Што кога сакаш и знаеш дека не те сакаат?

a n g e l c e

^ Poison Girl ^
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.202
Поени од реакции
5
не сум била во таква ситуација до сега.па шо правам па го оставам на човекот да си го живее животот неможам на сила да го натерам да ме засака
животот оди понатаму
 

Ani4ka

PhAt Baby
Член од
27 мај 2007
Мислења
120
Поени од реакции
0
Што кога сакаш и знаеш дека не те сакаат?
>>>Pa nisto si prodolzuvas ponatamu:)
 
С

Сатори

Гостин
Во тој случај заклучувам дека не ни било судено...има други дечки не е само тој. :tv:
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
кога сакам,сакам!ако љубовта не ми е возвратена,што можам,јас сум таков и продолжувам да сакам!
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Зар вреди да губиш време со некој на кој не му значиш ништо?
Не вреди според мене,ако сакам некого искрено го кажувам тоа но доколку осетам дека тоа не ми е возвратено ставам крај а дали ќе биде тешко и ќе има моменти на депресија секако дека ќе има,но се поминува и подобро е да си бидеш на чисто отколку да живееш во заблуди дека некој ќе те засака и да губиш време на тоа,после дожд иде сонце секогаш
 

BlAcK_MamBa

:: Living by my own rules ::
Член од
25 март 2007
Мислења
431
Поени од реакции
5
Тогаш и ти нема да сакаш....
невозвратената љубов е болна.
и на крај разумот ќе го победи срцето.


ама, која љубов бе аман?!?!? постои??? ај нека докаже некој!
 

^Cutie^

*Charming Princess*
Член од
22 март 2007
Мислења
869
Поени од реакции
1
Кажи како сакаш да ти докажам!!!!Ако сеуште не си осетил љубов, сигурно е дека нема да веруваш дека постои!!

Инаку да кажам дека сум била во таква ситуација, да сакам а да знам дека не ме сака..Тоа ми беше многу болен период, меѓутоа сфатив дека така ако продолжам да се уништувам нема ништо да постигнам..Затоа го заборавив детето, и кога му свртев грб почна да ми се пушта и да ме замара.....Меѓутоа неговото време поминало, не почнувам јас пак од 0..Затоа им препорачувам на сите на кои не им е возвратена љубовта да го/ја забораваат дечкото/девојката и да си го живеат животот!!!!!Бидејќи покасно, ќе им биде мака за пропуштените години, или месеци по него/неа...
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Е па зависи.

Ако сте од тие личносто што и баш не им е гајле и сакате само колку да се каже-тогаш си немате гајле за ден два ќе си заборавите.
Но ако сте од другите итно барајте активност некоја-нека те змараат пријателите по цел ден, земи да читаш некоја смешна книга, дери се по луѓе надвор било што за да ти се тргне паметот од таа личност.

Но ова е само теорија, во пракса ова е невозможно.
 

PoisonGrl

~Malo crveno~
Член од
8 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
2
Ќе си кажам што имам, да не речам што чувствувам. Ќе добијам негативно за повратен одговор. Три-четири дена во депресија (некогаш и недела) и после пробувам да ги пресечам сите контакти со личноста и да не се видиме веќе. Ако тоа е невозможно....тогаш е доста потешко....
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Си викам јебига. Тоа е. Пробувам да не се замарам, ама џабе. Си тупам главата, и мислам шо да правам. На крај заклучувам дека сум се заебал. Повеќе пати.
 

CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Па и не е баш лесно да се откажеш...барем не според мене:toe:.
Не се откажувам така лесно од работите што ги сакам. Така да сигурно би пробала нешто да направам али полека не ептен да напињам и да молам. Неможам да седам со скрстени раце и ништо да не превзимам ако се работи за мојата среќа. Ако успее супер, ако не пак супер барем знам дека сум пробала и сум превземала нешто во врска со тоа.Ќе ми биде сигурно тешко и криво првите неколку дена ако не успее али па сега не вреди цел живот ја да мачам и да си ја лупам главата во нешто безвредно и безнадежно. Едноставно ќе ставам точка и ќе продолжам понатака со животот, времето лечи се така да сигурна сум дека и тоа би го излечило.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Па и не е баш лесно да се откажеш...барем не според мене:toe:.
Не се откажувам така лесно од работите што ги сакам. Така да сигурно би пробала нешто да направам али полека не ептен да напињам и да молам. Неможам да седам со скрстени раце и ништо да не превзимам ако се работи за мојата среќа. Ако успее супер, ако не пак супер барем знам дека сум пробала и сум превземала нешто во врска со тоа.
Браво! Мојот проблем е што не сум се нашла во таква ситуација затоа што никогаш и не сум ризикувала да се најдам! А би ми било многу подраго да ме ,,откачат,, отколку да бидам кукавицата која не превзела ништо. Ама јбг тоа е животот!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сум била во повеќе такви ситуации,но највпечатлива ми беше последната ситуација.Доста комплицирана и долга приказна,ама поентата е дека не се откажав,продолжив да го сакам.Плачев,бев у депресии,ама сепак го сакам(в).Ако (кажува дека) не е заинтересиран,не е,ок,нема проблем,неможам со сила да терам некој да биде со мене,а уште помалку да го молам(дури и да е последен на планетава Земја),но ако осеќам нешто,ако гледам и трошка надеж,цврсто се држам за таа ронка и не го заборавам така лесно,особено ако многу сум била заљубена.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Зар вреди да губиш време со некој на кој не му значиш ништо?
Не вреди според мене,ако сакам некого искрено го кажувам тоа но доколку осетам дека тоа не ми е возвратено ставам крај а дали ќе биде тешко и ќе има моменти на депресија секако дека ќе има,но се поминува и подобро е да си бидеш на чисто отколку да живееш во заблуди дека некој ќе те засака и да губиш време на тоа,после дожд иде сонце секогаш
Многу јасно, треба да се помириш со тоа и да гледаш да ги нема тие моменти на депресија, туку журкаа:vozbud::vozbud:
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Ќе ми биди криво нормално.
Па особено ко шо сум јас емотивна.

Тешка ситуација е и да си во врска и да не си. Во врска да си,се влечкаш со некој што го сакаш,а знаеш дека секој бакнеж е лажен...не оди. А да не си во врска,да патиш по некој,кој сам не знае што сака,или пак знае,ама тебе не ти дозволува да дознаеш..и тоа не оди.

Сите имаме некој различен филм во нашите глави. Штета што тој филм ретко завршува со заеднички крај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom