Што е компјутер и колкава е нашата информатичка писменост?!

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.611
Поени од реакции
7.976
Е сега. Бидејќи оваа тема е општ муабет за Компјутери и технологија треба да стои некаде во овој форум. Бидејќи е најблиска до оперативни, треба да стои овде.

Што се однесува за другите теми, си во право само за неколку. Играчница не е за квизови, туку за играње меѓу членовите. Тие теми не се префрлени, зошто има толку многу работа низ форумов што неможе одма да се стигне се.И не е работата дали ти мислиш така или дали половина (или повеќе) од членовите ќе се согласат со тебе. Работата е во правила кои требаат да се почитуваат,а ти гледам не ги разбираш сосема. Ако не можеш сам, можам јас да ти дадам одредено време да ги научиш, 2, 3 дена, зависи.

Или научи што и каде да го постираш или ќе се караме. (А јас тоа не го сакам)
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Ok ти имаш сила на форумов не јас. Потполно ми се јасни правилата и за тие две теми сеуште стојам на зборот дека местото им е во општи муабети. Мислам многу е поважна содржината на темата одколку во кој форум е поставена. Јас за тие што не сум најсигурен каде им е местото ги редам во општи муабети. Не ја ставив во љубов и секс па креваш паника. Испаѓа на форумов тој што отвара нови теми кој се труди и е активен, со дрва и камења ќе фрламе по него. Ако толку ти копа очи местото на темата префрлиго немора да ме опоменуваш. Оваа тема е стра две недели, два-три админи оставија постови па не дадоа никакви забелешки.
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Jane напиша:
Јас во ова твоево не би ја ставил Македонија....
Да во право си но ја ставив чисто за компарација и затоа е најдоле.
 

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Najgolem "biser" sto go imam cueno e koga gi kompjuterizirali nekoi od bankite pred 15-esetina godini, CD-romiot go koristele za ostavanje na kafeto i puls se cudele kako toa i im teknalo na amerite da go izmislat, mnogu prakticna rabota . :)
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Добро, цела страница направивте карајќи се кај да се стави темава!!!
Подобро такви ствари администраторите да праќаат по п.п. Вака ја расипувате цела тема!
 
Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160
Абе татко ми изгледа е феномен и исклучок,човек со 50 и курус години, и знае многу добро да работи со комјутери. Имал комјутер од 1978 па навака прво со Atari 2600, комодоре 64м, 128, 086,284,486, P-1 итн. Иначе јас за мене морам да кажам дека сам се учев зашто татко ми ми ги кажа најосновните команди во дос и ми рече еве ти книга земе и учи, мене никој не ми покажувал и сам сум научил па тогаш можеш и ти и тоа на околу 5 години. Па колку време сум се мачел дур го откриам редоследот на комадите за да екстактирам ARJ архива и колку пати сум го заебувал комјутерот и татко ми ќе ми речел ти го заеба сега земи и направи го така се учи. Ако јас ти го средам нема ништо да научиш. И се ова на 5-6 години ејј, јас си викав абе овој ќе ме полуди јас копил од двај знам да читам и пишувам ама сега сум му благодарен
 
Член од
21 март 2009
Мислења
7
Поени од реакции
0
Темава ти е супер братче и нема од шо да има страф никој не е совршен и ти не си знаел си научил па така и сите ......секој по некое мислење и сите ке добијат некакво си познавање ...поздрав темава е супер
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Добра тема брат. Мислам дека во Македонија има компјутерска писменост ама има и такви кои брат не знаат и која е всушност правата намена на компјутерите. Јас сум од постарата генереција која почна Windows 95 na 486 машина (интересен ми е зборот машина остана да се употребува во компјутерскиот жаргон иако компјутерот воопшто не е машина). Познавам доста луѓе кои купија компјутери од причини само ним познати (не зборуваме за интернет конекција), можеби поради релативно ниските цени. На прашањата што ќе им е компјутер имам добивано ваков одговор: "Му треба на малиот за у школо".........:vozbud::vozbud::vozbud:
Што можам друго освен да се насмеам убаво и да си речам во себе АБЕ ЗА КУРАЦ МУ Е КОМПЈУТЕР ЗА ШКОЛО КОГА НЕМА ИНТЕРНЕТ А И ДА ИМА ПАК НЕМА ДА УЧИ СО КОМПЈУТЕРОТ ТУКУ САМО ИГРИЦИ ЌЕ ИГРА.
Е тука доаѓаме и до една друга констатација. Обично тоа им е оправдание на постарите кога наместо децата да играат игри на нив честопати постарите ги среќаваме седнати како играат игри.
И денес после 15 години можам да констатирам дека има и такви кои имаат Facebook профил а незнаат кој оперативен систем имаат на компјутерот...ова е жива вистина. (кога ова го слушнав не ми се веруваше).
:toe::toe::toe:
 
Член од
18 април 2007
Мислења
372
Поени од реакции
32
иако компјутерот воопшто не е машина
А што е? Дедо Мраз? :smir:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
267
Поени од реакции
82
Добра тема брат. Мислам дека во Македонија има компјутерска писменост ама има и такви кои брат не знаат и која е всушност правата намена на компјутерите. Јас сум од постарата генереција која почна Windows 95 na 486 машина (интересен ми е зборот машина остана да се употребува во компјутерскиот жаргон иако компјутерот воопшто не е машина).
o_O

Познавам доста луѓе кои купија компјутери од причини само ним познати (не зборуваме за интернет конекција), можеби поради релативно ниските цени. На прашањата што ќе им е компјутер имам добивано ваков одговор: "Му треба на малиот за у школо".........:vozbud::vozbud::vozbud:
Во денешно време компјутерот станува интегрален дел од општествениот живот (тука вклучувајќи го и образованието на децата), како што било на времето со телевизијата и телевизорите.

Да речам дека е смешно, ако во денешно време некој не е компјутерски образован, скоро сите ново отворени работни места во државава на некој начин имаат потреба од вработениот да знае да работи на компјутер. Ќе речеш што ќе му е познавање за користење на компјутер на шофер и автомеханичар, ама ако погледнеш подлабоко еден шофер што транспортира пијалоци и цигари користи рачен компјутер за евиденција колку има истоварено и каде, еден поасален автомеханичар треба да има компјутер со апликации и сонди за едно обично штелување на моторот од колата итн., ова ти се типични примери.

Што можам друго освен да се насмеам убаво и да си речам во себе АБЕ ЗА КУРАЦ МУ Е КОМПЈУТЕР ЗА ШКОЛО КОГА НЕМА ИНТЕРНЕТ А И ДА ИМА ПАК НЕМА ДА УЧИ СО КОМПЈУТЕРОТ ТУКУ САМО ИГРИЦИ ЌЕ ИГРА.
Интернетот е неопходен во секоја сфера на животот и работењето на компјутер ? Се чудам како живееле возрасниве и децава до пред 3-4 години, ништо повеќе од тоа. Кога некое дете ќе се роди одма му се даваат алати за да работи или му се купуваат играчки со кој почнува да расте и учи ? Исти е принципот и за компјутерот, некое 9-10 годишно дете освен со игри со друго неможе да го заинтересираш, еден ден неговиот интерес ќе стане поголем од самите игри и ќе почне да истражува други работи со помош на компјутерот, се почнува од игра.

Е тука доаѓаме и до една друга констатација. Обично тоа им е оправдание на постарите кога наместо децата да играат игри на нив честопати постарите ги среќаваме седнати како играат игри.
И денес после 15 години можам да констатирам дека има и такви кои имаат Facebook профил а незнаат кој оперативен систем имаат на компјутерот...ова е жива вистина. (кога ова го слушнав не ми се веруваше).
:toe::toe::toe:
Незнам зошто не ти се верува во нешто што и треба да биде така ? Еве ти уште еден типичен пример со колите, 90% од тие што возат кола знаат како работи моторот, што софтвер има во нивните нови коли со компјутери итн. ? Или освен дека кога ќе им светне на шалт-таблата сијаличето за бензин и сервис колата треба да ја однесат до одредената дестинација која покажува, и ништо повеќе од тоа не треба да направат.
 
H

^HITMAN^

Гостин
Што е компјутер? Машина која како и сите останати не поседува никаква интелигенција и нема да направи ништо за вас ако вие тоа не го побарате од неа или не знаете да го изработите на неа. Патем првиот дел од прашањето ви е за во форумот - ХАРДВЕР. Затоа и не би сакал на форум за оперативни системи и програми да ја објаснувам работата на компјутерот или од што тој се состои, кои се неговите делови... и затоа дадов дефиниција која би одговарала на овој форум.Овие две прашање кои сте ги споиле не одат заедно.:nenene:
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Според мене компјутер... компјутер е персонална алатка, која треба да му помага на човекот во извршување на секакви работи, како на пример решавање на математички задачи, и овозможување на полесно живеење (стики пораки, office...)

Но за што се користи навистина компјутерот:
ИГРИ. После интернет... но игрите, се навистина... незнам. Како само играчка конзола да е :)
 

x7Monster

kajgAnster!
Член од
4 декември 2009
Мислења
325
Поени од реакции
6
Кај мене дома сите знаат по нешо да работат на компјутер:)Али да ви раскажам малку смешна случка.Си идеме од школо, и една момичка, вика ај саа да кажуваме шо компјутере имме.И сите почнаа да кажуват,интел,асус,ејсер лаптоп, мислеше дека другте незнаат, и ја питаме а ти шо компјутер имаш,
и вика ЕЛЏИ ТЕНОК ЕКРАН.Хаха, се валевме од смеа :)
 

serious

If you need me, whistle
Член од
6 февруари 2009
Мислења
147
Поени од реакции
10
Компјутер имам уште од 9 години, кога излегоа 386-ки. Тоа ми беше прв компјутер.
Кога добив Pentium 1, тоа беше ... Никој во малото незнаеше да отвори ништо, додека јас се учев дома. Уште кога бев мал ме интересираше на кој начин работат програмите, како да направам јас некоја програма, но немав материјал од каде да учам.
Пред одприлика 5 години кога го купив овој компјутер, се заразив со играње игри, што подоцна видов дека ништо не добивам со нив.
Пред 2 години ставивме интернет, и почнав да скапувам пред компјутер како што треба.
Игрите ги заборавив, и почнав да учам како да го користам интернетот како што треба, да работам со програми, еве сега се учам како да правам програми.
А татко ми доста знае околу компјутери (му покажував кога бев малечок), додека мајка ми единствено што знае е како некој пример горе, да отвори Solitaire и да игра карти.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Кај мене дома сите знаат по нешо да работат на компјутер:)Али да ви раскажам малку смешна случка.Си идеме од школо, и една момичка, вика ај саа да кажуваме шо компјутере имме.И сите почнаа да кажуват,интел,асус,ејсер лаптоп, мислеше дека другте незнаат, и ја питаме а ти шо компјутер имаш,
и вика ЕЛЏИ ТЕНОК ЕКРАН.Хаха, се валевме од смеа :)
Со други зборови, си го меревете е-патлакот.

:pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom