Што е смислата на постоењето?

Lady Blue

АМАЗОНКА
Член од
18 ноември 2008
Мислења
31
Поени од реакции
22
Смислата на постоењето е менлива единица.... никогаш иста, никогаш една .....
 
Член од
17 јули 2012
Мислења
11
Поени од реакции
13
Смислата на постоењето на секоја форма на живот во природата е да го продолжи својот вид. Благодарение на нашата повисока свест, ние лугето, за разлика од останатите живи битија на планетава имаме една особина која не разликува од другите, а тоа е потребата да им се даде значење на нештата околу нас, се со цел да се оправда сопственото постоење. Им даваме преголемо значење на сите нешта кои допираат до нашите сетила, мислејки дека така и нашето постоење добива поголемо значење, е сега кој како, на која срана ке се ориентира, зависи од самиот човек во кој правец ке забега.

Се потпираме на религијата, па така добиваме чувство на сигурност, мислејки дека добриот однос со бог ке не спаси од начата неспособност да опстоиме како интелегентна единка на светот.
Се потираме на материјализмот, мислејки дека колку повеке поседуваме, толку сме помоќни, а колку сме помоќни, толку ни е поголемо значењето...
Се потпираме на емоциите, бидејки не сме во состојба да си ги контролираме животинските нагони, а од друга страна се срамиме да признаеме колку животинско има во нас, ама за да бидеме ние по значајни, измиливме емоции кои се во тренд да се следат, без оглед на околностите.
Се потпираме, на духовноста, бидејки давањето преголемо значење на нештата околу нас со цел да му се даде значење на своето постоење скренало во обратен правец, па сме се изгубиле во нашиот мисловен свет, потиснат од суровата и натрупана со материјализам, консумерска реалност...
Се потпираме на науката, на нашата интелегенција, на логиката... всушност и нема посигурен начин да си обезбедиме подобро место на светот кое истовремено не залажува дека одиме нагоре кон врвот иако остануваме тука и завршуваме како обични луге, без разлика на се... и така натаму...

... ах, колку ли само бара нашата душа, колку ли само бара... а колку малку наога, колку ли само малку наога... и пак од почеток, ајде да му дадеме смисла на нашето постоење, па ке почнеме одново и ке им дадеме смисла на сите околности во кои се наогаме, па ке заземеме став и ке се идентификуваме со сите сензации кои поминуваа низ нас и ке кажеме, јас сум тоа, вреден сум поради тие и тие особини, а тие се вредни поради тие и тие нешта кои ме опкрушуваат и се така во круг.
Нема смисла.
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
145
Темава многу ми се допаѓа и е многу дискутабилна исто така.
Мислам дека секој треба да си ја пронајде и открие смислата или причината на своето постоење. Секој мора да си зададе цел кон која ќе тежнее и да се надоградува.
Не постоиме за џабе, сите постоиме со причина и со некоја цел. Различни се само целите и начините кои ги користиме за да дојдеме до нив, исто е постоењето, Или постоиш или не постоиш. Додека постоиш треба да оставиш нешто зад тебе што ќе биде сведоштво на твоето постоење, нешто за кое следните генерации ќе можат да се потсетуваат на него и со гордост да раскажуваат.
Ова е само некое мое видување, стручно објаснување за смислата на постоењето немам.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
True Meaning of Life… In Just 3 Words.

All is One: Wrong

All is Nothing: Wrong

Just be Yourself: Wrong

Follow Your Heart: Wrong

All is illusion: Wrong

All is Love: Wrong

Be Here Now: Wrong

I am God: Wrong

I am nobody: Wrong

Bliss, Being, Consciousness: Wrong

I am That: Wrong

All is Mind: Wrong

All is Emptiness: Wrong

All is Buddha: Wrong

All are Enlightened: Wrong

Tick Tack Toe: Wrong

Then Finally….

I Don’t Know: RIGHT

:coffee:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
- "Што е смислата на постоењето?"


- "Да живееш."
 
D

dirty angel

Гостин
Ова не е воведен пост кој поставува прашање на кое читателот се заинтригирува да го искаже своето мислење. Ова е прашање со даден одговор.
Како и да е. Темава си е во Философија и Психологија што значи дека ќе биде бесмртна бидејки никој не е доволно компетентен да го даде точниот одговор.


Мојата теорија? Нема смисла...that's just the way it is. По некоја случајност сме раса со доволно голема интелигенција за да се сомневаме во нашето постоење. Тоа не значи дека има причина за нашето постоење. Исто како што не значи дека ако мајмунот нема способност за апстракна мисла и не се сомнева во неговото постоење - дека не постои.
ко да го иам дискутирано ова негде...хмм
Јас мислам дека баш овде можеме да го дадеме нашето мислење за постоењето. Ја сфатив твојата компарација со мајмунот и се согласувам со истата.
Сигурно има логичка причина зошто сме сега, овде на овој свет, но за жал не знам кога ќе ја осознаам истата (и дали). Сепак, живеам, се радувам на подарокот наречен живот, и живеам за да еден ден оставам мои потомци... тоа е мојата теорија ;).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom