Што ви недостига од детството?

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Од детството ми фали безгрижноста...
Ми фалат деновите кога цело друштво се собиравме да гледаме Mortal Kombat и после се тепавме. Исто ми фалат моментите кога се тепавме сите после изгледан филм на Брус Ли.
Воглавно се тепавме.

Ми фалат и деновите кога крадевме јагоди, сливи, јаболка... кога играв фудбал, кога трипати голтнав мува додека играв фудбал.

Ми фалат деновите кога го играв демото од Age of Empires и бев пресреќен.
 

CIL

Член од
21 август 2008
Мислења
750
Поени од реакции
55
Ми недостига играњето фудбал во двор кај еден другар или на улица секој ден и карањето на комшиите да одиме на спортски па после 15 минути пауза, пак да продолжиме по старо.
 

СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Слободното време ,безгрижноста ,играњето од сабајле до навечер,тепачките....мање више то е све.
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
ми недостига играњето фудбал, ракомет, кошарка, хокеј со дрвени стапови и конзерви, пученка и четка (не знам како ги викате тука) и што ли уште не до доцните вечерни часови. ми недостига тоа што не трчкаа дедовците кои не можеа да заспијат од нас. и дуелите со другите маала, исто така, во разни спортови, од фудбал и кошарка, па до мавање со снег или домати:vozbud:
ми недостига поминувањето на цело гратче, за не којзнае каквите крофни од пекарата.
ми недостига организирањето со истото друштво за одење на ракомет, спремањето на посебно дизајнирани тапани, посебни тропалки за раце, знамиња и слично.
ми недостигаат кавгите со другарите за разни фудбалски натпревари и тимови, крадењето на разноразни овошки кои дури не ни се допаѓаа кога ги јадевме...
и најмногу од се, ми недостига безгрижноста...не ми беше гајле за школото (не дека сега се оптеретувам којзнае колку), дали ќе поентирам кај некоја си цура и слично...
и може сум еден од ретките, ама коа бев мал, немав некоја си желба да пораснам...и мислам дека, знаев да уживам и тогаш.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
мајка ми и татко ми.:icon_conf да, жално е ама... ок веќе сум помирена. и можам да зборам за тоа.
а исто така ми фалат и дружењата со децава од маало, игрите, „мудрувањата“, тоа што мислев дека сум попаметна од другите :)poss:), наивноста...
 
P

Psy

Гостин
Ми фали чувството на слобода... безгрижноста.... никакви проблеми...
(сепак мал дел од детето што бев сеуште живее во мене:wink:)
 

Командантица

Како шТо ќе реЧем Ја!
Член од
15 февруари 2009
Мислења
105
Поени од реакции
1
детството во целина,..најубавото нешто што секогаш ќе мечтаам дека повторно ќе се врати..:nesum:
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Од детството ми недостига безгрижноста,играњето жмурка,со барбики,правење манџи од кал,се ми недостига:pipi:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Што ви недостига од детството?

За жал самото детство, камо среќа да не пораснав, да си останев дете.:toe:
 

LiGLaTa

PartY AnimaL =)
Член од
10 јуни 2008
Мислења
310
Поени од реакции
10
Незнам од кај да почнам да набројувамм.. Како прво ми фали старата зградаа и старите другарчињаа.. потоаа ми недостига најубавиот сладолед од кај „семкарот“.. Па когаа подоброо ќе размислаамм се ми фалии.. :toe: Најубавоо е когаа си малаааа:pipi:
 
Член од
6 март 2009
Мислења
14
Поени од реакции
1
mi falat prijatelite,mi fali mojata ulica moite prvi i najiskreni prijatelstva,no se ostana tamu nekade ......
 

Ш Т Е Т Н И К

Досадија
Член од
18 февруари 2008
Мислења
633
Поени од реакции
25
Ми фали од баба Мицка црешата шо ја исече тој син је :nerv:
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Играта Мижи татара :vozbud:
превод=жмурка
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
48
Поени од реакции
2
mi fali razbiranje
od majka mi
i mi fali tatko mi da mu eeeeeee se so ima
 

Kajgana Shop

На врв Bottom