Што мислите за Жан Митрев?

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Медицината дефинитивно е најтешката гранка од науките. Бидејќи овде немаш време да земеш книга и да се присетиш. А образованието си го кажува своето (6 години факултет + 5 до 7 години специализација). За разлика од 3 години факултет по информатика, економија, право, биохемија, биологија, физика и се друго. Па спореди.

Како за споредба мојата спец. е 7 години додека да станам специалист. Само спореди каде се 3-4 год. образование, каде се 13 години....ништо повеќе
ОМГ, океј, сфативме, со го фатил Господ за муда.
Не е секој за да биде доктор, ти најдобро тоа треба да го знаеш.
И не праша што мислиме за Жан Митрев, тука во Македонија, и сите што реплицираа на темава ти кажаа дека го ценат и почитуваат како доктор и дека добро си ја завршува работата тука.
Не знам зашо дикусијата забегува во рамки на каков компјутер имаш, дали си со жена ти и дали сакаш прошетки по плажа или не.
Не знам зашто се обидуваш да ни докажуваш ствари кои не не интересираат и не ни значат.
Секој доктор прави грешки, секој се труди најдобро во својата професија (без разлика која е).
И не знам каде си, ниту ме занима, ама тука во Македонија не ринеме со лопати кардиохирурзи, така што оние кои ги имаме ги цениме и почитуваме (иако сакаме никогаш да немаме работа со нив) и не им бараме влакно у јајце.
 

Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Кај вас се 4 години, ама кај мене се 3 години.
Медицината сегде во светот (и во Македонија) е точно 6 години + 1 година задолжителна пракса за лиценца = значи 7 години!
И со тие 7 години според новиот закон не можеш да бидеш ниту општ лекар (можеш само лекар под супервизија) - значи најмалку ти требат 3 год. специализација за општа медицина, 4 години за интерно, и над 5 години за хирургија. - така е кај мене, а и во Македонија е слично веќе.
= Значи најмалку 10 години, додека да си самостоен специалист (за спец. по општа медицина), или најмалку 14 години доколку сакаш да си хирург, од почнувањето на факултетот.

Каква молекуларна биологија ми зборуваш ти? Знаеш ли јас дека имам 1 год. учено во факултет молекуларна биологија, + 1 год. биохемија + милион базични предклинички дисциплини, тоа за што биохемичарите учат 3 години.

За ова не се спори, треба сам да видиш што работи еден доктор, колку и како учи, и ќе ти биде јасно да направиш споредба помеѓу научникот со квантна физика, молек. биолог (што работи во лабораторија и прави анализи на генетика и слично), и лекарот што денес ќе помине 15 пациенти (како прв лекар) и уште 5 како втор.

Не потценувам, никој, едноставно изнесов факти погоре, зошто на обичниот смртник, често пати не му е познато образованието и животот на лекарите.
 

Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Оф леле... Бихоемија, биологија и физика кај нас се 4 години докторе I-know-everything. Факултетот медицина е 5 години (имам другар на медицина така да не ме убедувај)... А ко ќе видиме... Архитектура е 5 години исто така (бар беше по старата програма)...
Не знам дали ти знаеш колку е тешка биологија - физиологија на виши растенија... Некои 100 пати потешко од медицината.
Не знам дали воопшто си слушнал за тежината на молекуларна билогија... Или пак за комплицираноста на квантна физика...
Медицина е нула во споредба со овие.
Значи не викам дека медицината е лесна. Ама има многу потешки од неа.
И реков, не потценувај туѓа професија. Грдо е и ниско е. А како специјалист доктор не ти доликува.

Жал ми е што си потрошил 7 години на специјализација само за да плукаш по колегите. Фати си ја работата и работи.
Ако не ти одговара работата на Митрев направи ја подобра. А ако за да не направиш подобро причината ти е различната специјализација, тогаш од кај по ѓаволите знаеш колку Митрев работи стручно, кога како специјалист неурохирург од областа на кардио - васкуларната хирургија ти немаш ни основно познавање.
ФАКУЛТЕТОТ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА Е 6 ГОДИНИ ИЛИ 12 СЕМЕСТРИ ОТВОРИ ЈА WEB СТРАНАТА ПА ПРОЧИТАЈ
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Докторе некако одморов цел на Кајгана и на Жан Митрев го потроши, 24/7 дежурен си. Сам против сите цело слободно време му го посвети нему иако се трудиш да го оцрниш.
 
Член од
10 август 2010
Мислења
66
Поени од реакции
33
Читајќи по темава..полека лека ...се ми се враќаат ...некои подзаборавени работи..а кои ги имам чуено и видено..едната вест е...на една контактна емисија со Академикот Митрев..чија титула е (овде) спорна ..за нашите колеги..не доктори ами само како форумџии..според нивните погоре кажани зборови..односно истотакви „зависници„ од ИТ технологијата...
И кажано е ова...ќе се обидам да ја пренесам суштината на кажаното..а не и формата...нели?
Акедемикот...значи „непризнат„ од нашите овдешни пријатели....докторот Жан Митрев..кажа..карикирам :

- Имав еден млад колега ...кој иако беше надарен и ..сепак ..си имаше (најверојатно) природни ограничувања за да биде добар кардиохирург..и му реков..колега..ти ќе бидеш добар лекар..НО..никако и добар (читај познат) кардиохирург...
И вели..ми се налути...кажа др. Жан...а јас само го кажав она што и го мислев за него..секако најискрено..знаеејќи ја стазата по која дотогаш несопирливо чекорев..за да бидам она што денес сум ...и ми завидуваат многумина на тоа..ама тоа е МОЈ ЛИЧЕН успех.
Затоа ..менувај си ја насоката..не е кардиохирургијата ...за тебе!!!
- А вториот случај бил..кажува еден мој познаник..чиј член од поблиската фамилија „лежел„ на Клиниката (ја викале и македонски Шварцвалд) Филип ВТОРИ...и со свои очи го видел...и вели:
Секој доктор и било кој друг од персоналот кој работеше таму..беше облечен во иста облека (униформа на клиниката) ..така да пациентите кои беа таму...и всушност не занеле кој е во тој миг присутен..и ги послужува..например за помош при секидневните човечки потреби ...
И на секоја посета во салата.. секој од нив МОРАЛ задолжително да ги менува нараквиците со НОВИ..инаку веднаш го чекал ОТКАЗ ако само и со најмал гест ги изменел ПРАВИЛАТА..а кои ги наметнал докторот Митрев..невидено чудо кај нас ..досега??
И други работи ми изнакажа пријателчево..ама за тоа во некоја прилика..секако ако има потреба од тоа...
:tapp:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
А ти беше божество штом ние сме обични смртници. Јас немам ниту лекар во фамилија, немам ниту биохемичар во фамилија.
Сите ние сме од семејства со луѓе кои немаат ни основно завршено:tapp:

Ќе ти препорачам да појдеш кај некој колега твој (исто така што има 70 години студирано) за да те провери малку. Нешто комплексиве душата ти ја јадат...

Нека си бидат 3 таму кај тебе. И дрви го таму за лекари не овде.
Ко ќе се вратиш во Македонија и ко ќе направиш нешто за ОВОЈ НАРОД ОВДЕ тогаш плукај го Митрев.
Вака, помагаш на странци кои одвај те плаќаат за јахта да си купиш еj:tapp:
Дрви го таму за кардиохирурзи и за степените на образование.

Еееееј, доктор со ваква ароганција... Од таквите ко вас пропаѓа здравството. Фрустрирани сте поради успехот на другите и се истурате на пациентите. Сигурно имаш тон пациенти кои ти ја трпат нервозата собрана поради успехот на другите колеги.

--- надополнето ---

ФАКУЛТЕТОТ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА Е 6 ГОДИНИ ИЛИ 12 СЕМЕСТРИ ОТВОРИ ЈА WEB СТРАНАТА ПА ПРОЧИТАЈ
И? Мене ова треба да ме засекира нешто посебно???
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Не потценувам, никој, едноставно изнесов факти погоре, зошто на обичниот смртник, често пати не му е познато образованието и животот на лекарите.
Say what?
Не се преценувај па и ти толку.
Не си супериорен во однос на нас, особено не на форумов.
Ве почитуваат сите баш поради тоа што се убивате од учење, ама те молам не ми мафтај со тоа пред нос зашто сам си одлучил да учиш толку години.
 

Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
А ти беше божество штом ние сме обични смртници. Јас немам ниту лекар во фамилија, немам ниту биохемичар во фамилија.
Сите ние сме од семејства со луѓе кои немаат ни основно завршено:tapp:

Ќе ти препорачам да појдеш кај некој колега твој (исто така што има 70 години студирано) за да те провери малку. Нешто комплексиве душата ти ја јадат...

Нека си бидат 3 таму кај тебе. И дрви го таму за лекари не овде.
Ко ќе се вратиш во Македонија и ко ќе направиш нешто за ОВОЈ НАРОД ОВДЕ тогаш плукај го Митрев.
Вака, помагаш на странци кои одвај те плаќаат за јахта да си купиш еj:tapp:
Дрви го таму за кардиохирурзи и за степените на образование.

Еееееј, доктор со ваква ароганција... Од таквите ко вас пропаѓа здравството. Фрустрирани сте поради успехот на другите и се истурате на пациентите. Сигурно имаш тон пациенти кои ти ја трпат нервозата собрана поради успехот на другите колеги.

--- надополнето ---


И? Мене ова треба да ме засекира нешто посебно???
па треба зашто упорно тврдиш дека е 5 и дека имаш другар таму, кој веројатно е на стоматологија
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
па треба зашто упорно тврдиш дека е 5 и дека имаш другар таму, кој веројатно е на стоматологија
Нц, воопшто нема да се засекирам.

Сума сумарум на темава. Непознат и Oberatz го мразат Митрев пошо ги заебал на некој начин, лично и приватно.
Ние дуругите сме смртници кои слепо веруваме во тоа што ни е прикажано и никогаш не сме имале искуство со Филип II било тоа директно или индиректно.

Заклучок: Гнасете се од се што е македонско и успешно. Само на тој начин ќе ги натераме докторите наши кои работат во странство да напредуваат.
 

Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Па, најефтината јахта е 300.000 евра, како јас во моите средни дваесетти би купил?! :toe:

Здравството кај мене цвета а кај Жан пропаѓа, зошто не може да се биде мануелец без да се согледуваат нови методи на работа (а нема како да согледуваат, бидејќи Жан нема 2 дена ука од научна работа, нема 1 професор кај него со научно искуство) - така пропаѓа едно здравство

Фрустриран сум? Јас во моите средни дваесетти имам научна работа и поради тоа стекнато доктор на филозофија, а жан на неговите 50-сти години се жали по телевизиите дека го опструирале на медицинскиот факултет во скопје за да ја одбрани докторатурата хах.... кај му беше германијата каде што го помина дел од животот

НО најмалку сакам да се споредувам, особено со ЖАН но вие ме терате!!
Исфрустриран си?
Каде е жената?
Зошто си на компјутерот?
Зошто немаш јахта?
Странците не те плаќаат

не можам да разберам. и веќе темата за жан ако не се лажам е исцрпена и на долу и на горе
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Во средните дваесети си доктор на филозофија? Односно ти имаш статус PhD????

Кажи ми како е тоа можно кога во Германија кај вас потребни се 3 до 5 години за да се стане PhD после завршување на факултет кој трае 6 години.
Бидејќи рече најмалку 14 години ако сакаш да си хирург, што не верувам дека ти баш за 14 си завршил... Тоа те прави најмалку 32 годишен човек...

Како сега средни дваесети во приказнава?
 

any

Член од
23 мај 2009
Мислења
22
Поени од реакции
10
Уф јас се извинувам,јас не знам што е тоа на сликата зошто живеам во камено доба :kesa:
Иди исунчај се малку...шетни некаде...да те фати малку воздух...Feel the air:pipi:
Леле влажно било...кутриот се плаши да не го фати сончаница.Вие докторе многу се грижете за вашето здравје.Секоја чест за вас.
И во еден пост твој кај што те прашуваше leandra во нејзиниот последен коментар на темава ти и спомна:Лето,одмор море...знаеш од Септември пак на работа.
Е да знаеш кај Митрев нема одмор,сончање лето.Кај него постојано има работа и затоа дошол до ова ниво.


Прегледај го приврзокот 33779
:cuc:

Фала,ништо не ми треба друго.Поздрав и пријатно сончање.
1. Д-р на наука не е еднакво со доктор на филозофија. Жал ми е доколку не знаеш, апдејтирај се (Шо вика Жан). Јас сум доктор на филозофија, но на науки не сум.
Тоа што во Македонија не се може да се стане ни на филозофија ни на науки, е друго прашање. Штитеничкото на старите доктори низ катедрите, кое што е друга тема.
Јас овде за 3 години паралелно учење со спец. станав доктор на филозофија.

2. Постојат многу, можеби не од оние што не знаат што е интернет.

3. Браво за штипскиот дијалект, дијалектолошке :kesa:

--- надополнето ---



Точно тоа и му го кажувам (шит хапенс), зошто за мене медицината е и треба да виде транспарентна, како што е за мене така и за пациентот.

Медицината дефинитивно е најтешката гранка од науките. Бидејќи овде немаш време да земеш книга и да се присетиш. А образованието си го кажува своето (6 години факултет + 5 до 7 години специализација). За разлика од 3 години факултет по информатика, економија, право, биохемија, биологија, физика и се друго. Па спореди.

Како за споредба мојата спец. е 7 години додека да станам специалист. Само спореди каде се 3-4 год. образование, каде се 13 години....ништо повеќе

Не сум во Гер. блиску сум кај вас :toe: и јас се релаксирам нешто кога правам. како да се релаксирам според тебе? да лежам ли?


Повредено Ви е егото Nepoznat од тука до
Frankfurt am Main! Седите на нет цел ден и фолирате дека сте на одмор во Грчка а уствари пишете на гуглето Жан МИтерв и барате се шо е поврзано со неговото име ...онака љубомормо читате!
Само не знам како е тоа можно да сте толку против Митрев кога ниту сте во иста област ниту сте во иста земја(има нешто друго) а и зар не гледате дека целиов форум се запна против вас.
А за апдејтирана ..апдејтирана сум и живо заинтересирана за тоа бидејќи при крај сум со медицинава па сакам да станам Ph.D.:))
Ќе ви кажам во Скопјево како се организирани работите

Медицински факултет - општа медицина = доктор на медицина MD
Завршена специјализација во некоја област = специјалист во истата
Субспецијализација = субспецијалист во истата
Постдипломски студии = магистер Mr
Докторат = доктор на науки (Ph.D. = Philosophy doctor)​


  1. Doctor of Philosophy,највисока академска диплома со која може да се биде универзитетски професор која се добива по истражувачка работа докторат!
И не се обидувајте залудно да го трулите народов против Жан, релакс и помири се дека има болји од тебе.
Судбина!
Гледај си таму "морето"



 

Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Јас не учев факултет во Германија, а и не работам и не живеам во Германија.

6 год. фак на 23 години - 24. (MD, MSc)

3 год. докторатура 26-27 години? (PhD)

Магистратура и доктор на медицина заедно со факултетот 23 години (MD, MSc)

Специализант заедно со докторатура?! (FRCS) имам уште време за да завршам, но веќе правам операции како прв хирург, поради потребата од такви. И сум член на FRCS поради положените испити од општа хирургија, но за неврохирургија се разбира ги немам положено уште.

by the way со 6 год. факултет јас имав лиценца. Така е таму кај што учев. Не ми требаа 7.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Јас не учев факултет во Германија, а и не работам и не живеам во Германија.

6 год. фак на 23 години - 24. (MD, MSc)

3 год. докторатура 26-27 години? (PhD)

Магистратура и доктор на медицина заедно со факултетот 23 години (MD, MSc)

Специализант заедно со докторатура?! (FRCS) имам уште време за да завршам, но веќе правам операции како прв хирург, поради потребата од такви

by the way со 6 год. факултет јас имав лиценца. Така е таму кај што учев. Не ми требаа 7.
Жалното е што ниту ти не си доволно квалификуван уште а збориш против Митрев.
 

Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Доволно сум квалифициран за тоа што го правам. Уште не сум консултант неврохирург, но сум хирург на нервниот систем....тоа го работам

Човек не треба да е доволно квалификуван за тоа што го правиме во моментот. И јас не ги оценувам неговите операции.
Туку прашувам во формот што мислат во македонија за него, како и подоцна го истакнувам срекнувањето на титулата академик. И давам свое мислење за него. Ништо повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom