Што мислите за новиот закон за сообраќај?

Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
bama напиша:
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Дозволено е тие да управуваат автомобили со јачина под 1.300 кубика.[/FONT]
Еве Струмикс!
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Па ако е ограничувањето како што се зборува јас имам слушнато 2 варијанти:
1) ограничување до 100 коња или 80 и нешто киловати, ова веќе е оправдано и да повеќето коли над 100 коња се брзи (и за неискусни не е препорачливо)...

2) ограничување до 1500 см кубни. Ова е веќе безвеза. Погоре има напишано Волкси и образложено за моторот на Мазда кој од 1300 кубици вади преку 200 коња. А и повеќето коли низ државата се појаки од 1300.

Сега чекаме некој да каже дали нешто од ова е точно... Или има некоја трета варијанта.

А да исто така слушнав и 2 варијанти за кои возачи спаѓаат во ”новопечени”. Некои викаат тие што немаат две години искуство, а некои викаат 2 години искуство и 21 година старост. т.е. за тие што положиле со 18 и да имаат 2 години искуство немаат старост. Кое од овие две е точно?
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Од предлог законот доставен до собрание, цитат:

55. ,,Возач-почетник” е секој возач на моторно возило до 21 година возраст, kako и возач на моторно возило во период од две години по добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во Република Македонија или во странство. Возач-почетник е и возач на моторно возило во периодот од две години по добивањето на возачката дозвола од одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за друга категорија

Член 240
(1) Возач – почетник кој поседува возачка дозвола од категориите ,,А”, ,,Б” и ,,Ц”, односно од поткатегориите ,,А1” и ,,Ц1”, не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 километри на час на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 километри/час на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 километри/час на автопат, а со велосипед со мотор повеќе од 40 километри/час, ниту смее со возилото да влече приклучно возило или да врши организиран превоз на деца, во рок од две години од денот на издавање на возачката дозвола.
(2) Возачот од ставот 1 на овој член, не смее да управува возило во патниот сообраќај во времето од 23 часот до 05 часот, освен ако со него во возилото се наоѓа лице –возач постаро од 25 години, на кое не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.
(3) Возачот од ставот 1 на овој член, кој поседува возачка дозвола од ,,А” категорија, не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 25 киловати.
(4) Возачот од ставот 1 на овој член, кој поседува возачка дозвола од ,,Б” категорија, не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 75 киловати.
(5) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите од 1 до 4 на овој член.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Волкси, ја запримети ли нелогичноста во цитатот кој го даваш?
ЈАЧИНА до 1300 кубици. Тоа ќе е обем, колку што се разбирам во кола...
Од лешинарски извори разбрав дека се ограничува на киловати, т.е. јачина, што поддржувам!

А и долу гледам Горчо (како и секогаш) се потрудил со колку - толку веродостоен текст да објасни. kw му е мајката!
 

CT

Член од
21 февруари 2007
Мислења
384
Поени од реакции
2
kW ne e nikakva sila, tuku moknost (se pretvara vo konjski sili, no ne e toa forata! sepak si e moknost). Ako ova e citat direktno od zakonot, sramota. Treba podobro da se formuliraat rechenicite.. valjda
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
CT напиша:
kW ne e nikakva sila, tuku moknost (se pretvara vo konjski sili, no ne e toa forata! sepak si e moknost). Ako ova e citat direktno od zakonot, sramota. Treba podobro da se formuliraat rechenicite.. valjda
power = сила, моќ.. force = сила, моќ.. недостаток не во преводот, туку во македонскиот јазик. Самите поими во законот се ок, фали прецизирање на одредени членови од законот...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.183
Поени од реакции
34.407
Поддршка за новиот закон.

Дури и да има некои нелогични работи, сигурен сум дека наскоро ќе се испеглаат. Жива глупост беше тоа дека не смеат да се управуваат мотори од 23 до 05 часот, но ете, се корегираа. Значи сега и за моторчињата важат оние правила за возачи-почетници, така да горе-долу се е во ред.

Ми се свиѓа и новиот начин на „бодирање” со негативни поени за оние ситни прекршоци како прскање пешаци, неправилно паркирање, возење без појас и сл. Гледам дека масовно почнаа да се казнуваат и возачи кои не застануваат на пешачки премин (на Партизанска највеќе ги ловат). Со казниве почна масовно да се збори за законот, па дури и оние што не се возачи го научија на памет. Тоа е добро. Дигна голема фама, ама и заузда еден куп лоши и бесни возачи.

А јас... Се надевам дека нема да ме фатат после 23 како возам уште 2 години. :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Acid напиша:
Гледам дека масовно почнаа да се казнуваат и возачи кои не застануваат на пешачки премин (на Партизанска највеќе ги ловат).
Затоа ја не возам по Партизанска за накај факултет. hehe: :baeh:

Acid напиша:
А јас... Се надевам дека нема да ме фатат после 23 како возам уште 2 години. :)
:pos::pos::pos:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Ова вака е нешто друго. Така да со ова се согласувам и гарантирам дека ке воспостави некој ред во сообраќајот. Само да се применува подеднакво за сите.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Gorco напиша:
power = сила, моќ.. force = сила, моќ.. недостаток не во преводот, туку во македонскиот јазик. Самите поими во законот се ок, фали прецизирање на одредени членови од законот...
Горчо, обемот на моторот е всушност волуменот на цилиндрите, и тоа не е моќноста на моторот, и се мери во сантиметри кубни.
силата (моќноста) или како сакате да ја наречете се мери со киловати, односно коњски сили.
Со тјунинг (по старо фризирање) на моторот од мали кубикажи се вади голема моќност...ова само како пример.
Значи, обемот (волуменот) не е тој кој треба (логички) да се ограничи, туку моќноста.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Gorco напиша:
power = сила, моќ.. force = сила, моќ.. недостаток не во преводот, туку во македонскиот јазик. Самите поими во законот се ок, фали прецизирање на одредени членови од законот...
Јас и од основно и од средно убаво знам дека учев дека мерна единица за сила е њутн а мерна единица за моќност е ват, така да бар тие физички поими се добро дефинирани во македонскиот јазик.

Инаку принципот на ставање на негативни бодови на „сметката” на возачката е проверено ефикасен и функционален принцип, во Германија функционира беспрекорно, освен тоа тука се многу построги со тоа што ако го собереш максималниот број на поени, не само жто ти се одзема возачката туку прво преба да пројдеш еден MPU тест кој всушност проверува дали си психолошки, интелектуално и физички спремен пак да се вратиш во сообраќај па после да полагаш повторно градска. Инаку Овој тест е така направен да со сила те направи глуп и затоа гермнаците го викаат Idiotentest.

Само за да му го фатата стравот на ова повеќе возачите треба почесто ад има рутински проверки дали некој вози со или без возачка и казните за возење без возачка да бидат „посолени” а не да се содржав во забрана за управување со моторно возило во рок од 6 или повеќе месеци, бидејќи ако не го кошто ништо возачот, тој пак ќе продолжи да си ја пробува среќата со возење „на диво”
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
@Струмикс - муабетот беше околу преводот :) ... не за обемот vs моќноста на моторот. Фали подетално објаснување во другите членови, се појавуваат прашања во стилот "а што ако.."

@Bacillus gagous - Во право си околу лекцијата од средно. Мене во средно ме учеа дека е снага (србизам), не моќност :). Муабетот ми беше во друга насока. Самите англиски преводи не се доволно опширни и односот многу ретко е 1:1, па затоа неколку англиски зборови со различно значење имаат заеднички македонски превод, како погоре за power и force. Плус, имаме непишан стандард (за жал) во државните, банкарските и осигурителните документи кога се зборува за самите мотори во возила, а тоа е "сила на моторот" по што следи бројка во КС или kW. Затоа и реков дека преводот е ок оти го следи "трендот".
Моќност (порано снага) е правилен термин, и се користи во научната литература (пр, книгите на машински).
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
366
Поени од реакции
10
А воа да си прашам. Денекса ме сопра полицаец и ме предупреди дека според новиот закон ако возам на моторот уште еден патник казната дека е 300 евра односно дека е забрането возење на други лица. И воа капак беше па што уште не испонаправија како можеше воа, да беше моторот за 1 ке имаше едно седиште а не две, незнам шо стануе со државава ама тежок филм им е.
 
Член од
17 август 2006
Мислења
1.531
Поени од реакции
123
Sase91 напиша:
А воа да си прашам. Денекса ме сопра полицаец и ме предупреди дека според новиот закон ако возам на моторот уште еден патник казната дека е 300 евра односно дека е забрането возење на други лица. И воа капак беше па што уште не испонаправија како можеше воа, да беше моторот за 1 ке имаше едно седиште а не две, незнам шо стануе со државава ама тежок филм им е.
Ne smee da s vozi uste eden so tebe na motor?Cisti gluposti kako moza be da donesa takov zakon bog da cuva
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Sase91 напиша:
А воа да си прашам. Денекса ме сопра полицаец и ме предупреди дека според новиот закон ако возам на моторот уште еден патник казната дека е 300 евра односно дека е забрането возење на други лица. И воа капак беше па што уште не испонаправија како можеше воа, да беше моторот за 1 ке имаше едно седиште а не две, незнам шо стануе со државава ама тежок филм им е.
Хммм, а што всушност вели законот....

Член 97
(1) Возачот на велосипед, на велосипед со мотор, на мотоцикл, на лесен трицикл, трицикл, лесен четирицикл и на четирицикл, може да превезува други лица само ако на возилото постојат посебни седишта, а возачот на мотоцикл – и во страничната приколка.
(2) Возач на велосипед со мотор, на мотоцикл, на лесен трицикл, трицикл, на лесен четирицикл и четирицикл, не смее со возилото да превезува лице кое е под дејство на алкохол.
(3) Деца до 14-годишна возраст, не смеат на велосипед да превезуваат други лица.
(4) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна постапка, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите 1 и 2 на овој член
(5) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна постапка, ќе му се изрече на родителот односно старателот на дете, кој постапува спротивно на одредбата од ставот 3 на овој член.

Член 98
(1) Лицата кои се превезуваат со велосипед со мотор, мотоцикл, лесен трицикл, трицикл, лесен четирицикл и четирицикл, задолжително носат заштитен шлем за време на возењето на патот.
(2) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка, ќе му се изрече на лицето кои постапува спротивно на одредбата од ставот 1 на овој член.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom