Што знаеме за Ѓoрѓија Кастриот од Кроја?

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Eve shto stranskite istoricari mislat za nego:


A eve Makedonskite (so isklucok na doticniot ne sakam ni imeto da mu go spomenam)


Скендербег во Скопје
АЛБАНСКИОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
Деновиве се поставува колосално спомен-обележје на великиот Ѓерг Кастриот во “Шкупи”, што за некои структури не е баш радосна вест. Кој бил Скендербег и дали неговото дело може да се трансформира од фактор на разединување во фактор на обединување помеѓу Албанците и Македонците?
Пишува: Владимир ЈОВАНОВСКИ

Како се ближи 28 ноември, денот на поставување на споменикот на Скендербег во Старата скопска чаршија, така се повеќе расте тензијата околу овој настан. И покрај општата позитивна клима, уште постојат отпори во некои македонски средини, кои веројатно се рецидив од социјализмот, кога името на славниот војвода беше синоним за “албанскиот иредентизам”. Од друга страна, некои политичари го градат и менуваат сопствениот став кон монументот на Скендербег од дневнополитички побуди. Така, на пример, додека скопскиот градоначалник Трифун Костовски беше во добри односи со ВМРО и ДПА, кажуваше дека поставувањето на споменикот од страна на ДУИ-градоначалникот на Чаир Изет Меџити е нелегално. Кога ВМРО-ДПМНЕ му го сврте грбот, минатата седмица, а во присуство на Меџити, тој рече дека Скендербег е голема историска личност и дека неговата скулптура не треба да се политизира, за веќе оваа недела, кога виде дека и ДПА на Маврово притиснала во прилог на Ѓерг Кастриот, одново да го смени ставот и на Канал 5 да изјави: “Јас сум категорично против поставувањето”.
И некои други субјекти се јавија со негативен однос кон Скендербеговиот постамент. Коле Манев од ДА во скопскиот Совет поставил прашање кој и дозволил на Општина Чаир да поставува споменици, додека советникот на СДСМ Иван Катарџиев, историчар, рекол: “Наместо поставувањето на споменикот да има зближувачка улога, поставувањето на избраната локација ќе има раздвојувачка улога. Мислам дека не беше потребно брзање од страна на Чаир и оти можеше да се најде посоодветно место за споменикот”. И од Управата за заштита на културното наследство изјавија дека ќе се оградат, доколку министерот Илиријан Беќири даде согласност за подигање на тој меморијал.

БАЛША ЦРНОЕВИЌ Деновиве многу “копавме” по историографски материјали, со цел да го истражиме ликот и делото на Скендербег и наидовме на, за нас, изненадувачки факти. Низ повеќе цитати од научните трудови приопштени на научниот собир “600 години од раѓањето на Скендербег”, одржан во МАНУ, ќе се обидеме да ги запознаеме нашите читатели со појавата на овој средновековен великан. Еден од првите стереотипи што ни се сруши беше оној дека Скендербег имал негативен однос кон Македонците. Напротив, како што пишува Пета Деспоти, “во средниот век не постоел албанско-словенски антагонизам, а словенските и албанските благородници биле дел од византиската држава и воспоставиле цврсти роднински врски”.
Во поздравната реч, првиот човек на МАНУ, проф. д-р Цветан Грозданов,истакнува дека Скендербег “настапувал како родољуб, за својот народ, против окупаторот, за државна независност, зачувување на домашните традиции на Албанците и нивната автохтоност”. Грозданов овде додава: “Негови соборци се Македонците. Не случајно ќе го опева и Вториот Хомер, Григор Прличев, а и денес добива скулпторски обележја во Македонија. Како што епската поезија на Балканот го велича Крале Марко како најголем јунак на XIV век, истото се однесува и на Скендербег за XV век. Тоа трае до денес”. Ни неговиот колега Гане Тодоровски не штеди пофални зборови за витезот од Дебарско. “Името на Скендербег го среќаваме буквално во сите енциклопедии како име на прославен војсководец, национален херој на албанскиот народ и триумфален симбол на балканската хероика. Неговото дело е запаметено во европската историја како широка синонимија на корав, системен и достоинствен отпор против надворешниот непријател, силен и надмоќен, чии војски настојуваат да ја освојат и потчинат Европа, а кои ќе успеат да завладеат нејзин добар дел и да го владеат во проток од пет до шест векови”, кажа во таа прилика поетот Гане Тодоровски. Во прилог на тезата за братството и единството што владеело меѓу Македонците и Албанците во времето на Скендербег, ќе приложиме еден пасус од анализата на Драган Ѓоргиев, “Населението во дебарската каза во XV век”: “Бидејќи податоците го потврдуваат силното присуство на словенскиот и влашкиот елемент на територијата каде што се одиграле многу значајни битки за време на востанието на Скендербег, неминовно се наметнува заклучокот дека во востанието, покрај албанското, сигурно зеле учество и словенското и влашкото христијанско население”.

ОРЕЛОТ И ЛАВОТ
Со етничкото потекло на првиот албански кнез, принц, а подоцна и крал, се занимавале неколку дискутанти на научниот собир во МАНУ. Но, истражувачот Бобан Петровски се фокусирал на потеклото на Скендербеговата мајка. Тој наведува дека во делото Генеалогија на Јован Музаки (главешина на еден од главните албански кланови, соборец на Кастриот), мајката на великиот ритер е ословена со “Воисава Трибалда”. Нејзиното родовско стебло е толку комплицирано, што ако влеземе во разгрнување на гранките, ќе се изгубиме и ние и вие. Само ќе напоменеме дека, според најважниот биограф на Скендербег и негов современик Марин Барлети (чие дело Животот на епирскиот принц Георгиус Кастриоти не е преведено само во Македонија), Воисава “била ќерка на еден од највидните Трибалски првенци, кој бил господар на Полог”. Оваа одредница ги мотивирала српските историчари да ја сместат Воисава во родословните таблици на српските династии Немањиќ, Мрњавчевиќ и Бранковиќ. Имено, во последната деценија на XIV век со Полог управувал некој си Гргур, за кого се смета дека бил поставен од Волкашин, татко на Крали Марко. Меѓутоа, се занемарува фактот дека и Воисава и нејзиниот родител, а Скендербегов дедо, се именувани со етнонимот Трибали. А, познато е дека Трибалите се старобалканско племе кое живеело на овие простори пред доселувањето на Словените и дека се далечни предци на Власите.
Од друга страна, во документите Скендербег често се среќава како “крал на Епирците”. На симпозиумот во МАНУ, германскиот научник Оливер Јенс Шмит се осврна на едно писмо на главниот дипломат на Скендербег, епископ на Драч Паул Ангел, во кое се предлага крунисување на Ѓерг Кастриоти како епирски крал и негово прогласување за “нов Александар”. Шмит за тоа вели: “Ангел подготвил и видлив симбол на балканското царство: фамозниот шлем на Скендербег претставува одлична копија на старата македонска круна. Ангел комбинирал различни нивоа на политичка комуникација: на Балканот сите знаеле дека Скендербег се идентификувал со Александар Велики; митот и сеќавањето на Александар биле живи меѓу народите на Балканот и Блискиот Исток. На второ ниво, тој открил дипломати во Европа кои биле свесни дека мајка му на Александар, Олимпија, била од Епир и дека Скендербег би можел да биде наследник на епирско-македонските традиции: дека новото епирско царство, под водство на новиот Александар, би гарантирало триумф на христијанската кауза и безбедност на Балканот”. Ова е само потврда на веќе добро познатиот факт: Скендер е кратенка од Александар. Фамилијарниот грб на Кастриотите бил двоглав орел, но за една битка на Александар-бег било напишано: “Лавот командуваше со лавови”.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
ОД МАТКА ДО КАРПАЛАК
Прва задача на легендарниот Искендер била да ги здружи разединетите албански племиња. Затоа тој, како претставник на фамилијата Кастриот, се оженил со мома од фисот на Аријанитите, Доника. Постепено, сите племиња му се приклучувале на сеалбанскиот кнез и така во 1444 г. под негово раководство е формирана Лигата во приморскиот град Лежа. Од тој момент, во наредниот четврт век, Скендербег им пружил силен отпор на османлиските армии. За нас беше најзачудувачки тоа што главнината од битките тој ги водел во Македонија! Почнувајќи од скопско-тетовските села Свиларе, Ласкарци, Добарце, Групчин и Желино, преку познатиот бој за дебарски Светиград (денешен Коџаџик), се до неколку крвави битки во струшки Дримкол, воениот учинок на Скендербег го засенува Илинденското востание. Неговите боеви дејства во западно-скопската клисура се многу добро прикажани во трудот на Абедин Кроси Битките на Скендербег во Дервен. Кроси го цитира споменатиот биограф Барлети кога опишува како Скендербег го отепал командантот на аскерот Дебре капидан, кај с. Ларци (близу наплатната рампа на автопатот Скопје-Тетово): “Епирецот, кој од порано му имал фрлено око, го погоди точно во градите со копје и го прободе целиот”. Кроси продолжува: “Дебре ја загубил главата кај Горен Дервен, додека војската без нивниот капидан се распрснала на сите страни. Во битката биле убиени 4.000 османлиски војници, а од епирската војска само 120”.
Ваквите победи на бојното поле ги имаат опиено некои од албанските историчари. На пример, Веби Џемаили, поранешен пратеник во Собранието, својот приказ Борбите на Скендербег во Полог го завршува вака: “Борбата на Скендербег и обединувањето на албанскиот народ во неговата епоха ќе им служи како фундамент и на челниците на нашето национално движење, поаѓајќи од Призренската лига до денес. Овој колос на нашата национална историја ќе остане како симбол на отпорот за неговите следбеници во борбата за ослободување и национално обединување на албанскиот народ (sic!), каде и да живее”. Нешто понапред, со еден прилично остар јазик, тој ќе напише: “Востанијата што се одвивале во Албанија во времето кога владеел таткото на Скендербег, се засилиле, особено по земањето на (брат му) Станиша од османската власт како заложник и обидот за негово асимилирање, женејќи го со турска девојка. Овие варварски дејства за асимилација на други народи создале кај Скендербег длабок духовен гнев, со многу психолошки трауми, но и кај младата албанска популација. Во вакви тешки услови, албанските феудалци, кои не можеле да го трпат турското владеење, побарале од фамилијата на Кастриотите да испрати верни луѓе кај Скендербег во Адријанополис за да го повикаат да се врати во Албанија и да ја продолжи борбата за ослободување од турскиот јарем”.
Веби Џемаили тука го цитира германскиот истражувач Петер Бартл, чијашто солидна книга Албанци може да се најде и во скопските книжарници. Но, Бартл има поинакви видувања на “турското ропство” од тие на Џемаили. Во поглавјето за Скендербег, Бартл заклучува: “500-годишното турско владеење во албанската историографија е забележано како лош период. Меѓутоа, во оправданоста на таквата оценка секако дека може да се посомневаме. Освојувањето на Албанија од страна на Турците никако не може да се мери со оние во Бугарија или Србија бидејќи Турците таму предизвикале гасење на високи средновековни култури. Во Албанија тоа не е случај. Во средниот век таму немало ни црковна организација, ниту државна традиција, ниту, пак, уметност или книжевност за кои би можело да се каже дека се албански. Благодарејќи на фактот дека голем дел од албанското население во текот на столетијата го примило исламот, Албанците имале значајна улога во историјата на Османлиското Царство. Во водечкиот воен, културен и политички слој Албанците биле застапени во мера која никако не била сразмерна на нивната сила”, поентира проф. Бартл.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Eve i neshto drugo od Makedonski istoricari.

Во МАНУ промовирана книгата 'Скендербег" од академиците Гане Тодоровски и Али Алиу
Скендербег е автентичен јунак кој влезе во легендата
Иван Катарџиев: Животот и делото на Скендербег, пораките што му ги остави на својот народ, нам на Македонците, на светот, не се и не можат да бидат извор на недоразбирање

Невена Поповска
"Животот и делото на Скендербег, пораките што му ги остави на својот народ, нам на Македонците, на светот, не се и не можат да бидат извор на недоразбирање-рече меѓудругото академик Иван Катарџиев, во својата промотивна реч по повод претставувањето на делото "Скендербег" од академиците Гане Тодоровски и Али Алиу. Неговото дело, продолжи Катарџиев, е борба на еден хуманист, визионер, кој во името на заштитата на слободата и на цивилизацијата се стреми кон обединувањето на Балканот и на Европа. Тоа што, дури и на почетокот на новиот милениум Балканот и Европа го третираат како "реторичка цел вели Али Алиу, Скендербег го спроведе во дело". Имплементацијата на таа "реторичка цел" за македонската држава за мултиетничка Македонија во обединета Европа, е перспективата на нашето раскинување со баластите на Балканот. Ако е тоа така, тогаш дисонантноста на тоновите предизвикани од одбележувањето на јубилејот се само релативен одзвук на драматичните процеси низ кои поминува Балканот и се разбира Македонија. Тоа е просто логичен процес-производ на промените во тек. Тоа е едно ново искуство. Демократскиот развој на земјата на нејзиниот пат кон евроатланските структури, верувам ќе ги релативира овие појави. Публикацијава, подвлече академик Катарџиев, издание на МАНУ и Фондацијата "Трифун Костовски е дело на академиците Гане Тодоровски и Али Алиу, член на Косовската академија на науките и уметностите. Шествековниот јубилеј од раѓањето на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег во 2005 година, во Албанија доби општонационален карактер. Албанската популација ширум светот вклучително и во Република Македонија, јубилејот го прослави со силни емоции. На одбележувањето на овој јубилеј на Скендербег македонската научна јавност во лицето на Институтот за национална историја и сега со издавањето на оваа книга од МАНУ, му посветија достоинствено внимание. Во кусиот предговор на книгата, претседателот на МАНУ, академик Цветан Грозданов меѓу другото вели: "Вратите на Македонската академија на науките и уметностите се отворени за изучување на времето и доблестите на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег". За македонската интелектуална јавност, продолжи Катарџиев, животописот и универзалноста на наследството на Скендербег не е непознато. Во својот напис академик Гане Тодоровски се доближува и до преокупацијата на македонски автори со митот и делото на Скендербег во уметничката литература. Во прв ред тука е поемата Скендербег на Григор Прличев, на нејзините препеви од проф. Георги Сталев и академик Михаил Петрушевски. Едноставно текстот на академикот Гане Тодоровски во рамките на просторот што му стои на располагање врви од имиња на поети, прозаисти, филозофи, историчари, литературоведи, фолклориски итн кои го поишувале, опејувале, драмтизирале делото на Скендербег. "Скендербег е историски јунак, вели академик Гане Тодоровски, кој е благовремено приопштен во македонската историска меморија, лик внесен од народот во легенди, лик воспеан во творба на наши најистакнати писатели, во нашата усна литературна традиција...Името на Скендербег е сместено во знаменитиот зборник на народни песни на Миладиновци за него се зборува и во зборниците на Кузман Шапкарев, на Петар Данилович Драганов итн." Феноменот на Скендербег, академикот Али Алиу го објаснува на следниот начин: "Вековната историја за славата на нашиот херој покажува дека таа слава растела секогаш кога борбата против отоманската инвазија станувала животно прашање за народите на југоисточна Европа. Колку што ликот на Скендербег, во европската историја имеше определена функција да ги моболизира народите во војната за живот и смртта против странските освојувачи, исто толку ликот на нашиот херој, во историографската, во народната и во уметничката книжевност служеше како живот знаме во мобилизација на народот во ослободителната војна. Во надежите на балканците да се ослободат од отоманскиот оков и во своите народни приказни и песни балканските народи го присвојуваат албанскиот херој како свој народен херој припишувајќи му го нивното потекло и претставувајќи го како симбол на нивната гордост."
Промоцијата на ова дело, објавено на три јазика: македонски, албански и англиски, се одвиваше во просториите на Македонската академија на науките и уметностите, во присуство на бројни претставници на политичкиот и културниот живот на земјава, првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, градоначалникот на град Скопје, Трифун Костовски, академици, црквени великодостојници и претставници на дипломатскиот кор.
Воведен збор на промоцијата одржа академик Томе Серафимовски, кој меѓу другото истакна: "Меморијата за Ѓерѓ Кастриоти Скендербег живее речиси во сите поголеми европски архиви, музеи, галерии, паркови, плоштади, во литературата, во музиката, во ликовните уметности и каде се уште не. Тој е неспорен албански автентичен јунак кој, со текот на времето влегол во легендата па дури и се престорил во митска фигура. Скендербег е еден од ретките, ако не и единствениот балкански лидер кој успеал 25 години да води серија битки со супериорниот непријател-Отоманската Импарија и притоа да ја додржи независноста на својата тврдина Круја и да умре непобеде во 1468 година. Овој инспиративен легендарен борец и стратег бил со голем дипломатски сенс, неспорен обединител на албанските племиња, но и убеден застапник на идејата за сојуз на сите балкански племиња и народи кои, единствено здружени можат да ги победат своите непријатели. Искрено се надевам, подвлече на крајот академик Серафимовски, бидејќи не сме во состојба да интервенираме во минатото, нам треба да ни биде императив да ги поттикнуваме младите генерации самите да се стремат кон ослободување од сите недоверби, стравови, психози и неурози, во оваа земја со древно име-Македонија. Ние во Македонија, земја на крстопати, на разни цивилизации и империи во која Скендербег ја оставил неизбришливата трага на своето постоење, имаме посебен мотив да му се придружиме на чествувањето на 600 годишнината од неговото раѓање."
За книгата "Скендербег" од академик Гане Тодорвоски и Али Алиу, како и за личноста и делото на Скендербег, пред присутните говореше и академик Крум Томовски, кој рече: "Историјата на големиот отпор на Ѓерѓ Кастриоти-Скендербег, легендарниот бранител на Круја, неговите подвизи, храброст и визионерство се познати и проучувани од водечките научници во светот искажани низ илјадници библиографски единици. Тој и неговото дело повеќе од пет столетија и денес се инспирација на бројни творци во уметноста на Балканот и во Европа. Македонската академија беше домаќин и на Меѓунардониот симпозиум одржан минатата година во организација на Институтот за национална историја, по повод 600 години од раѓањето на Скендербег и таа како и досега така и во иднина вратите на МАНУ се отворени за проучувањето на значајни историски личности кои оставиле белег на својата епоха, што се потврдува со издавањето на книгата која денес ја промовираме."
Извадоци од книгата "Скендербег" пред присутните читаа актерите: Кирил Ристоски и Бајруш Мјаку, а варијации од операта "Скендербег" на Антонио Вивалди, адаптирани за флејта и виолина изведоа:Јета Старова, на флејта и Ермаљ Мехмети, виолина.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Затоа треба заеднички да се слави тој херој!
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Гане Тодоровски и Али Алиу
Иван Катарџиев
Али Алиу, член на Косовската академија на науките и уметностите.
Киро Глигоров
Трифун Костовски
Ushte koga prochitav deka "Skenderbeg" go povrzuvaat so evro-atlanskite procesi, za multietnichka Makedonija vo obedineta Evropa, mi se povrati.

Nekakov Tome Serafimovski pak vo duhot na evro-atlantskite integracii ja istresol slednava glupost:

"...Тој е неспорен албански автентичен јунак кој, со текот на времето влегол во легендата ..... неспорен обединител на албанските племиња, но и убеден застапник на идејата за сојуз на сите балкански племиња и народи. ..."


Kako shto mozhevte da prochitate na prethodnite stranichki na ovaa tema, ne samo shto mozhe da se ospori deka Iskender e albanski junak, tuku mora da se ukazhe deka nemalo Albanci (Gegi) vo Mijachijata nitu vo poshirokiot region vo vremeto na Gjorgji Kastriot Iskender za toj da gi obedinuva.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Kako shto mozhevte da prochitate na prethodnite stranichki na ovaa tema, ne samo shto mozhe da se ospori deka Iskender e albanski junak, tuku mora da se ukazhe deka nemalo Albanci (Gegi) vo Mijachijata nitu vo poshirokiot region vo vremeto na Gjorgji Kastriot Iskender za toj da gi obedinuva.

Немало бе геги..нормално. Албанците за вас не постоело. Категорично ги негирате доказите, кои си се евидентиранти.

Пикасо, џабе ти е, не ти се веродостојни сликите, јпг формат се, тогаш кога живеел Скендербег не постоел јпг формат..Фејк се...

Значи ....да резумирам.

Категорично се отфрлува книгата на Марин Барлети, запис каде што убаво си пишува кој бил Скендербег. Таму не пишува дека е македонец.
Категорично се отфрлува делото на Франг Барди каде јасно се гледа дека епирскиот јазик е албански. Тоа не им одговара на македонците со тезата дека биле единствени на балканов.
Категорично се отфрлуваат делата на Лек Матренга, арбреш од Италија каде убаво си пишува за христијанстово, албанците во христијанството, и нивниот удел во христијанството.
Категорично се отфрлува фактот дека во Илирискиот колеџ во Италија во тоа време, учеле албански ученици, се предавало на албански јазик, и делата кои што произлегле од таму, се албански...


Се прифаќаат само македонски квази-историчари, кои што го земаат Скендербег како "нивни" дека бил христијанин....

Аферим.

П.С сеуште никој не ми одговори ...Што е Лигата на Лежа...или и тоа категорично не се признава дека се десило?
 
B

Borg_Drone

Гостин
П.С.

Се прашувам од кога почна колонизацијата на Албанскиот дел со албанци???
Се си мислам дека беше 15 век , не сум сигурен, зошто цела Албанија порано била Македонска територија.....
Тоа го правеа турците со цел да имаат база од каде што ќе можеа да извршат инвазија врз Рим...

А и РУМЗ

Не ми одговори.
Дали тие во Далмација што живеат сега се албанци???
И тие во Северна Грција што живеат дали се албанци исто така?
 

PIRRO

Walking away
Член од
25 ноември 2007
Мислења
561
Поени од реакции
7
П.С.

Се прашувам од кога почна колонизацијата на Албанскиот дел со албанци???
Се си мислам дека беше 15 век , не сум сигурен, зошто цела Албанија порано била Македонска територија.....
Тоа го правеа турците со цел да имаат база од каде што ќе можеа да извршат инвазија врз Рим...

А и РУМЗ

Не ми одговори.
Дали тие во Далмација што живеат сега се албанци???
И тие во Северна Грција што живеат дали се албанци исто така?
" I od gluposta imame korist... toa e primer kako ne treba da postapuvame... ' :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom