Што е љубовта?

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
слепа е пошто размислуваме со срце а не со разум и кога ќе се заљуби човек едноставно не размислува за тоа у кого се заљубил или колку таа личност можеби го повредува...едноставно во тие случаеви треба да има некој до тебе да ти отвори очи и да ти укаже на грешките. а пак кога ќе се заљубиша пак тоа чувство не би го сменила за ниш на светов. само да се заљубиш во вистинскиот...
 

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.325
Поени од реакции
250
морее ја осакативте љубовта...абе таа си е здрава и права само што се поретко ја има мегу нас (искрената)
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
прекрасно чувство, некогаш болно, но вреди да се осети
 

sweet girl***

I wish that...
Член од
4 октомври 2008
Мислења
310
Поени од реакции
10
prekrasno i nezaboravno cuvstvo dokolku e vozvratne ljubovta...inace sea ne ja dozivuem bas taka kako ubavo cuvstvio tuku kako roza so milion bocki na nea i sekoja bocka ostava neizlecliva rana...[zabegav]:):(
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Да го замислиш партнерот/партнерката во ситуација на вршење голема нужда и пак да не ти е гадно. Е тоа е љубов.
 

kIRe9

OK. u'r right
Член од
4 март 2009
Мислења
1.419
Поени од реакции
73
нешто најубаво во свет... се би дал за да можам да чувствувам љубов околу мене.... но во денешново време нема перфектна романса и живееме во такво општество каде што треба да се снаоѓаш како знаеш за да ја зачуваш таа љубов...
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
љубов е кога чуствуваш верверички у јајцата :XD:
мислам пеперутрки у главата.....овај де у стомакот :ha:

љубовта тешко се опишува...ама секој што е заљубен знае какво е тоа чуство...
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524


Љубов со најдолг век е онаа невозвратената.



Се прашувам зошто ли е тоа така, а неприкосновен факт е дека сите најголеми љубови можат да се пронајдат токму во трагедиите, мислам дека ова е така бидејќи кога љубовта се анализира и има доза на мистичност во неа станува попримамлива и попосакувана,обично колку подолго сме со некој човек се создава навика, и навиката преминува во љубов, но по некое време на долг заеднички живот почетничката страст и љубов пополека се заменети со онаа добра стара навика,
но според дефинициите на љубовта таа треба да е вечна да не бледнее, огнот на љубовта штом еднаш ќе се запали гори засекогаш, тука не гледам баш логика.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Љубовта е многу индивидуална работа.Некој ја сваќа како моментална страст и копнеж за друга личност,некои ја сваќаат како способност да поднесуваш некој дооолго време,некои како хемиска реакција на ензими кои предизвикуваат посебно чуство.....
За љубов се пишувало,се пеело, се филозофирало со векови и сепак не е најдена дефиниција па дури не се дошло до некое приближно решение...
Во секој случај,според мене тоа е чуство на припаѓање,потреба да се посветиш на нешто,преданост и пожртвуваност......
 

DarkWalker

Think globaly , Act Localy!!!
Член од
4 февруари 2006
Мислења
1.209
Поени од реакции
70
Да живееш... Да копнееш... Да се будиш секое утро со помислата дека си некому потребен...Најубавото чувство. Тоа што не исполнува. Ни го прави животот посебен и единствен. Единствен, на начин на кој некогаш бил само дел од нашите сонови. Што е тоа? Кое е тоа чувство кое може да ги помине сите препреки само за да спои две срца? Да, тоа е љубовта! Љубов – толку мало зборче, а сепак исполнето со многу емоции, чувства... Исполнето со огромна светлина и радост, но понекогаш и тага. Љубовта постоела отсекогаш и претставувала чувство без кое ако размислам, човечкиот род не би можел да опстане. Без разлика на времето, местото и положбата во која се наоѓале, луѓето секогаш биле способни да дадат љубов, па дури и да го дадат својот живот за оние кои ги сакале. Што е тоа љубов? Понекогаш ќе се прашаме. Всушност мислам дека тоа е најчесто поставувано прашање. За некого љубовта претставува само болка и страдање, додека за некого претставува најубавото и најпрекрасното нешто на светот, единствена причина за живеење. За мене љубовта е еден вид пријателство, да бидеш со тој што го сакаш во добро и во зло, да растете заедно, да плачете, да се смеете... Да ги поминувате заедно најубавите моменти. Да си верувате еден на друг, но пред се да верувате во вашата љубов. Едноставно, тогаш целиот свет е само ваш, а на него постоите само вие двајца и нормално вашата љубов. Се уште не можам да зборувам за љубовта и нејзината убавина, но сепак мислам дека таа е дел од секого и дека декој има право да ја почуствува. Пролетта е време за вљубување. Па затоа се вели дека на вљубените целиот живот им е пролет. Љубовта е најубавото нешто на светот. Кога сум вљубен чувствувам дека целиот свет е мој, а светот е обоен со розова боја, прекрасна волшебна боја... Љубовта знам колку е слатка, но знам и колку боли. Не се откажав од љубовта, бидејќи таа доаѓа кон оние кои веруваат во неа. И секој пат кога ќе ги посетам оние пеперутки во стомакот, ја осеќам љубовта на своја кожа, сите убави мигови, се осеќам најубаво. Па дури и кога нема љубов во мојот живот, остануваат спомените од нешто поминато, спомени кои ми го одржуваат животот. Љубовта е најсилната сила. Сила која го врти светот. Во школо не учат за гравитациона, електростатичка и други сили кои не опкружуваат, но дали се тие и најважни?Тие се сили кои ги проучуваат некои научници, кои го трошат својот живот затворени во својата работна соба, проучувајќи ги законите и она што не опкружува. Но ниту еден човек, ниту еден научник или слично не може, не е способен да ги открие сите закони на љубовта. На таа сила која според мене има најголема моќ. Но љубовта е секогаш непредвидлива. Иако ни ја носи најголемата среќа во животот, знае да донесе и болка, тага и мнгоу солзи. Но сепак тој баланс помеѓу среќата и тагата е неопходен во нашите животи и сето тоа се надминува. Најбитна е убавината на љубовта, за која доколку е вистинска вреди да се ризикува животот. Дали само еден цвет ја прави ливадата шарена? Дали само една ѕвезда го прави небото чудесно? Само еден лебед ли ги прави водите на езерото романтични? Започнав со мелодијата на пријателството, а завршувам со песната на љубовта. Љубовта е како музичка кутија која е затворена со катанче, а клучот на тоа катанче го има тој што го сакаме. А душата, таа претставува огледало, при секој поглед во него се гледа нашата љубов. Ако си го отвориме срцето, љубовта ќе ни ја отвори душата. Кога музиката од музичката кутија допира до мојата душа, започнува љубовта. А, кога ќе запре музиката се крши огледалото и се губи клучот – тука лежат одговорите на сите прашања. Неверствата и лагите ја трујат љубовта. Помалите лаги и неверства бавно ја уништуваат љубовта. Големите лаги и неверства ја уништуваат побрзо. Љубовта не значи само болка и повредување. Љубов значи: Љубовта да ја подариш на оној што мислиш дека му е потребна и искрено и безусловно да го сакаш. Љубовта е најубавото нешто на светот, но само ако е возвратена! Секогаш носи љубов во твоето срце, затоа што само така ќе бидеш среќен и ќе те сакаат. А тоа, да бидеш сакан е најубавото нешто што може да ти се случи. Деновите потрошени без љубов, се залудно потрошени денови... Тој што те сака, и ти сакај го, но тој што те повредува, засекогаш избриши го од твојот живот. Ако си во мојот живот само за да си играш со моите чувства, не си го губи времето и оди си. Но, ако си тука да ме сакаш и да ми покажеш што е вистинска љубов, можеш да останеш засекогаш...
Тоа е љубовта драги мои кајганаџии , поздрав до сите заљубени на форумов...
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Љубовта е изговор за бесплатен секс.
Да,била и како тоа користена и уште е во некои случаи,иако сметам дека нема потреба од тоа.
Денес веќе не владеат истите стереотипи за сексот и сметам дека нема потреба од симнување ѕвезди и мољацкање на16 годишни цурици (или сега можеби 14 годишни,напред оди светов),доколку крајната цел е сексот.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
опсесивно чувство спрема некоја личност, при што забораваш на сите останати и поприлично оглупваш
 

Kajgana Shop

На врв Bottom