Јас сум бил таков.
На првата девојка ѝ требаа 10 месеци дури да ме накани да имаме секс. Секоја ѝ чест на трпението.
Обично помага работа со прсти, уста, повеќе гушкање итн. Во *никој* случај не треба на машкото да му се заканува со напуштање ако обидот е неуспешен, зашто тој токму тоа и го очекува (порани минатите неуспеси), што апсолутно не ѝ помага на неговата ерекција.
Баш со такво машко се гледаат „јаките“ женски: не е успех да се има секс со некој што е најголем е*ач - успех е да се има секс со некој што ништо не знае од тоа и да се откријат сите негови потенцијали.
Затоа, жени, ако сте навистина „јаки“, ослободете ги срамежливите момци и направете нешто добро и за општеството.