиот спорт, и највеќе се разочарувам од самиот себеси што не сум истиот секогаш и имам дефинитивно најпроменливо расположение и многу брзо се лутам.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Лицемерие, лаги :nenene:.. Нешто што највеќе ме разочарува и повредува..
А поготово кога тие особини ќе ги препознаам кај личности во кои сум имала доверба и сум ги почитувала..
 

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
Ме разочарува тоа што во светот постојат арогантни, препотентни лица, лицемери, егоисти, коштаплери...
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Се разочарувам кога личноста во која јас имам голема доверба и љубов на мене не ми верува, а сепак се трудиш со сите напори да направиш се да биде како што треба, нормално и океј.:toe:

И се разочарувам кога ќе дознаам дека некој ми прави лицемерие и е од корист со тебе. Ти зборува зад грб.
 

cd-krsac

Field Marshal
Член од
18 јануари 2009
Мислења
23
Поени од реакции
9
сам себе да се разочарам
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ме разочаруваат моите неуспеси. Другите нека си прават што сакаат. Сам себе си одговарам и не сум судија на другите.
 
Член од
24 август 2008
Мислења
1.120
Поени од реакции
163
Единствено љуѓе шо ги сакам.
Во право е дарк кинг за то дек друте шо сакет дек может да прает, ама сепак ко ќе предизвикет тие таков ефект на тебе до степен на разочарување ти не мојш да ги смениш а и не знајш шо вистина мислет.
Вака за себе си знајш и можда и мојш да се смениш. Не е крај на светот.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
105
Поени од реакции
37
Најмногу што може да ме разочараат се личностите што ги сакам ..
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
може да ме разочара дечкото доколку ме изневери тогаш многу долго време треба да помине да ги спојам коцките секако тоа не го искажувам никако пред други имам таков карактер што не искажувам лесно емоции, можат да ме разочараат родителите или некоја најблиска личност со своите постапки но се соочувам доста добро со такви ситуации иако сум повредена многу длабоко во мене продолжувам понатака да функционирам нормалмно
 

Ashley

بين الحياة والموت
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.043
Поени од реакции
35
Може да ме разочара само она на кое би оставила простор за такво нешто.
Тоа може само за најблиските да се случи. Па со текот на времето и разочарувањето си го скратуваш и кругот на најблиските и веќе неможе никој да те разочара. :helou:
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Некако ко да сум отрпната и секогаш се потсеќам дека се' треба да очекуваш денес од човек, без разлика од близината, и се на се сумарно од најблиските произлегува најголемото разочарување.

Ме разочарува неисполнето ветување, кога последна дознавам од некои блиски, ме разочаруваат неуспеси, падови, ме разочарува лицемерие тогаш комплетно ја менувам сликата за личноста, ме разочарува неодговорност, лажење во очи, интриги.
Disapointment доживувам и од некои мои потези во животот и од погрешно разбрани и протолкувани реченици од страна на другите што излегле од мене.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Неприфаќањето на мојата личност од страна на другите.
Моите погрешни проценки и размисли.
Вложен труд во нешто кое не сум го оправдала до крај и успехот изостанал.
Неподдршката од семејството за нешто кое знаат дека ми е важно.
Ако некој чопоративно ги повторува грешките за кои сум му укажала дека ми пречат.
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
391
Поени од реакции
20
Mozam da se razocaram samo ako uvidam deka ne ke mozam da si se vratam vo svojata zemja kako sto si planiram.Od toa mi nema lek posle,a od luge ne se razocaruvam.Bidejki covek moze sesto da dozivee od luge ne se potresuvam za nikoj kako i da e eden den se se vrti pa pak si doaga na moeto.
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
Се разпчарувам кога се ке ми тргне наопаку и нижам неуспех до неуспех
 

Kajgana Shop

На врв Bottom