Болно е кога нас не ни е возвратена љубовта. Се нервираме и се обвинуваме себеси дека можеби не сме доволно добри за да ја осовиме љубовта на сругата личност, без разлика дали е тоа пријателска, помеѓу партнери или родителска.
Следен пат кога ќе треба ние да бидеме оние кои треба да ја возвратат љубовта, пред да речете не, размислете како ви било, или би ви било на вас доколку се случи такво нешто.
Не мора секогаш да биде возвратена истата љубов. На оној/онаа кој/а Ве сака, а вие не го/ја гледате само како другар/ка, не мора да и се возврати со таква љубов. Возвратете и со другарската. Само тогаш сите ќе бидат среќни и задоволни. Ниту тој/таа повреден, ниту вие растргнати помеѓу чувства.
И двете се лоши работи. Да не возвратиш, всушност значи да не знаеш да љубиш. А да не ви е возвратена, всушност значи дека барате љубов од човек кој не знае што е тоа.