Skorp
That guy...
- Член од
- 30 јуни 2010
- Мислења
- 1.198
- Поени од реакции
- 2.240
Праќај рецепт
Прв чекор - стартер (Poolish).
100 грама брашно тип 00
100 мл вода
3 грама квасец
2 грама мед
1.Мешаш ова некоја минута дур не се соединат и во сад со капак (немој во мал сад оти ке прелие) го оставаш да седи 1 саат на собна температура.
2.После 1 саат го ставаш во фрижидер 16-24 часа макс.
400 грама брашно исто тип 00
225 мл вода
15 грама сол
3-4 мл маслиново (по избор)
Ова го мешаш заедно со стартерот (2-3мин), го покриваш со мокра крпа и го оставаш да седи 30 мин.
Месиш околу 6-7 мин и го оставаш повторно со мокра крпа 15 мин.
Месиш пак околу 5-6 мин и формираш топка (гледај јутуб за техники ова е многу битно).
Топката ја покриваш во сад со капак и седи уште 24 часа во фрижидер (Ова е екстра чекор кој додава на вкус не мора да го правиш).
1 саат ја оставаш топката да седи на собна температура (ова ако се одлучиш на екстра 24 часа) и после тоа правиш тесто топки од 280 грама (за 280 грама е рецептов).
Ги формираш убаво и пазиш на техника и ги оставаш на собна температура (немој на ладно) да седат 2-3 саата. Треба дупло да нараснат.
Гледај на јутуб како да ги шириш и тегнеш тоа е една од најбитните работи.
Пушти слики