Што кога не сте прифатени од страна на родителите на партнерот?

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Чекај малце... Anco велиш дека имаш имот, не си финансиски лош, и дека ти им носиш јадење а и како што прочитав можеби грешно сватив ти им даде кола...

Добро што чекаш ? Не ми си јасен бе човече...
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803

Луѓе немојте да давате вакви изјави, ова е тежок чекор. Треба многу подршка и знаење, како и што точно да се направи. Анчо не е единствениот во нашава држава со ваков проблем. Охрабрувајте ги ваквите луѓе да си го решат проблемот, не осудувајте, зашто, како, што чекаат до сега. Сепак конечниот избор е на тој што директно е засегнат од проблемот. Со сила убавина не бидува.
Ваквите случаи треба да се упатат на вистинско место, кај вистински луѓе кои знаат како да постапат во вакви ситуации. Секое осудување и солење памет, само обесхрабрува повеќе, прави да го одвратат од решението. Давајте подршка, не осудувајте.
Наместо да кажете, што чекаш, кажете ајде ти тоа можеш да го направиш...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Да Пумо и јас тоа го викам. Ама кај нас системот ретко на кој му помага. не знам кој треба да си и чиј да си за да ти помогне, или едноставно да имаш пари па да потплатиш некој за таа помош.
јас имам запознаено многу вакви случаи, дури и со модрици ми доаѓале на работа. и многу е тешко да се одлучиш да пријавиш такво нешто.
ти еве ќе бидиш еден ден психолог, ќе имаш моќ и знаење на ваквите малтретирани личности да им помагаш да соберат храброст за да донесат вистинска одлука.
не го употребувај терминот оштетена личност, не е коректен и навредлив е. подобро кажи жртва на насилство...
Види, не е секој случај случај на насилство.
Да го расчистиме тоа.

Замисли ситуација - свекрвава не и дава на снаата да пере алишта во нејзината машина, да чува храна во нејзиниот фрижидер, не и дава да користи струја итн.
Значи, ова не можеме да го карактеризираме како психичко или физичко насилство.
Од причина што снаата е таа која не е дома. Колку и ние да сме свесни дека таа фактички е дома, документите поинаку зборуваат.

Ако јас, полнолетна, дозволам мајка ми да се изживува психички врз мене, е мој проблем, можам било кога да го напуштам нејзинот имот.

Затоа за овие случаеви не можам да користам термин ,,жртва,,. Не си жртва ако сам себе се донесеш во таква ситуација.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Види, не е секој случај случај на насилство.
Да го расчистиме тоа.

Замисли ситуација - свекрвава не и дава на снаата да пере алишта во нејзината машина, да чува храна во нејзиниот фрижидер, не и дава да користи струја итн.
Значи, ова не можеме да го карактеризираме како психичко или физичко насилство.
Од причина што снаата е таа која не е дома. Колку и ние да сме свесни дека таа фактички е дома, документите поинаку зборуваат.

Ако јас, полнолетна, дозволам мајка ми да се изживува психички врз мене, е мој проблем, можам било кога да го напуштам нејзинот имот.

Затоа за овие случаеви не можам да користам термин ,,жртва,,. Не си жртва ако сам себе се донесеш во таква ситуација.
А за тебе ова не е психичко насилство? Пумо немој вака, ако некои работи не ги знаеш, не ги тврди.
Разгледај си го ова и ќе ти стане јасно што е психичко насилство.
Не е секогаш до тебе, некогаш самата ситуација те прави жртва, без да сакаш.
 
Attachments

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
А за тебе ова не е психичко насилство? Пумо немој вака, ако некои работи не ги знаеш, не ги тврди.
Разгледај си го ова и ќе ти стане јасно што е психичко насилство.
Не е секогаш до тебе, некогаш самата ситуација те прави жртва, без да сакаш.
За мене е психичко насилство.
Само што со самото останување таму, по своја желба, јас практично се согласувам со тоа насилство.
Не може некој да ми дојде дома и да живее онака како што тој/таа сака.

Свекрвата и снаата не се во брак.

Може таа да биде жртва на нејзиниот сопруг, но не и на нејзината свекрва.

Не е поентата што јас знам од книга или што сум видела.
Реалноста е дека сопругот во горенаведениот пример и неговата сопруга, се тупнале на некој дома да му живеат. Никој не е должен на нив да им пружа услови за живот.

Значи строго се држам до мојот пример, не онаму каде што има закани, уцени, и останати работи кои се наменети за да повредат некого.

Ако јас на мојот имот не сакам да делам ништо со никого, нема закон што може да ме натера.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Најдобро да се оделите од родителите да се гледате еднаш у три месеци, тогаш сите ќе се однесуваат пристојно.
Пристојно?
Во мојов случај има да плачат по мене :) Само да се стабилизирам со пари
PurplePuma
не само што е насилство туку на таквите не можеш да им докажеш дека нешто направиле, будала ќе те направат во очи, крајот не им се наоѓа.
Ајде моите, една комшивка што имам свекрва е, синот и снаата се отепуваат од работа таа раздава се што ќе купат како црвен крст. Со слаби финансии ќе преќутиме се и сешто ама ќе биде подобро.
Туку јас луѓе станав за да работам демек ....
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
За мене е психичко насилство.
Само што со самото останување таму, по своја желба, јас практично се согласувам со тоа насилство.
Не може некој да ми дојде дома и да живее онака како што тој/таа сака.

Свекрвата и снаата не се во брак.

Може таа да биде жртва на нејзиниот сопруг, но не и на нејзината свекрва.

Не е поентата што јас знам од книга или што сум видела.
Реалноста е дека сопругот во горенаведениот пример и неговата сопруга, се тупнале на некој дома да му живеат. Никој не е должен на нив да им пружа услови за живот.

Значи строго се држам до мојот пример, не онаму каде што има закани, уцени, и останати работи кои се наменети за да повредат некого.

Ако јас на мојот имот не сакам да делам ништо со никого, нема закон што може да ме натера.
Пумице и ти си контрадикторна сега сама на себе. Еднаш викаш не е насилство, друг пат викаш насилство е.

Може да бидеш жртва и на комшиите, не само на домашните.
А кога веќе си влегол во брак со некој, кај нас се знае, најчесто со свекор и свекрва одиш да живееш. Тоа станува твој дом, од кога ќе влезеш да живееш во таа куќа. Без разлика на чие име се води. И сите треба да бидат рамноправни, и во права и во обврски. Никој на никого не му се тупнал и не му отишол да му живее во туѓа куќа. По овој твојот муабет, значи голем дел од нас сме му се тупнале на некој, само за да имаме покрив над глава. :pos:Оти нема секој имот на свое име денес.
Кога некој твој близок би имал ваков проблем, не знам дали би размислувала вака.
А бе ти ко што не сакаш деца, не ќе ни имаш со кој да го делиш својот имот. Не се навредувај сега, јас само констатирам факти кои се веќе кажани од тебе.
 
Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Луѓе немојте да давате вакви изјави, ова е тежок чекор. Треба многу подршка и знаење, како и што точно да се направи. Анчо не е единствениот во нашава држава со ваков проблем. Охрабрувајте ги ваквите луѓе да си го решат проблемот, не осудувајте, зашто, како, што чекаат до сега. Сепак конечниот избор е на тој што директно е засегнат од проблемот. Со сила убавина не бидува.
Ваквите случаи треба да се упатат на вистинско место, кај вистински луѓе кои знаат како да постапат во вакви ситуации. Секое осудување и солење памет, само обесхрабрува повеќе, прави да го одвратат од решението. Давајте подршка, не осудувајте.
Наместо да кажете, што чекаш, кажете ајде ти тоа можеш да го направиш...
Се надевам дека анчо ме сваќа... Јас најмногу сакам да се среди ситуацијата на анчо .. Со сумбилинална порака му давам до знаење на анчо „ Ајде ти тоа можеш, направи го најдоброто за твојата ќерка „ Нити малце јас не го осудувам, туку го охрабрувам да не чека да превземи во свои раце ситуација..
Тоа дека е ова тежок чекор да тука си во потполно право, но како рекле патото до 100 милји започнува со еден чекор.
Мене ме иритира тоа што има услови, способен е за работа, ќерката негова исто така заработува за живот и добро со сложуваат со него. Кога е така која е пречката неможам да разберам ?
Која подржка треба он да ја добие ? Кое знаење треба он да го има ?
Едноставно треба да влезе како маж, како татко, ( не сакам да вреѓам Anco извини ако те боде ова ) да се испраи и да покаже заби.
Ќерката веќе е преоптеретена и испран и е мозокот до тука бива од такви, ајде ке ги наречам животни ( иако е ова преблаго за нив ). Но што праиме со децата нивни ??
Што се очекува од деца кои се сведоци и растеле во куќа каде се правело ваква ПРЕ ПРЕ ПРЕ брутална тортура врз жена !!! Дали они е ќе израснат во нормални и стабилни личности ? Не, одговорот е краток и јасен !
Затоа јас упорно и директно поентирам на тоа „ Човече време е 12 години поминаа од како твојата родена ќерка нема бел ден видено, не ни знае која е нити најмалата радост на животот. Стани и направи нешто “ Не овдека за нас форумџиите туку за неа !
 
L

Luki Junior

Гостин
Нема врска бе Луки, мајка ми тие што ги ареса, јас бегам од нив....викам, земи го ти ако толку ти се свиѓа:LOL:
Бог да чува ако родителите треба да ми одредуваат со кој ќе бидам.

Тргнуваш од лична перспектива. Овија нешта си имат исклучоци, ама у најголем дел случаи ако бабата го ареса зето, работата е завршена.

Ќе ти кажам и зашо. На пример, женските как шо опишува Суссаро са доста прагматични и пресметливи коа иде прашање за женачка. Едноставно, ништо не се остава на случајо и целата работа се гледа како една инвестиција. Ако бабата не го ареса зето, на сите можни прикриени начини ќе се замеша за да ја расипе работата. Ќе ја вика невестата дома коа са заедно под секакви изговори, ќе и досадува на телефон, ќе дава некакви обврски на момата, ќе ја занимава со глупости, ќе и кажува какви ли не работи само и само да се замате состојбата. Жените са махери за правејне психолошки притисок за работи сврзани со брак. Машките има оште ного да учат на тава поле, за да ги настигнат жените. Тава е домашен терен за них, со векове са правиле такви плетканици.

Истото е и бабата ако го ареса зеткото. На сите можни начини ќе ја натера ќерката да го зграпче и да не го пушта. И ако са заедно повечко време, бабата ќе си зададе за право и да флезе у пријателски односи со зетчето... Само и само да биде работа.

И да, ного од момите ќе ми кажете оти не е така, иако на сите до една мајките ви са флезени длабоко у потсвеста. :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Пумице и ти си контрадикторна сега сама на себе. Еднаш викаш не е насилство, друг пат викаш насилство е.

Може да бидеш жртва и на комшиите, не само на домашните.
А кога веќе си влегол во брак со некој, кај нас се знае, најчесто со свекор и свекрва одиш да живееш. Тоа станува твој дом, од кога ќе влезеш да живееш во таа куќа. Без разлика на чие име се води. И сите треба да бидат рамноправни, и во права и во обврски. Никој на никого не му се тупнал и не му отишол да му живее во туѓа куќа. По овој твојот муабет, значи голем дел од нас сме му се тупнале на некој, само за да имаме покрив над глава. :pos:Оти нема секој имот на свое име денес.
Кога некој твој близок би имал ваков проблем, не знам дали би размислувала вака.
А бе ти ко што не сакаш деца, не ќе ни имаш со кој да го делиш својот имот. Не се навредувај сега, јас само констатирам факти кои се веќе кажани од тебе.
Јас мислам дека напоменав, ние сме свесни дека е насилство, но е најлесно нели да се спасиш од насилство од свекори и свекрви. Оди си. Кој те тера таму да живееш? Ако дојдам јас кај тебе дома, и не ми одговараш, а и понатаму останувам, кој е крив? Јас или ти?

Остај што треба, а што не треба. На мој имот јас одлучувам. Не зборуваме за морал, зборуваме за нешто со што ќе го теретиме кривично сторителот. Недавање на струја и машина за перење, е морално, а не законско прашање.

Јас се обидувам да бидам објективна, а не субјективно да ги доживувам нештата. Некаде во втора година студии, почнав да отрпнувам на се и сешто. Ако секој свој пациент го гледам како брат, сестра, никогаш нема да успеам да му помогнам.

И на крајот, со ад хоминем, посебно со извртени муабети, не можеме да дискутираме.
Тоа што во моментов не сакам да имам деца, не значи дека никогаш нема да сакам и никогаш нема да имам.
Или ќе дискутираме на ниво, или подобро ич да не дискутираме.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
На пример, женските как шо опишува Суссаро са доста прагматични и пресметливи коа иде прашање за женачка. Едноставно, ништо не се остава на случајо и целата работа се гледа како една инвестиција.

Ако бабата не го ареса зето, на сите можни прикриени начини ќе се замеша за да ја расипе работата.

И да, ного од момите ќе ми кажете оти не е така, иако на сите до една мајките ви са флезени длабоко у потсвеста. :)

Луки, пресметливоста во оснос на стапување во брак не е женски ексклузивитет, напротив! Правењето калкулации и математики не е само женска особина, би се изненадил колку мажи го прават истото. Зависи од човекот и карактерот, без разлика дали е маж -жена.

Сврти ја ситуацијата обратно, ако свекрвата не ја ареса идната снаа, ќе стори СЕ само за да не дојде до брак. Има милион такви примери.

А докажано е дека мајките се подлабоко врежани во машката, отколку во женската потсвест...Не за џабе има Едипов и Електрин комплекс ;)
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Јас мислам дека напоменав, ние сме свесни дека е насилство, но е најлесно нели да се спасиш од насилство од свекори и свекрви. Оди си. Кој те тера таму да живееш? Ако дојдам јас кај тебе дома, и не ми одговараш, а и понатаму останувам, кој е крив? Јас или ти?

Остај што треба, а што не треба. На мој имот јас одлучувам. Не зборуваме за морал, зборуваме за нешто со што ќе го теретиме кривично сторителот. Недавање на струја и машина за перење, е морално, а не законско прашање.

Јас се обидувам да бидам објективна, а не субјективно да ги доживувам нештата. Некаде во втора година студии, почнав да отрпнувам на се и сешто. Ако секој свој пациент го гледам како брат, сестра, никогаш нема да успеам да му помогнам.

И на крајот, со ад хоминем, посебно со извртени муабети, не можеме да дискутираме.
Тоа што во моментов не сакам да имам деца, не значи дека никогаш нема да сакам и никогаш нема да имам.
Или ќе дискутираме на ниво, или подобро ич да не дискутираме.
А бре кај ќе одиш со 2 или 3 деца, а немаш родители, ти починале, или не те сакаат назад да им се вратиш? Не е така едноставно ко што мислиш. Знаеш бар и сама, како влијае психичкото малтретирање врз било кој, бар го учиш тоа, како се манифестира и на кои начини.

Ако ја укривуваш жртвата, ништо не си направила. Таа и така има изгубена самодоверба во себе, па уште да и речеш дека она е крива за тоа што и се случува, ептен ќе ја дотепаш, ќе ја најдеш утредента мртва, како се самоубила.

Јас сум објективна, верувај ми. По такво работно искуство станав премногу објективна за вакви работи. Ама и сензитивна кога станува збор за вакви прашања. Нешто што гледам дека ти уште го немаш стекнато.

Не се лути одма де, си дикутираме, а по некоја шала на твоја или на моја сметка понекогаш не е ништо страшно да уфрлиме. А ако си таква лутка, кажи си веќе нема да се шалам со тебе. ;)
 
Сина бубамарке, некако не се разбираме :)

За да обвиниш некого дека те малтретира, мора да немаш друг избор, или законски да имаш основа.
Значи - мене ми е јасно дека таа нема каде да оди, нема што да прави, арно ама тебе јасно ли ти е дека непоканета отишла кај некого дома?
Не зборуваме за морално исправно или неисправно, зборуваме од законски аспект - како ќе докажеш дека свекрвата ја малтретира снаата, ако 1. не ја ни допрела физички и 2. не ни допрела нејзини работи

Значи, имотот е на свекрвата, не на мажот на невестава. Да е на мажот на невестата, свекрвата е дојденецот.

Јас нема сигурно да и речам на жртвата - ти си крива. Зборуваме јас и ти, како личности кои треба да работат со овие жртви. Жртвата сама себе се става во таа ситуација, ние треба да ја извадиме. Законски не може да добие имот кој не припаѓа ниту на сопругот, значи нејзиното чаре е или да си оди, или да трпи.
Без оглед што нема кај да оди - за тоа постојат центрите за згрижување (кои патем, секако не функционираат).

Значи, на која основа некого ќе гониме кривично? За што ќе ја обвиниме свекрвата? Како ќе го дефинираме во овој случај психичкото насилство? Со кои аргументи ќе победиме на суд?
Не знам што си по професија, меѓутоа цело мое друштво сме психолози, педагози, социјални работници и дефектолози, па знам од прилика како се одивива ситуацијата, затоа што социјалниот работник е првиот на ,,местото на злосторството,,. Тој треба да даде основа за случајот, врз што адвокатот ќе ја брани жртвата.

Со недавање на машина за перење не можеме да добиеме на суд.

И можеме да се шалиме, секако, но не и да пласираме шпекулации за некој друг ;)
--- надополнето: 23 април 2013 во 15:46 ---
Пристојно?
Во мојов случај има да плачат по мене :) Само да се стабилизирам со пари
PurplePuma
не само што е насилство туку на таквите не можеш да им докажеш дека нешто направиле, будала ќе те направат во очи, крајот не им се наоѓа.
Ајде моите, една комшивка што имам свекрва е, синот и снаата се отепуваат од работа таа раздава се што ќе купат како црвен крст. Со слаби финансии ќе преќутиме се и сешто ама ќе биде подобро.
Туку јас луѓе станав за да работам демек ....
Мони, јас те разбирам како човек прво.
Меѓутоа, свесна си дека законски не можеш да се одбраниш од нив се додека физички не те нападнат или не почнат да ти се закануваат.
Едноставно на суд не можеш да добиеш за гаснење на бојлер или немање на прашак.
Колку и да е тоа морално неправедно.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Сина бубамарке, некако не се разбираме :)

За да обвиниш некого дека те малтретира, мора да немаш друг избор, или законски да имаш основа.
Значи - мене ми е јасно дека таа нема каде да оди, нема што да прави, арно ама тебе јасно ли ти е дека непоканета отишла кај некого дома?
Не зборуваме за морално исправно или неисправно, зборуваме од законски аспект - како ќе докажеш дека свекрвата ја малтретира снаата, ако 1. не ја ни допрела физички и 2. не ни допрела нејзини работи

Значи, имотот е на свекрвата, не на мажот на невестава. Да е на мажот на невестата, свекрвата е дојденецот.

Јас нема сигурно да и речам на жртвата - ти си крива. Зборуваме јас и ти, како личности кои треба да работат со овие жртви. Жртвата сама себе се става во таа ситуација, ние треба да ја извадиме. Законски не може да добие имот кој не припаѓа ниту на сопругот, значи нејзиното чаре е или да си оди, или да трпи.
Без оглед што нема кај да оди - за тоа постојат центрите за згрижување (кои патем, секако не функционираат).

Значи, на која основа некого ќе гониме кривично? За што ќе ја обвиниме свекрвата? Како ќе го дефинираме во овој случај психичкото насилство? Со кои аргументи ќе победиме на суд?
Не знам што си по професија, меѓутоа цело мое друштво сме психолози, педагози, социјални работници и дефектолози, па знам од прилика како се одивива ситуацијата, затоа што социјалниот работник е првиот на ,,местото на злосторството,,. Тој треба да даде основа за случајот, врз што адвокатот ќе ја брани жртвата.

Со недавање на машина за перење не можеме да добиеме на суд.

И можеме да се шалиме, секако, но не и да пласираме шпекулации за некој друг ;)
1 болд
Како тоа непоканета отишла кај некого дома, кога се омажила за нејзин син и живеат заедно? Не те разбирам што ти е поентата на ова?
2 и 4 болд
Ќе оди на психолог или на психијатар ќе и направат проценка и тоа ти доста релевантен доказ пред суд. Кај нас има обвинение и само за психичко насилство.
3 болд
Ете гледаш знаеш дека не функционираат, само да се фалат повеќе постојат овие засолништа, а внатре нема ни една жена сместено.
5 болд
Мојата професија е во доменот на професиите во твоето друштво
6 болд
Шпекулациите некогаш се користат како шали.
 
1. Непоканета - имотот не е на нејзиниот сопруг. Имотот е на неговите родители.
Јас дома можам да го поканам цел бездомен свет од Скопје, дали ги носам ,,кај мене дома,, или кај ,,моите родители дома,,?
Имотот не е на нејзиниот сопруг, аналогно на тоа, не е ниту нејзин. Добра волја на неговите родители е да ги примат, но не и обврска (не законска, не зборувам за морална).

2. Што ќе докажат? Оваа е себична? Ајде од твое искуство, кој случај сте го добиле само со психичко насилство и што се содржело во тоа психичко насилство? Дали сте добиле случај за недавање на машина (и сл.)?

3. Не функционираат затоа што прво и основно соц. раб. не си ја вршат работата, тие треба да го покренат цел систем кога станува збор за семејно насилство. Они се први на ,,лице место,, и од нив зависи дали некоја жртва ќе дојде кај мене. Јас нема да имам овластување да чукам на нечија врата за да проверам како живеат, за разлика од соц. раб.

5. Мило ми е :pipi: Очекувам нешто да научам од тебе, со оглед дека веќе си завршила со студии и практично работиш :)

6. Прифаќам шали на моја сметка, само би сакала тука да бидеме сериозни. Имаме теми за шалење до 101 и назад :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom