Што е подобро: Прениски или превисоки очекувања?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Прениските не те исполнуваат,превисоките те разочаруваат.Но за да се движиш по нагорна линија во животот,постепено (не од дно до врв без скали),треба секое наредно очекување да биде повисоко од претходно.Во спротивно нема градација на успеси,градација на самодоверба и повисок животен стандард.Ако имаш очекување чистење година во февруари,можеш да го направиш тоа.Потоа ќе поставиш завршување на фах,упис на постдипломски,завршување,упис на докторат и докторирање.Понатаму во таа област само се надоградуваш,едноставно си исполнет,целта е остварена,очекувањата исполнети.Но не застануваш таму,туку ги префрлаш очекувањата на друго поле,професионално.И таму има цел највисока,но до неа има многу скали.Или пак семејство,спорт,се друго останато.Етапа по етапа нема промашај:wink:
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Уф тешко прашање, според мене е битно да не се оди во екстреми, бидејќи колку очекувањето е поголемо толку и разочарувањето ќе биде поголемо кога тоа очекување нема да се оствари. Од друга страна пак прениските очекувања ретко кога водат до големи успеси. Значи треба да се држи баланс и да се научиме да не ги фаќаме сите работи здраво за готово, ништо на светот не се мора, речиси се може да се измени. Треба да имаме високи очекувања но и да знаеме дека не е крај на светот ако не ни се исполнат и дека треба да продолжиме напред уште посамоуверено
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Подобро е да имаш прениски очекувања зошто помалку можеш да се разочараш. Ако имаш превисоки очекувања, можноста тие да не се остварат е голема што може лошо да влијае врз персоната и да доведе до разочарување!
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Skoro sekogas imam previsoli ocekuvanja.Najcesto sum svesna deka se previsoki i deka ima gooolemi sansi da ne mi se ipolnat,pa ja razgleduvam i taa opcija,taka da mnogu retko se razocaruvam.
Niski ocekuvanja ne mozam ni da si gi formuliram,neznam kolku niski da si zamislam..ne sum naviknata.Recisi sekogas funkcioniram po princip na se ili nisto.I podobro mi e nisto,otkolku nesto,a ustvari nestoto mi se gleda kako nisto.
Mozebi e najdobro da se drzis do nekoja sredina,ama koj ne mozi podobro e da ima povisoki otkolku preniski ocekuvanja.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
незнам стварни какви очекувања имам на некои работи сум преголем песимиста а на други пак се надевам,ретки се случаите кај шо сум се надевала и се оствариле...стварно незнам
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Според вас,што е подобро - човек да има ниски очекувања и надежи дека ќе му се оствари нешто или високи?
Златна средина. Да се надеваш дека ќе се случи добро, ама да знаеш и дека има опција да се случи лошото.
За мене ова е непознат поим. :)

Дали оние кои имаат прениски очекувања секогаш добиваат повеќе од оние со повисоки очекувања?

Не мислам така. Мислам и дека нема врска тоа што го мислиш, има врска тоа што дејствуваш.
На пример, ти ако немаш научено за на испит, џабе ќе ти биди ако очекуваш да положиш, а немаш напишано ништо.

Дали кога не очекуваш ништо сепак добиваш нешто,за разлика од кога премногу очекуваш и дури и да добиеш нешто,добиваш помалку од што си очекувал?
Јас имам високи очекувања, можда и превисоки. Поради тоа, кога ќе го видам резултатот, паѓам и многу си го удирам газот. Затоа што сум очекувала премногу, а не сум добила ништо.
Јеби га. Не можам никако да ја научам таа лекција.

Гледате да имате ниски очекувања или високи?
Не гледам, не се ни обидвам да имам ниски очекувања. Таква сум, и да, поради тоа многу страдам и невидено се разочарувам.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Песимиста сум. Никогаш немам големи очекувања, што е и нормално после толку разочарувања.:kesa:
 
Член од
28 август 2008
Мислења
4
Поени од реакции
0
po moe podobro e da imas poniski ocekuvanja i povisoki ke ispadnat od sopstveno iskustvo koga mislis deka nesto dobro ke se sluci nikogas ne ispagja taka
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Теоретски гледано, подобро е човек да има прениски очекувања, па во случај да добие нешто само би бил среќен, а доколку има високи очекувања, и не му се остварат би бил разочаран...Ама...тоа првото не ве потсеќа малку на песимизам, за разлика од второво што е по оптимистички?
Јас сум оптимист што значи дека имам високи очекувања, меѓутоа скоро секогаш реално гледам на работите и за тоа какви се шансите тоа нешто да се оствари. И мислам дека доколку на нешто се надеваш има поголеми можности тоа да ти се оствари, отколку да не очекуваш ништо...
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Помали очекувања, бидејќи кој идеме на голема журка или некој голем настан очекуваме многу и не проаѓаме убоо бидејќи милиме да се случи нешто големо натприродно а пак кој одиме негде и не очекуваме многу ќе пројдеме убоо и мало убаво нешто да се деси.
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Ни едното ни другото.Имало и пред нас луѓе пред кои се има поставено овој проблем.
Стигнале до решение дека најдобро е да се подготвуваш за најлошото а да го очекуваш најдоброто.Така јас делувам.
 
Член од
4 јануари 2009
Мислења
11
Поени од реакции
0
Па јас мислам дека поубаво е да очекуваме помалку бидејќи ако очекуваме повеќе а не ни се оствари тоа ке се разочараме .... ама сепак нај нај најубаво е да бидеме реални во своите очекувања.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom