PetarK напиша:
Очигледно положувањето испити на Институтот по филозофија не ти ги зголемило можностите за артикулирана аргументација.
Артикулирам пријателе и читајќи те се воспевам и кулирам, поалеку од штекерот, подалеку од глупоста и лудоста за која славниот Erasmus од ротердам кишка премудра беше напишал, кишка, очебијно од тебе непрочитана, човеку од човек небиден, види ја мудроста и пред неа поклони се.
Или и ти читкај, немој какмо мрена или белвица в мрежа фатена да се прпелкаш и рипкаш.
Никој не спори за тргањата, кои кон едно се сведуваат, прилеп до вистината, прикон до вистината, која е една, вечна и за сите, а до која тежок пат полн премрежија се изодува и дузини и дузини чевли се сокинуваат, шиници и шиници се изјадуват, за да се достигне, постигне, узнае и осознае.
Муабетот, елем, ми беше за комунизмот, Тито и Ел Че, комунизмот, воспевот на човештијата, восклик на победата врз бештијата на самољубието и себетијата индивидуално жеднеење кон богатства трупање в систем доблесен каде што секој секому добрина не еднаш, ами дваш и триж му се враќа, поддава, одбива. КОн што човештвото стремнее, оди, чекори, полека, какобебенце кое се учи на говор, гука и крикнува во немоќ, паѓа и потстанува, за да се исправи.
Штекерот му е мајката, рече русата бештија на немоќникот што да дочита не умееше. Рече човекот, кој човек бараше дење, со свеќа в рака по беспаќата светски знаејќи дека нема да очека благодет на утрешија, земја почивка, на себедавање целосно.
Кој разбра, благодарам, кој не разбра, ќе разбере веројтано, акос е потруди, кој не сака, ни црниот ѓаол, натемаго едноногио, ни богот кој не постои нема да му помогне да разбере и сфати.
@ Concrete, декодиран сум пријателе, мојот збор е за секого, нескриен, тој е и твој, ваш, мој, а за сите ука.