Што готвите во моментов?

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Мислам дека се надминав себеси со мусакава. Класичниот рецепт + со мои тајни зачинчиња и од ѓутуре љубов. Плус, јорганче од матени јајца, млеко и малку фета озгора.
mus.jpg
 
Член од
5 октомври 2012
Мислења
1.951
Поени од реакции
1.169

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Гравче тавче и мислам дека киснењето цела ноќ му е мајката. На дното на садовите ставив листови суво месо, истурив грав чорба со обична запршка со црвен пипер и сол и се крчкаа половина час. Во варењето имаше еден цел кромид, две морковчиња, суво нане и една пиперка. Украсив со домат.
gravce.jpg
 
G

Gaymer

Гостин

Attachments

Последно уредено од модератор:
S

silmarillion

Гостин
Кој е тој македонски шеф со два мишелина а никој не го дознал до сеа? БТЊ за кој хотел Москва станува збор?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Eve vaka eden peanut butter chocolate cheesecake[DOUBLEPOST=1507058000][/DOUBLEPOST]
уфф тоа погачата...marry me
Може да споделиш како го правиш ова, ако не ти тешко?
 
G

Gaymer

Гостин
Може да споделиш како го правиш ова, ако не ти тешко?
Искрено ја утнав по грешка сум земал топена зденка ама не беше солено и брзо го снема[DOUBLEPOST=1507403937][/DOUBLEPOST]Амерички палачинки
 

Attachments

Последно уредено од модератор:

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Вчера, домашни пралини со путер од кикирики
Потребно е:
15 мини калапчиња за бомбици
100 гр темно чоколадо
4 лажици млеко
1 лажица несолен путер

2 лажици путер од кикирики

На пареа се топи чоколадото со млекото и несолениот путер, да стане густо, но не течно. Ако е течно, додадете какао, ако е густо, млеко.

Одвојте ги калапчињата за бомбици и прво ставете тенок слој чоколада (јас во ѓезве топев и ми е многу практично за истурање) и оставете да се стегне (може и во фрижидер 10 минути).
Потоа ставете по малку путер од кикирики на секое калапче и повторете со втор слој чоколада.
Оладете во фрижидер околу половина час и служете. Се вадат од хартијата и се како мини Сникерс :)
22290095_10155686610888516_2280064993538758278_o.jpg
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Искрено ја утнав по грешка сум земал топена зденка ама не беше солено и брзо го снема
Дома може да си направиш маскарпоне.

Иначе со шумско овошје е поубава комбинација. Еве едно од мене.

22220015_1291279547647629_8079549215672407179_o.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom