Што е компјутер и колкава е нашата информатичка писменост?!

SteF

I love this Kich
Член од
19 март 2006
Мислења
2.183
Поени од реакции
1
Јес да школо си е школо, ама никој професор нема да те научи на некои ствари ако сам не чепкаш и не заебеш нешто ( без разлика дали е софтвер или хардвер ), па да го поправиш и така го стекнуваш своето искуство. и тука исто така желбата е битна (дали ти имаш желба да заебеш нешто или не).
Ја лично повеке искуство стекнав од што сам ебевав некои ствари неголи у школо што 4 години му ги тупеа, али не викам дека школото е ептан тапа.
Иначе бисери за ком. има пуно: час за почетници и проф. им вика на партиципиентите, поместете го маусот над иконата My Computer и некој од нив, ни две ни три зимање маусот , шлап на монитор над MY Computer и завршил работа.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.453
Поени од реакции
7.881
Јас овие основни познавања од компјуетрите ги стекнав на неколку етапи. Првин киснев во едно нет кафе во МКЦ со една весела дружина и седевме по цел ден за 30 денари, нормално ги префрлија компјутерите само да на ги „искористуваме”. Таму од другарчиња шо знаеја повеќе од мене прашував еден прашував друг и научив многу од основните работи.
Потоа на факултет учевме Офис, не дека не знаев основните работи но таму навистина научив многу финти за офис и научив како да најдам ако има уште нешто што ми треба.
Кога почнаф да работам во нет кафе пред 3 години научив да чепкам хардвер и да инсталирам Уиндоуз. Научив и основни работи у корел и фотошоп.
Изгледа писмен сум :)

Малку офтопик: Кога служев војска бевме 3 четни евидентичари од кои еден обавезно одеше на стража а друг по потреба. Доаѓа поручникот во канцеларија и прашува кој сака да оди сега на стража. И целиот затрупан со хартии викнаф јас господина сакам да одам. И тој на мене, бегај бре кој после ќе ми куца документи тука, овој футбалерот ќе иде.
 

cyberlady

стара чупа
Член од
2 ноември 2005
Мислења
329
Поени од реакции
11
Што е ПЕНТИУМ?

Иако не е совршен, Пентиумот не е лош. Јас сум премногу добра
Се во се Тој претставува достоен противник за Мене
Предизвик да бидам со Него

Кога и да се обидам да му се приближам
Пресметува некоја сметка
Рамнодушен е, искалкулиран, свој

Најубавото е тоа што многу сме слични
И затоа се трудам да бидам Јас Таа која го програмира
:)
 

Allita

Слика има тон нема
Член од
7 декември 2005
Мислења
2.184
Поени од реакции
12
Пентиум е закон во суштината на нашето постоење...:pos: :pos: :pos:
 

Carlito Brigante

Хаусмајстор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
844
Поени од реакции
8
Па право да ти кажам то се 90% од user-иве на компјутери. Мислиш децава прават нешто повеќе? Тие ни Start->Programs->Games-> не го прават, нив игрите им се на desкtop и само прават power и двоклик на warcraft.
Едно комшивче од маало ми даде да ја пробам една игра. Едно чудо кракови и виртуелни драјвови и што ли уште не. На крај го викнам да ми ја инсталиса. Детето ми тури иконка на десктоп, и ми објасни дека се стартува со десен клик :).

Друго сакав да кажам, еден роднина од Струмица на децата им беше зел компјутер од овде. Пред да го однесе во струмица ме замоли да го „наполнам” за децата да имале шо да работат. Го „полнам” јас и во еден пресуден момент ме праша „Кај да ја барам Северина”. Звучеше како да таа доаѓа во комплет со Media Player и Notepad на компјутерот.

Сепак, не е срамота што постарата генерација не знае да работи на компјутер. Жално е што голем процент од мојата генерација е компјутерски потполно неписмена. Ко шо кажа некој Start->Games-> ... типови кои се жалат дека немало работа, а завршиле факултет.
 

cyberlady

стара чупа
Член од
2 ноември 2005
Мислења
329
Поени од реакции
11
Несовршен

Allita напиша:
Пентиум е закон во суштината на нашето постоење...:pos: :pos: :pos:
Првиот Пентиум грешел во сметката. Никој не е совршен.
:)
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Баба Мара мирца на 80 години
Навечер Мара Митревска се конектира на Интернет и останува будна до доцна во ноќта, за да полафи со своите најблиски во Европа и во Австралија
Осумдесетгодишната Мара Митревска секоја вечер излегува од информативниот мрак во битолското село Гермијан и преку Интернет виртуелно патува кај своите блиски во Европа и во Австралија. Таа на стари години одлучила компјутерски да се описмени, за преку мирцање да полафи со своите најблиски роднини во странство. Старицата останува будна до доцна во ноќта, за преку Интернет да допре до Австралија. Мирца за да разбере како течат подготовките за свадбата на нејзината 27-годишна внука, која во животот ја видела само на слика.

- Господ да му даде здравје на тој што го измисли ова чудо. Компјутерот ми е единствениот начин да бидам постојано во врска со син ми Владо и снаата Севда, кои пред 28 години заминаа во Сиднеј, Австралија. Од тогаш ниту дошле да ме видат ниту јас сум отишла кај нив. Сега ќе ја мажат внука ми Кристина, а јас наместо да и' заиграм на свадба, и' испраќам честитки преку Интернет - низ солзи раскажува старицата.

Таа користи Интернет и за да биде во контакт со двете ќерки, Драгица и Јагода, омажени во Шведска. Единствениот син Славко, кој од семејството Митревски остана во Македонија да ја догледа старата мајка, не можејќи да ја гледа како тагува по чедата распрскани низ светот, одлучил да и' купи компјутер. Старицата првпат почнала да „четува“ пред четири месеци. Почетничките компјутерски потези ги направила со помош на помладите гермијанци, кои докажаа дека компјутерот и Интернетот не се баук дури и за 80-годишна старица.

- На Интернет сум поврзана преку телефонска жица и секој месец од пензијата издвојувам околу 500 денари за да го платам овој луксуз. Но, воопшто не жалам за парите, оти ова ми е единствен начин да бидам блиску до своите пред да заминам на оној свет - вели баба Мара.

ЕТЕ, КОЈ РЕЧЕ ДЕКА НЕМА СТАРЦИ ПО НЕТОВ....
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Имам впечаток дека Америте се далеко понапред од Европјаните во информатичката писменост. Бидејќи во секојдневната работа ми се потребни некои каркатеристични потрошни материјали кои не се произведуваат секаде, морам редовно да порачувам од странство. Контактирам со неколку компании од Италија, Германија, Англија, Унгарија, САД и Бразил. Кога порачувам од Италија обавезно тоа го правам по три пати зошто или некој не ја примил нарачката или ја примил ама не пренел понатаму па на крај ме информираат дека за потврда на нарачката преку е-маил им треба и порачка преку факс, зошто факсот е едноставна машина која има само едно зелено копче (најчесто) и е доволно комплицирана за еден Италијанец. Кога работам со Америте вообичаено е доволно само онлајн побарување на веќе готов формулар да направам и инстант ми стига маил или факс со веќе предвидени термини на испорака, број на лет, цена, додатни трошкови итн. Од овие земји што ги наредив погоре по квалитет на информатичка писменост би ги наредил вака САД>Англија>Бразил>Германија>Унгарија>Италија>Македонија. Бразил можеби ве изненадува што е толку пласиран високо но тоа е мојот впечаток од моите лични контакти. Немам соработка со Азиските земји но мислам дека би биле високо на листата. Македонија сеуште е ниско пласирана според мојот впечаток, можеби поради непознавање и на англискиот јазик од постариве генерации. Со намалување на цената на интернет пристап и веројатно ова би се подобрило. Можеби само пазарната регулација на софтверот да биде дополнително отежнување но сликата сепак полека се подобрува.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
606 напиша:
Имам впечаток дека Америте се далеко понапред од Европјаните во информатичката писменост. Бидејќи во секојдневната работа ми се потребни некои каркатеристични потрошни материјали кои не се произведуваат секаде, морам редовно да порачувам од странство. Контактирам со неколку компании од Италија, Германија, Англија, Унгарија, САД и Бразил. Кога порачувам од Италија обавезно тоа го правам по три пати зошто или некој не ја примил нарачката или ја примил ама не пренел понатаму па на крај ме информираат дека за потврда на нарачката преку е-маил им треба и порачка преку факс, зошто факсот е едноставна машина која има само едно зелено копче (најчесто) и е доволно комплицирана за еден Италијанец. Кога работам со Америте вообичаено е доволно само онлајн побарување на веќе готов формулар да направам и инстант ми стига маил или факс со веќе предвидени термини на испорака, број на лет, цена, додатни трошкови итн. Од овие земји што ги наредив погоре по квалитет на информатичка писменост би ги наредил вака САД>Англија>Бразил>Германија>Унгарија>Италија>Македонија. Бразил можеби ве изненадува што е толку пласиран високо но тоа е мојот впечаток од моите лични контакти. Немам соработка со Азиските земји но мислам дека би биле високо на листата. Македонија сеуште е ниско пласирана според мојот впечаток, можеби поради непознавање и на англискиот јазик од постариве генерации. Со намалување на цената на интернет пристап и веројатно ова би се подобрило. Можеби само пазарната регулација на софтверот да биде дополнително отежнување но сликата сепак полека се подобрува.
Јас во ова твоево не би ја ставил Македонија. Ти збориш за пополнување барања и формулари на интернет, стигање потврди и слични ствари. Па кажи ми која компанија нуди вакви услуги преку интернет, освен една-две што продаваат храна, една за компјутери и мобимак. Освен тоа на никој не му е сигурно да нарача преку интернет во оваа држава. Не само што не знаеме што ќе се случи со нарачката или парите туку и немаме сите интернет за да се развие тој начин на работа. Не викам дека фирмите се криви. Тука крива е државата што интернет користиме само 10% од населението, а од тие 90% користат dial-up и како да работи со таков интернет кога еден саат ќе му треба да го отвори формуларот...
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.008
Поени од реакции
10.917
dexterce, дај размисли убаво пред да отвориш тема каде ќе ја ставиш.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.453
Поени од реакции
7.881
Андроник па темава е печена за во општи муабети. Добра забелешка.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.008
Поени од реакции
10.917
Од кај најдовте општ муабет? Оваа тема спаѓа во форумот Компјутери, а од четирите понудени најдобро се совпаѓа со оперативни (без оперативен како ќе работиш на компјутерот)

Или не мислите или терате инает.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
lolllzzz а иначе кај ја имав ставено? Ок од сега тебе ќе те прашвам кај да ги редам.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.008
Поени од реакции
10.917
Абе во општи муабети ја имаше отворено. Провери, уште е линкот таму. Нема смисла, не постирај секаде. Ова по втор пат те опоменувам, третиот нема да биде во пост.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Спрема мене темава ја отворив како општ муабет во врска со форумот Компјутери и технологија и општо компјутерската писменост. Е сега секој муабет си има своја тема горе долу така да во општи муабети има многу теми кои би можеле да одат на поконкретни форуми. пример (Сакам и вљубен сум лудо! - Љубов и секс, Bushav во квизот 60 секунди - Играчница, Започнува обновата на скопската зоолошка градина - Политика и вести, Војска - да или не, и зошто? - Право...) и уште многу други. Сепак на темава отворена е една општа дискусија кај што не се употребуваат којзнае колку стручни поими. Мислам дека половина и повеќе од форумов ќе се сложат со мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom