Вчера, домашни пралини со путер од кикирики
Потребно е:
15 мини калапчиња за бомбици
100 гр темно чоколадо
4 лажици млеко
1 лажица несолен путер
2 лажици путер од кикирики
На пареа се топи чоколадото со млекото и несолениот путер, да стане густо, но не течно. Ако е течно, додадете какао, ако е густо, млеко.
Одвојте ги калапчињата за бомбици и прво ставете тенок слој чоколада (јас во ѓезве топев и ми е многу практично за истурање) и оставете да се стегне (може и во фрижидер 10 минути).
Потоа ставете по малку путер од кикирики на секое калапче и повторете со втор слој чоколада.
Оладете во фрижидер околу половина час и служете. Се вадат од хартијата и се како мини Сникерс