Понекогаш каузалноста на настаните кои верижно еден на друг се надоврзуваат знае да не подведе во заблудение дека и се има смисла.
Оваа филозофска замка е примамлива за сечиј мозок бидејќи одговара на најчесто поставеното прашање. Корените на овој феномен веројатно лежат
во способноста/потребата на човекот да пронаоѓа шеми и патерни дури и онаму каде што нема никаков смислен ред.
Одговорот на прашањето, "А зошто луѓето паѓаат во таа замка?" е поврзан со генетската структура на нашиот вид. Имено, многу научници вклучувајќи го и Саган имаат поставено солидна хипотеза која вели дека овој феномен, кој јас би рекол дека е вид на пареидолија, се појавил кај луѓето како вид средство при концептот на преживување во склоп на сочувување на ордата. Оваа карактеристика им помагала на нашите предци да се снаоѓаат во тешки временски услови со значително намалена видливост, распознавање и разоткривање на прикриена непријателска орда и слично.
По долга еволуција, потребата да се најде смисла и шема во се што гледаме е остаток од тие времиња.