Што е смислата на постоењето?

A

AnFem

Гостин
Како мислиш да го "изведе" одговорот во пракса, какво е тоа изведување? И зошто "одговорот" а не одговорите?
„Одговорот“ затоа што од било кој агол да ја гледаш вистината, сепак вистината е една. „Изведе“ затоа што кога ќе се дојде до суштината, т.е. одговорот на поставеното прашање, тоа некој треба да го практикува. На пример: Смислата е надградба и „усовршување“ на духовен план, пронаоѓање на вистинскиот ти итн. Која е целта ако ти дојдеш до оговорот, каков и да е и не го примениш?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Поентава на темава е токму тој агол. Затоа што да ја знаеш вистината од сите "агли" е можно само ако имаш омнипотентност. Тие агли се различните перцепции, и за нив се дискутира. Човекот е ограничено суштество, и неможе да ја контемплира бесконечноста, затоа и нема само еден Одговор, туку има повеќе одговори. Во спротивно ако го знаевме Одговорот, темава ќе требаше да биде во подфорум статистика, а не филозофија.
Што се однесува до практикувањето, се слагам со тебе. Без искуството, зборовите се само бесмислени звуци.
 
Проблемот е што мнозинството не е стигнато до својот агол. Голем дел нема ни да стигне, а некој што ќе стигне, сигурно нема преку тема на форум, затоа реков дека ми е дебилна темава. Оние што дошле до одговорот, нема да не‘ просветлат тука, така да дискусијата во врска со ова ми нема поента. Инаку далеку од тоа дека не треба да се размислува во врска со ова.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Проблемот е што мнозинството не е стигнато до својот агол. Голем дел нема ни да стигне, а некој што ќе стигне, сигурно нема преку тема на форум, затоа реков дека ми е дебилна темава. Оние што дошле до одговорот, нема да не‘ просветлат тука, така да дискусијата во врска со ова ми нема поента. Инаку далеку од тоа дека не треба да се размислува во врска со ова.
Колку покомплексна е една структура, толку поголема важност за нејзино разбирање има секој нејзин агол, без разлика колку мал и да изгледа.
До Одговорот не дошол никој, но затоа сечиј одговор е оној агол, кој е дел од целата таа комплексност.
Форумот и темава се само еден начин, а постојат начини и начини!
Мене лично да бидам искрен, не ми е логично некој да смета одредена тема за дебилна, а сепак да учествува во нејзината дискусија. Но секој со своето.:)
 
Дадено беше само објаснување зошто е тоа така, ти ме вовлече во дискусија :)
 
Член од
3 јули 2012
Мислења
162
Поени од реакции
28
„Одговорот“ затоа што од било кој агол да ја гледаш вистината, сепак вистината е една. „Изведе“ затоа што кога ќе се дојде до суштината, т.е. одговорот на поставеното прашање, тоа некој треба да го практикува. На пример: Смислата е надградба и „усовршување“ на духовен план, пронаоѓање на вистинскиот ти итн. Која е целта ако ти дојдеш до оговорот, каков и да е и не го примениш?
Ако вистината е само една....а точно е дака е само една ....
и кога ќе се дојде до неа, само ти останува да ја спроведеш во пракса....а тоа да го направиш, фактички ја спроведуваш вистината во пракса... и со тоа се усовршуваш....совршен круг
.....
 
L

Luki Junior

Гостин
Некојпат човек ного се занесува и се утепува од мислејне да одлуче за шо точно живее.... Наместо да излезе до вонка и да се прошета.... да виде нешто, да науче нешто, да осете нешто различно.. У самата природа има толку ногу неоткриени нешта, места, животинки, растенија шо ни са видени доволно. Доволно е да се осетеш дека местото ти е негде тук, а не там... Пушти сите сетила на макс, и осети се дел од самата природа.. У неа си роден, и у неа ке си умреш... А дали ќе напрааш нешто од таа шанса зависе само од тебе и твојо однос према неа...

излези сеј некое дрвце... најади се киселец, откради некоја слива од комшијата и апни си ја... Надиши се на чист воздух.. Сеј си китки, запеј си песна... Не требе човек да се стега од сопствената душа...

А за потрагата по насилната и чиста вистина.. тава си е изгубена битка... 1 000 човеци, 1000 вистини..
 
L

Ligeia

Лесно ти е тебе другарче...
 
L

Luki Junior

Гостин
Затоа што задоволство ти причинува материјалниот и сетилниот а не мисловниот и идеолошкиот свет. :)
Од идеологија глава боле.... Политичка идеологија, животна идеологија, материјална идеологија, образовна идеологија, новинарска идеологија, филозофска идеологија, општествена идеологија, комшиска идеологија, религиска идеологија.... Сите овие нешта поттикнуват и креират некаков микс за идеолошкио свет у главата на еден човек.
Најинтересното е шо секоја на различен начин те дупе у здрав мозок, поставувајќи ти правила за како да го трошеш времето, како да си ги насочуваш мислите, и за какви мисловни процеси да си ја трошеш сопствената енергија и време...

Самото подведување на една идеја наспроти друга, доведува до искривена слика за самио мисловен синџир и сврзувајне на едно нешто со друго у главата. А ако има искривена слика, и нема некоја најсилна чиста вистина...

Иначе убаво е човек да си филозофира.. Ит мејкс хим фиил импортант... :icon_lol::icon_lol::icon_lol:

И помеѓу сите тие идеологии, човек требе да си најде смислата зашо е жив...

А за сеејетно нешта: Засеј неколку стотина дрва, одржувај ги у живот, гледај ги како растат, как се развиват, силни, зелени, убави, како раѓат плодове па ќе прааме маабет дали е само материјално задоволството или има голема доза на духовно задоволство.:):)
 
Убаво е кога човек го чита Платон.Мене тоа ми претставува духовно задоволство и затоа им го препорачувам и на другите да го читаат. :)
 
Е на мене не ми е баш убаво коа го читам Платон.. Ногу ја тупе по принцип ( а може и јас да не го разбирам... ни сам толку учен, ни па толку паметен).... Ама сам луд фан на Ниче.... Само да можеех да го читам у Оригинал...
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Е на мене не ми е баш убаво коа го читам Платон.. Ногу ја тупе по принцип ( а може и јас да не го разбирам... ни сам толку учен, ни па толку паметен).... Ама сам луд фан на Ниче.... Само да можеех да го читам у Оригинал...
Нормално е дека нема да те разберат за што пишуваш, претерано се има одвоено човекот од природата, за повеќето луѓе урбаната средина е природа и затоа и сите фрустрации и незадоволство.
За тебе кој гледаш како некое дрво кое си го засадил дава живот, кој е свесен за природниот циклус на раѓање, создавање и умирање, си ја почувствувал и суштината на постоењето.
Според мене смислата на постоењето е во креирањето, било да е умствено како научна теорија или идеја или материјално како си направил полици за во соба, ручек од кој цела фамилија ќе е задоволно најадена или си проектирал зграда која ќе ја гледаш секогаш кога ќе поминуваш покрај неа, или си засадил двор со прекрасни работи, си направил фамилија, си ја обезбедил или си и дал насока.
Сите луѓе кои го минуваат животот не оставајќи никаква трага, не е чудно да се чувствуваат неисполнето и да се прашуваат која е смислата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom