- Член од
- 13 септември 2007
- Мислења
- 5.785
- Поени од реакции
- 4.030
ОМГ, океј, сфативме, со го фатил Господ за муда.Медицината дефинитивно е најтешката гранка од науките. Бидејќи овде немаш време да земеш книга и да се присетиш. А образованието си го кажува своето (6 години факултет + 5 до 7 години специализација). За разлика од 3 години факултет по информатика, економија, право, биохемија, биологија, физика и се друго. Па спореди.
Како за споредба мојата спец. е 7 години додека да станам специалист. Само спореди каде се 3-4 год. образование, каде се 13 години....ништо повеќе
Не е секој за да биде доктор, ти најдобро тоа треба да го знаеш.
И не праша што мислиме за Жан Митрев, тука во Македонија, и сите што реплицираа на темава ти кажаа дека го ценат и почитуваат како доктор и дека добро си ја завршува работата тука.
Не знам зашо дикусијата забегува во рамки на каков компјутер имаш, дали си со жена ти и дали сакаш прошетки по плажа или не.
Не знам зашто се обидуваш да ни докажуваш ствари кои не не интересираат и не ни значат.
Секој доктор прави грешки, секој се труди најдобро во својата професија (без разлика која е).
И не знам каде си, ниту ме занима, ама тука во Македонија не ринеме со лопати кардиохирурзи, така што оние кои ги имаме ги цениме и почитуваме (иако сакаме никогаш да немаме работа со нив) и не им бараме влакно у јајце.