Што ви недостига од детството?

Член од
8 април 2006
Мислења
45
Поени од реакции
0
Па да бидам искрен мене детството не ми недостига затоа што го проживеав ако можам така да кажам во секоја смисла од детството, се она што се мисли детство, а не посакував како многу од вас да пораснам и да излегувам а потоа да ми недостига тој период што нема да се врати никогаш.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Убеденоста дека ме чека убава иднина.:)
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
џамлии :) , турбо мастики!!!! и да играм на ќар на сликички!!! тасо жетони, флипери ....да идам кај директорката ради тепачка и петарди (се сереш у гаќи пред неа, па коа ќе се јави кај тебе дома , леле леле):)
и реченицата....Мамо дај 10 денари :)
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
Мамо дај 10 денари! ТОЧНО! :vozbud: тоа ми недостига!
Ми недостига баба ми, крадењето цреши од комшиите, ѕвонењето на нивните врати, и не знам што друго, не ми е жал што поминало детството.......
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Безгрижноста...фудбал 24 часа дневно,мамо дај 15 денари ( ја играв по 3 жетони :baeh: ) долга магарица,шуто дупе,жмурка,џамлии на мор,турбо сликици,жетони од чипсови,старите епизоди на зимско рекреативна програма...
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Безгрижноста !!!! Кога најголем проблем во мојот живот беше дали да останам дома и да си играм со колички или да иѕлеѕам надвор да играм фудбал. Ми фали жмурка, долгамагарица,играње џамлии, брканица... идруги игри кои ѕа жал се ѕаборавија.
 
Член од
5 декември 2007
Мислења
169
Поени од реакции
0
Безгрижността. Вјарата , че в свата на големите има само лјубов и доброта.И една непостигната мечта....
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.087
Поени од реакции
25.243
само едно ми недостига-време. Се друго се менува и треба да се модифицираме кон тоа. Се што ми недостига е времето што го имам на располагање кое што се редуцира последователно како што годините се наголемуваат.
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
bezgriznosta, mislite deka se e sovrseno,gledanjeto crtani, igranjeto plocka, brkanica...igranjeto so kukli, menjavanjeto so detska posta:pos2: i najmnogu slobodnoto vreme
 

anathestar

...Зима*Снег...
Член од
25 јули 2007
Мислења
269
Поени од реакции
3
Прашај што не... се, ама буквално се што сте кажале!!! Еххх... пто убаво ми беше кога неморав да размислувам за се и сешто, кога бев поспонтана!!! ИИххх ми недостигаат и лулашкитееее, ама во голема мера!
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Ми недостига детското другарување, нема поубво и поискрено пријателство од тоа....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom