Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 184 47,1%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    391
Член од
24 октомври 2011
Мислења
6
Поени од реакции
3
ne deka jas sum nekoj vernik , no smetam deka ako isus bese navistina bog ne ke dozvolese da go ubijat i da go raspnat
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
ne deka jas sum nekoj vernik , no smetam deka ako isus bese navistina bog ne ke dozvolese da go ubijat i da go raspnat
Не беа клинците тие што го задржаа Христос за крстот. Таму го задржа Неговата огромна љубов спрема нас грешниците.
Крстос беше најглавната причина заради која што Исус дојде на овој свет. Неколку саати пред да го распнат Исус молејќи се во маслиновата градина рекол:

„Сега, Мојата душа е вознемирена, и што да кажам, "Татко, избави Ме од овој час?" - Но, заради тоа и дојдов до овој час!“ (Исус, ев. Јован 12:27, Библијата)

Неколку дена пред Христовото распнување Исус им кажал (предвидел) на апостолите дека кога ќе отиде во Ерусалим таму ќе биде убиен, но дека на третиот ден ќе воскресне. Петар, размислувајќи од човечка перспектива, го тргнал насамо и се обидел да го предомисли Исус, дека штом е таква работата, тогаш подобро да не одат во Ерусалим, за да не го убијат нели. Но видете што му одговара Исус:

„И почна да ги учи дека Човечкиот Син треба да пострада многу и да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците; дека ќе Го убијат и дека по три дни ќе воскресне. И тоа го зборуваше отворено. А Петар Го зеде насамо и почна да Го укорува. Но Тој се заврте и ги погледна Своите ученици, го укори Петра и рече: „Оди си од Мене, сатано, зашто ти не мислиш за она што е Божјо, туку за она што е човечко.”“ (ев. Марко 8:31-33, Библијата)

А што било Божјото? Зошто Исус вели „заради тоа и дојдов до овој час!“? Зошто било потребно Исус да умре?
Библијата на десетици места го дава овој одговор. Всушност тоа е централната, најсуштинската и животоважна порака на Библијата ткн. евангелие = добра вест. А таа порака е дека ние заслужуваме смрт за нашите гревови, НО дека Христос со Својата смрт плати за нашите гревови и со тоа не спаси од вечната казна и ни подари вечен живот. Секој кој вистински верува во Исус добива простување на гревовите и вечен живот.

„Сите (луѓе) згрешија и лишени се од Божјата слава“ (Римјаните 3:23, Библијата)
„Заслуженото за гревот е смрт“ (Римјаните 6:23, Библијата)
„Но Бог ја покажа Својата љубов спрема нас, со тоа што Христос умре за нас додека уште бевме грешници“ (Римјаните 5:8, Библијата)
„Христос умре за нашите гревови...“ (1 Коринтјаните 15:3, Библијата)
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, па секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. “ (ев. Јован 3:16, Библијата)
Итн.

Токму во Христовото распнување се гледа Неговата божественост. Во сите човечки религии луѓето им жртвуваат на своите богови животни, јагниња, курбани, а некои дури и сопствените деца. Во христијанството Самиот Бог жртвувал дел од Себе за да го спаси своето создание - човекот. Христијанскиот Бог не седи на престолот намуртен заманувајќи со камшикот по секој што ќе згреши. Христијанскиот Бог ја вади круната, се симнува во дупката на паднатиот човек и го вади од таму. Тоа е доказ за вистинскиот Создател Кој го љуби своето дете.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Ако некој однапред знае дека ќе воскресне, дека нема да умре, на кој начин тоа е жртвување? Ако јас скокнам од 10 кат, ама однапред знам дека нема да умрам, дали сум се жртвувал?
Како може ние да заслужуваме смрт за нашите "гревови", кога нели бог е семоќен и сезнаен? Да се биде сезнаен, значи да знаеш што ќе следи во секој момент,. а да бидеш семоќен, значи да можеш да направиш се! Тогаш, ако твојот бог знаел се, и можел да стори се, зошто не создал какви што не создал?
И зошто морал да жртвува било што за да прости?!
Токму во Христовото распнување се гледа Неговата божественост. Во сите човечки религии луѓето им жртвуваат на своите богови животни, јагниња, курбани, а некои дури и сопствените деца. Во христијанството Самиот Бог жртвувал дел од Себе за да го спаси своето создание - човекот. Христијанскиот Бог не седи на престолот намуртен заманувајќи со камшикот по секој што ќе згреши. Христијанскиот Бог ја вади круната, се симнува во дупката на паднатиот човек и го вади од таму. Тоа е доказ за вистинскиот Создател Кој го љуби своето дете.
Бог жртвувал дел од себе, за да ги спаси луѓето од тоа што ќе им го направи тој самиот, ако не го прифатат како единствен пат и вистина?! Многу благородно нема што!
Исто како убиец кој ќе ти стави пиштол на чело и ќе ти рече, ќе ти го спасам животот, ако прифатиш да ми ги дадеш сите пари од касава.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не беа клинците тие што го задржаа Христос за крстот. Таму го задржа Неговата огромна љубов спрема нас грешниците.
.......
Токму во Христовото распнување се гледа Неговата божественост. Во сите човечки религии луѓето им жртвуваат на своите богови животни, јагниња, курбани, а некои дури и сопствените деца. Во христијанството Самиот Бог жртвувал дел од Себе за да го спаси своето создание - човекот. Христијанскиот Бог не седи на престолот намуртен заманувајќи со камшикот по секој што ќе згреши. Христијанскиот Бог ја вади круната, се симнува во дупката на паднатиот човек и го вади од таму. Тоа е доказ за вистинскиот Создател Кој го љуби своето дете.
После еден куп месеци повторно истите тези, истите прашања и иститие одговори. Јасно дека дискусијата на вакви теми на крај се сведува токму на ова, повторување на подзаборавени тези, кои би требало да делуваат еднакво бомбастично како и првиот пат. Но не бива така.

Прашањата, барем клучните што се поставуваат не се вртат околу Исус, туку околу неговиот татко.

Неспорен е (според мое лично размислување) неговиот однос кон луѓето во тоа време, неговите говори и неговите убедувања кои се далеку пред своето време, а богами и пред ова време. Она што Исус го зборува и ги учи останатите е нешто слично на утописки комунизам, кој можеби и ќе го дочекаме.
Не би ги спорел и неговите моменти на чудесно лекување болни. Веројатно било така.

Тргајќи од една друга теорија, од друга димензија, од метафизика не би го спорел ни неговото воскреснување, иако би сакал да добија точна дефиниција што е тоа воскреснување.

Сето ова горенаведено би можело да помине во речиси секоја дискусија етикетирано како "можеби точно" или "малку веројатно".

Но каде во сета оваа работа е неговиот татко. Тука е Чорбаџи проблемот.
Каде е неговата семоќност? Каде е неговата сезнајност? Каде е неговата потреба да го жртвува синот човечки за да не си го погази зборот?

Ако можеме да зборуваме за сета големина на Исус и неговите дела, и да го величиме, дури и да ја прифатиме тезата за негово воскреснување и истата ја донесеме на пиедестал, дали можеме истото да го кажеме за неговиот татко?

Неговиот татко е со сосема спротивн карактеристики од човекољубецот Исус кој и животот свој го дал за нас.

Неговиот татко заедно со неговата семоќност, е тој што не успева со милениуми да се премисли и да ни прости за првичниот грев на Ева. Тоа ли е љубов кон своето дело, или се вика некако другачије во психологијата таа состојба?

Исус го жртвувал своето земско битисување од љубов кон луѓето, а неговиот татко не може да ја тргне казната смрт од тие што ги сака!?! Чуму толку заобиколување, и немање желба да се искористти семоќноста за да ги избави саканите? Или можеби не сме сакани? Или пак не е семоќен!?!

На ова треба да се одговори Чорбџи, на овие банални недоследности и контрадикторности. Тоа е она што го спорат со страници и теми наназад луѓето кои не се теисти.

Незамисливо е да не сакаш да ја употребиш семоќноста да им донесеш благодет на своите најмили. Тоа секое нормално човечко суштество ќе го направи за себе и своите најблиски. А ние, човечките суштества сме створени налик на таткото на Исус и според неговиот образ. НЕЛИ?
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
404
Поени од реакции
115
Прашање до Чорбаџија:

-Ако Исус се жртвува за нас за да не спаси од првобитниот грев, т.е. за да ја очисти нашата огревовена природа тогаш, која е денес смислата на религиозните догми?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Прашање до тие што сакаат да знаат што е Исус.
Што сте вие?
Не верувам дека ни 1% овде на темава знаат кои се.
А сакаат да знаат кој бил некој друг.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Прашање до тие што сакаат да знаат што е Исус.
Што сте вие?
Не верувам дека ни 1% овде на темава знаат кои се.
А сакаат да знаат кој бил некој друг.
Игорче, што е за тебе Исус?
Сериозно те прашувам...
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
А зошто рабови божји, прашувате залудно кога Исус проговори, а други запаметија и запишаа...

Откровение 22-16
Јас, Исус, го испратив Својот ангел, да ви го посведочи ова на црквите. Јас Сум корен и род Давидов; сјајната ѕвезда Деница!”

Синот на зората, носителот на светлината, што би рекол старозаветниот пророк Исаија...:)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.206
Поени од реакции
12.202
А зошто рабови божји, прашувате залудно кога Исус проговори, а други запаметија и запишаа...

Откровение 22-16
Јас, Исус, го испратив Својот ангел, да ви го посведочи ова на црквите. Јас Сум корен и род Давидов; сјајната ѕвезда Деница!”

Синот на зората, носителот на светлината, што би рекол старозаветниот пророк Исаија...:)
Исус не праќа ангел(некакво нечовечко битие), праќа поштар - Messenger обичен смртник (на старогрчки пишува во новиот завет ангелос). Грчкиот јазик не познавал во тоа време такви битија како анѓели... имале даимонос... како духовни битија...
Така да... тие запишаа и заебаа работа... и сега ние се докажуваме :)
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
6
Поени од реакции
3
Не беа клинците тие што го задржаа Христос за крстот. Таму го задржа Неговата огромна љубов спрема нас грешниците.
Крстос беше најглавната причина заради која што Исус дојде на овој свет. Неколку саати пред да го распнат Исус молејќи се во маслиновата градина рекол:

„Сега, Мојата душа е вознемирена, и што да кажам, "Татко, избави Ме од овој час?" - Но, заради тоа и дојдов до овој час!“ (Исус, ев. Јован 12:27, Библијата)

Неколку дена пред Христовото распнување Исус им кажал (предвидел) на апостолите дека кога ќе отиде во Ерусалим таму ќе биде убиен, но дека на третиот ден ќе воскресне. Петар, размислувајќи од човечка перспектива, го тргнал насамо и се обидел да го предомисли Исус, дека штом е таква работата, тогаш подобро да не одат во Ерусалим, за да не го убијат нели. Но видете што му одговара Исус:

„И почна да ги учи дека Човечкиот Син треба да пострада многу и да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците; дека ќе Го убијат и дека по три дни ќе воскресне. И тоа го зборуваше отворено. А Петар Го зеде насамо и почна да Го укорува. Но Тој се заврте и ги погледна Своите ученици, го укори Петра и рече: „Оди си од Мене, сатано, зашто ти не мислиш за она што е Божјо, туку за она што е човечко.”“ (ев. Марко 8:31-33, Библијата)

А што било Божјото? Зошто Исус вели „заради тоа и дојдов до овој час!“? Зошто било потребно Исус да умре?
Библијата на десетици места го дава овој одговор. Всушност тоа е централната, најсуштинската и животоважна порака на Библијата ткн. евангелие = добра вест. А таа порака е дека ние заслужуваме смрт за нашите гревови, НО дека Христос со Својата смрт плати за нашите гревови и со тоа не спаси од вечната казна и ни подари вечен живот. Секој кој вистински верува во Исус добива простување на гревовите и вечен живот.

„Сите (луѓе) згрешија и лишени се од Божјата слава“ (Римјаните 3:23, Библијата)
„Заслуженото за гревот е смрт“ (Римјаните 6:23, Библијата)
„Но Бог ја покажа Својата љубов спрема нас, со тоа што Христос умре за нас додека уште бевме грешници“ (Римјаните 5:8, Библијата)
„Христос умре за нашите гревови...“ (1 Коринтјаните 15:3, Библијата)
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, па секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. “ (ев. Јован 3:16, Библијата)
Итн.

Токму во Христовото распнување се гледа Неговата божественост. Во сите човечки религии луѓето им жртвуваат на своите богови животни, јагниња, курбани, а некои дури и сопствените деца. Во христијанството Самиот Бог жртвувал дел од Себе за да го спаси своето создание - човекот. Христијанскиот Бог не седи на престолот намуртен заманувајќи со камшикот по секој што ќе згреши. Христијанскиот Бог ја вади круната, се симнува во дупката на паднатиот човек и го вади од таму. Тоа е доказ за вистинскиот Создател Кој го љуби своето дете.
i zosto bog bi se zrtvuval za nas gresnicite , koga toj nas ne sozdal,vopsto ne mi se dopaga toa , jas go cenam tvoeto objasnuvanje, no nema bas nikakva logika,, bog da se zrtvuva za ...............i poftorono si stojam na moeto iskreno razmisluvanje, . moe seopfatno razmisluvanje.. ako isus bese bog,ili sin gospodov. ne ke dozvolese da go ubijat i da go raspnat. po moe razmisluvanje od gore navedenata anketa ovie dva predlozi,, spored mene se otvrlaat., bi sakala da mi objasnis nesto poveke za svetiot duh..
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Исус е лик во филмот Тетовирање.Го глумеше Кирил Поп Христов - Кили.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Игорче, што е за тебе Исус?
Сериозно те прашувам...
Он е, а тоа што е нема врска со мене......во однос
на тоа што бил ЗА мене. :)
Евангелијата се можеби преправани.
А и да не се не ги пишал он.
А и да ги пишал пак немаше да знам. :)
Oсвен ако не поразговарам со него нема да знам кој бил.

Можам само да ги делам истите спознавања со него.
Или евентуално од некој(некои) други кои ги напишале
евангелијата....а богами и апокрифите.
Oд тука доаѓаат сите мои цитати од евангелијата.

Во моето срце од друга страна секогаш ќе има посебно место, затоа што во моментите кога сум мислел дека
"не сум од оваа планета" :) бил првиот кај кого сум нашол
сличности. Можеби имало влијанија, не било предмет на
медитација и контемплација......како и да е.

Неговата моќ од друга страна да ги менува луѓето
на подобро е мистерија, вербата во него кај многу
христијани е благотворна.
Би го спомнал неговиот баланс помеѓу силите на
"доброто" и "злото", кој е од неверојатно значење за
човековото постоење на планетава.
За овие неколку работи сум сведок лично, а колку се
лажам тоа времето ќе покаже.
Како и да е, дел од перцепцијата е која секогаш е
дисторзирана, кога "погледот" ти е на "надвор".

Така да доаѓаме до моментот кога ќе "заклучам"
дека не знам кој бил....a и не би можел да знам.
Барем сега за сега.
За да знаеш некого, истиот треба да ти даде дозвола
прво па после се друго.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom