Се извинувам за отварењето на нова тема не успеав да ја забележам а не ни имаше слични :S.
Така е јбг ја не видов ништо добро од тоа па затоа е боље да се мисли дека не постои таква работа
.
Колку години имаш? Не си видел ништо добро? Боље е да се мисли дека не постои таква работа?
Да дојде некој дедо или баба на 80 години и да ми кажат дека љубов не постои и дека е подобро да не постои, ќе ги разберам, проживеале низ животот, па имаат став. Иако не би се согласила со тоа.
Ако нешто те повредило, не е љубов. Љубовта не повредува, луѓето се оние кои повредуваат. Тоа што си направил грешки на тоа поле, не значи дека треба да ја деградираш љубовта.
И можете сите што сакате да мислите, ама љубовта е насекаде. Љубовта е се, љубовта е алфа и омега, љубовта е она заради кое што постоиме и смислата на се што постои.
Љубовта е СОВРШЕНА. Единствено совршенство на светов е љубовта. Тоа што луѓето не се, тоа е друга работа. Љубовта постои итекако и тоа богами во големи количини, но луѓето сами бираат да бегаат од неа и да ја отфрлаат од себе.
Престанете со научни докажувања, науката не може се да објасни, посебно не љубовта.
Ако некој ме повредил, најмалку од се ќе престанам да верувам во љубов. Тоа ќе ме поттикне уште повеќе да сакам, барем ако јас не осетам љубов, да му покажам на друг како е да се биде сакан.
Не сум осетила возвратена љубов во вистинска смисла на зборот, но сум сакала, сакам и ќе сакам.
Луѓето се себични, сакаат да бидат сакани, а не сакаат да даваат љубов. Е па додека е тоа така, ќе има скепса околу љубовта. Се додека е така, луѓето ќе мислат дека таа постои.
За да осетиш љубов и да сфатиш дека таа постои, првиот чекор е да дадеш љубов, да се дадеш себеси.
Ќе те повредат, да, но тоа се луѓе, но љубовта ќе ги излечи сите рани кога тогаш и едноставно се што било лошо ќе исчезне.