Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 183 46,9%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    390

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Во право си. А кој тебе те повика да ги толкуваш евангелијата? На пр., Св. Василиј Велики го протолкува целото Писмо уште во 4-от век, така да ти доцниш едно...


(пауза)



...16 века после Великиот. А веројатно сметаш дека ти „подобро„ ги толкуваш евангелијата?
Јас ги читам, не ги толкувам

А кој му рекол на Василиј да ги толкува??
што беше толку нејасно на сите што тој мораше да го толкува??
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас ги читам, не ги толкувам

А кој му рекол на Василиј да ги толкува??
што беше толку нејасно на сите што тој мораше да го толкува??
Читањето е саде половична работа. Ти „фали„ толкувањето.

А Св. Василиј е од Црквата повикан, а ради својот благочестив подвижничи живот и живот во благодатната енергија Божја.

Она што е нејасно во Писмото, Светиот го разјасни за да не се „досети„ некој самоповикан па да почне саде да чита и да не мрдне понатаму од прочтинаното, па така прочитаното а нерастолкуваното, таквиот самоповикан да почне да ги шири наоколу и со тоа да ги соблазни сличните на себе.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Се толкуваат нејасни работи
За мене светите писме се јасни

На некој можеби му треба толкувач.
Некој кој не разбира, не му е јасно, чита и се прашува “што е сега пак ова??“
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Donjas, постов ти пати од навреда кон Мајката Божја, но пошто е тоа твој пост, нека падне гревот на твојот грд. А за тоа како Мајката Божја зачнала од Светиот Дух и како останала девојка/дева и после раѓањето Христово, тоа останува Тајна-Тајна која ниту Светиите не се впуштаат да ја дознаат, а не некои своеглави мудреци, кои сакаат „да знаат„ а не да веруваат.

Види амиго, навреда или не, јас сакам да чујам логично објаснување, како успеала да биде оплодена и да роди а да остане девица?
Затоа не сум верник, извини, ама сепак кога нема логика и реалност во нешто, не би можел да верувам дека се случило.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Види амиго, навреда или не, јас сакам да чујам логично објаснување, како успеала да биде оплодена и да роди а да остане девица?
Затоа не сум верник, извини, ама сепак кога нема логика и реалност во нешто, не би можел да верувам дека се случило.

За тие кои поверувале во Христа Бога и кои го разбиле бетонот на своеглавоста во својот ум, за таквите, се е можно. А останатите, ќе си го тераат животот по свое наоѓање и непрестајно ќе бараат „лочигни објаснувања„ а може и „докази„ за нештата а кои самите немаат претстава како би требало да изгледаат.

ВеќЕ реков: ако Светиите не се достојни да ја осознаат таа Тајна (Тајната на овоплотувањето на Синот Божји во Христа а преку Мајката Божја) која е твојата потреба од „детаљно„ објАснување на таА Тајна? Небаре, ако дознаеш, све друго ќе ти се разјасни и ти „секундарно„ ќе поверуваш во Христа?

Се толкуваат нејасни работи
За мене светите писме се јасни

На некој можеби му треба толкувач.
Некој кој не разбира, не му е јасно, чита и се прашува “што е сега пак ова??“
Ајде Лет3. кажи ми што значи овој стих, оти верувам дека си јак на толкување:

„...И ако те солбазнува раката твоја, отсечи ја; подобро е за тебе без рака да влезеш во животот, отколку да имаш две раце и да отидеш во пеколот, во неизгасливиот оган...„.(Марко, 9.43).
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
За тие кои поверувале во Христа Бога и кои го разбиле бетонот на своеглавоста во својот ум, за таквите, се е можно. А останатите, ќе си го тераат животот по свое наоѓање и непрестајно ќе бараат „лочигни објаснувања„ а може и „докази„ за нештата а кои самите немаат претстава како би требало да изгледаат.

ВеќЕ реков: ако Светиите не се достојни да ја осознаат таа Тајна (Тајната на овоплотувањето на Синот Божји во Христа а преку Мајката Божја) која е твојата потреба од „детаљно„ објАснување на таА Тајна? Небаре, ако дознаеш, све друго ќе ти се разјасни и ти „секундарно„ ќе поверуваш во Христа?
Па ако некој ми докаже дека постои и сето тоа како се десило.. ке поверувам дека постоел..

Ако за таквите се е можно.. створи ми инстантно едно 1000 000 евра..
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да, да, и јудеите од Христа бараа доказ во облик од „знак на небото...„, демек, „...само Ти Христе напрај чудо и ние, можеби да а можеби не, ќе Ти поверуваме дека Ти Си Месијата....„

А што се однесува до твоите 100 „хиљадарки„, сметај дека веќе ги имаш од мене, лично, и тоа гратис.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Ајде Лет3. кажи ми што значи овој стих, оти верувам дека си јак на толкување:

„...И ако те солбазнува раката твоја, отсечи ја; подобро е за тебе без рака да влезеш во животот, отколку да имаш две раце и да отидеш во пеколот, во неизгасливиот оган...„.(Марко, 9.43).
Тоа значи да ја отсечиш раката ако те соблазнува.
Ако не те соблазнува не ја сечи.
Тоа е твој личен избор и мислење.
Дури и бог не ти се меша. значи ТЕБЕ ако те соблазнува твоја рака (десна или лева) отсечи си ја.

И коса ако ти влегува во очи ќе ја потстрижиш, и ноктите ако ти сметаат ќе ги сечиш, и окото ако не те бендиса ќе си го ископаш.

Јас не знам што тука некој има нешто да толкува. Светите писма се дадени да се читаат и да се следат неговите закони заповеди и прописи.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Браво, мислим, сеа, овака...

Ето, ќе те предложам за официјален кривотолкувач на стихови од Писмото, со твоја дозвола, нормално, за да не се жалиш после по форумов дека некој на нешто те принудил, разбираш.

А што се однесува до толкувањето на стихот, за тоа и „изворните„ би можеле да ти позавидат.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Браво, мислим, сеа, овака...

Ето, ќе те предложам за официјален кривотолкувач на стихови од Писмото, со твоја дозвола, нормално, за да не се жалиш после по форумов дека некој на нешто те принудил, разбираш.
Јас не знам зошто толку се поттценуваш и се плашиш сам да си ја прочиташ и разбереш библијата. Гледам само бараш некој да ти протолкува, да ти објасни, појасни.....
Оставаш впечаток на паметно дете , мислам (мое лично мислење) дека премногу се врзуваш и потпаѓаш опод туѓи мисли.
дедо боже не ти го дал мозокот за да биди потчинет на некој друг.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас не знам зошто толку се поттценуваш и се плашиш сам да си ја прочиташ и разбереш библијата. Гледам само бараш некој да ти протолкува, да ти објасни, појасни.....
Оставаш впечаток на паметно дете , мислам (мое лично мислење) дека премногу се врзуваш и потпаѓаш опод туѓи мисли.
дедо боже не ти го дал мозокот за да биди потчинет на некој друг.
Веќе јавно се познати еден куп своеглави фаци (Лутер, Калвин, Цвингли, Смит, Вајт и тн....), кои се впуштија во (своеглаво) читање па и толкување на Писмото и од таа своеглавост се изродија повеќе самонаречени „цркви„ кои и ден-денес, упорно се множат и тррдат дека тие „најточно„ го толкуваат Писмото.

Моето внимане се сости во тоа, да и јас не ја повторам нивната грешка-ако некој згрешил, не морам и јас да згрешам.

А во православната Црква, еден од основните услови да се биде нејзин член, е потребата од немање доверба во своето мислење. Ако секој поединец тргне од своето високоумие и гордост и во таква состојба на духот-возгордеаноста, се впушти во читање и толкување на Писмото, нема да ме чудо создавањето на уште една самонаречена „црква„ која ќе тврди дека најдобро го познава Писмото.

Во православната Црква, подвижниците имаат можност да го толкуваат Писмото, ради нивниот начин на живеење-живот во покајание, пост, молитва, откажување од Светот, откажување и контрола врз своите страсти и похоти-значи се она кое световните самоповикани толкувачи ем го немаат, ем се впуштаат во толкување на Писмотот, за кое (толкување) никој не ги повикал , освен тие, самите себе.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VIP
Член од
16 ноември 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
Bozji Pratenik.......Isus i nikade i nikogas nerekol deka e Bozji sin !!!!
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ајде Лет3. кажи ми што значи овој стих, оти верувам дека си јак на толкување:

„...И ако те солбазнува раката твоја, отсечи ја; подобро е за тебе без рака да влезеш во животот, отколку да имаш две раце и да отидеш во пеколот, во неизгасливиот оган...„.(Марко, 9.43).
Се извинувам што се мешам, ама сакам да се обидам да одговорам:

Мислам... у ствари, сигурен сум дека овој стих значи: Не дркај! ... ОК...покултурно, значи „Не мастурбирај“...

Сега јас да те прашам нешто, ако може. Дали ти, како понизен верник, мастурбираш? ...и, пошто одговорот на ова ќе го земам здраво за готово (пошто си верник покорен и послушен, нели) ќе одговорам наместо тебе - „Дибек, па ја не мастурбирам - тоа е грев голем!“

...па затоа јас ќе те прашам поинаку:
„Што правиш кога имаш влажни сништа?!?“ ... што правиш кога, на пример, таков сон ќе имаш со колешката од финансии или со комшијата од карши? Или со мајка ти? (за ова не се азаебавам, Фројд вика дека секој здрав маж барем еднаш во животот има еден влажен сон со сопствената мајка - некој се сеќава, некој не, ама тоа е тоа - архетип за жена = мајка)...

И уште едно: Што правиш кога ќе се попалиш? ...како верник, мислам...


---------------------------------------------
Мики... абе ти да поминеш покрај огромна, колку зграда голема духовност, обоена у жуто и црно, и да ти вика со мегафон, на уво: „Микиии, ја сум Духовност, Микииии!!!“ - тешко да ќе ја забележиш... Мое мислење - може грешам.

Маркус, бриши ако сакаш - не се љутам ич. Мерак ми беше, со намера духовита. Не верувам дека Мики ќе се наљути...

А во православната Црква, еден од основните услови да се биде нејзин член, е потребата од немање доверба во своето мислење.
Дали има тука јунак да реагира на ова? И од верниците и од другиве? Ако ја земам да пишувам, пак ќе искочам сељак. Срам ми е више.
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
obicen smrtnik manipulator i najgolemata farsa koja ikad postoela.bil i dosta iskompleksiran licnost koj za vreme na rasnuvanjeto mu se luti na semokniot tate zasto ne go odbranil od tolpata koja go raspnala na krst
 
Член од
10 ноември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
3
А имаш ли докас дека исус е бог?
Кога Мојсеј беше на планината Синај, зборувајќи со Бог, го праша кое е Неговото име, а Тој одговори: "ЈАС СУМ КОЈ СУМ", и рече: "Ова ќе им го кажеш на синовите Изреилеви: 'ЈАС СУМ' ме прати кај вас" (Излез 3:14).


Во Јован 8:58 Исус вели: "Вистина, вистина ви велам, уште пред да се роди Авраам, ЈАС СУМ."

Верувајте Ми дека Јас Сум во Таткото и Таткото е во Мене (Јован 14:11)

А кога (Исус) им рече:"Јас Сум", се тргнаа назад и паднаа наземи. - Јован 18:6

А тој рече: "Верувам, Господине", и Му се поклони. - Јован 9:38
( zar isus ako ne bese BOG,ke dozvolese da mu se poklonat???)

Таа повторно Му се приближи и поклонувајќи Му се рече:

"Господи, помогни ми! - Матеј 15:25

та во името Исус да се поклони секое колено на оние кои се на небото,
на земјата и под земјата - Филипјаните 2:10

Исто така знаеме дека Божјиот Син дојде и ни даде разбирање, за да Го
познаеме Вистинскиот, а ние сме во Вистинскиот, во Неговиот Син Исус
Христос. Тој е вистинскиот БОГ и вечен живот. 1 Јованово 5:20

Уште докази???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom