Ох Боже идна колешке...што да кажам....
Ти мислеш ли дека ја од вчера користам интернет? И дека не знам што сум пишувал порано? И дека немаше да ми е полесно да направам нов јузер?
Дали ти колешке не си исфрустрирана или подценета на некој начин од мене? Извини ако се осети така, сакав само да ти помогнам, во медицината ако не знаеше сите си помагаме и немаме шефови, наредници, повеќе и помалку знајачи...си помагаме
Што мислеш ти ја не ли знаеше дека имам IP адреса? И не ли може којшто е администратор да види кај сум? Во кој град? Каде живеам? Од каде пишувам?
Колешке јас пораснав со компјутерот...
Од сабајле пристигнав на Станстед, и во Лондон сум. Не сакам да се нервирам за глупости зошто утре во 11.00 имам операција на тумор на мозокот што треба јас да ја направам...и размислував подолго време дали да одговорам, но член сум на други форуми каде што повремено помагам на пациентите, па си викам зошто да не продолжам да помагам и на овој форум, конечно нешто и со МК да бидам поврзан, и поради таа цел бидејќи сакам да продолжам да пишувам кога ќе има некоја невролошка тема, ќе одговорам...
Јас очекував после последниот пост да ме прашаш колега како да се запишам на докторатура кај вас?! Може ли да дојдам идното лето кај тебе на пракса штом ќе си доцент...да видам како се работи?! (за што се договорив веќе со еден иден колега, благодарение на форумот и секако мило ќе ми е колега :smir
.
- измени во законот за увоз на автомобили
А кај ја заборави темата кај што прашувам дали може да се увезе во Македонија
кола со десен волан (т.е. Англиска кола)?!
Да, Тоа ми беше целта да се зачленам на овој форум. Зошто сакам за татко ми да му земам кола бидејќи донесоа нов закон во МК за коли. И имаше две опции или јас да му земам или брат ми. Пошто британска кола ми беше малку поневозможно, ја отворив прво темата за Бугарска кола, за брат ми да му земе кој учи во Бугарија.
Некој има ли полагано за Б+Е и колку е цената
Тоа е за караван долг, и сака да си купи брат ми, но јас му кажав дека треба да полага за тоа, бидејќи го читав законот, и поради тоа прашав.
“Помош - приватна тужба за психички штети “
Ах за тоа... се работи за член од семејството што ми е болна тема. И што сакаш кажи ама нема ништо да кажам.
-
“И дали може да ме примат вонредно со договор за вработување од странство?”
Пак за брат ми, кој е студент во Бугарија на електроенергетика но многу сака да биде веб дизајнер, а има отворено таков факултет во штип кој трае 3 години. Па сакав да му дадам лекарско дека се повредил во Бугарија....за да може да се запише вонредно.
-
за Пренос на број од T-mobile на VIP
Тоа беше лично за мене. Бидејќи ВИП можам да надополнувам со кредитната картичка, а Т-мобајл не.
SPECTRUM NET SOFIA (мили мои)
Да. Имам дом и во Бугарија, и пак горд сум на тоа.
-
“Па ти да идеш да ја видеш болницата каква е во штип.”
Да идеш да ја видеш на штипски кажано, а?
Да, јас сум од Штип и горд сум на тоа. Штом тоа не е хендикеп за Жан, за Груевски, за Глигоров, за Кљусев, за Љупчо - не гледам зошто би било хендикеп за мене.
-
“Да, учев во Бугарија, имам пријатели, одам секоја година, и горд сум на тоа. Лиценциран сум да работам медицина во Бугарија, во Германија во Британија и во Ирска.
Токму така.
-
Ама Британија не е поблиску од Германија.
Не сум во Гер. блиску сум кај вас
Да бев на одмор на Golden Sands
-
И над 12 години не е во земјава, а се знае како функционира иако си заминал како детенце од 14 год
Да, бидејќи имам родители и брат во Македонија, и одам да ги посетувам.
--- надополнето ---
Овде сретнав 2-3 луѓе со кои разменив многу работи и интересен муабет...и еден идни колега ќе ми дојде во Англија на пракса за што сум горд
Но за жал сретнав и 200-300 луѓе кои се осетија засегнати од мене, и зборејќи ми дека му љубоморам на Жан...за жал истото го осеќам од нив према мене.