Што ви недостига од детството?

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Igranje zmurka ,dzamija,toa sto ne ti e gajle ama bas za nisto sto se desava okolu tebe,ne se zamaras za pari za iskacanje,ne se zamaras za devojki,fakultet, se sto te interesira e koj ima na ulica.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
тоа што неморав да се грижам за ништо,што неморав да мислам кога да се приберам дома,неморав да штедам на пари,дружењата што ги имав,возењето на тој троциклен точак и слободата што ми беше дадена
 

^Cutie^

*Charming Princess*
Член од
22 март 2007
Мислења
869
Поени од реакции
1
Нема да набројувам (ќе излезат многу работи :):):) ) и само ќе кажам се што му фали на секој жив човек :):):)
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Пред се, среќните денови.... А после нинтендото и играта со тенковите и соколот... Леле колку сакам пак да ја играм.... Леле, колку сакам да се вратам у минатото... ех, многу ми фали, самото детство.....
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.978
Поени од реакции
143
Играње на нинтендо, играње фудбал секој ден и мн мн други работи
 
F

FrAnKEnsTEiN

Гостин
ЕЕЕ има многу работи!Коа бев копиљ на улицава имаше уше 10 копиљаци колку мене и имаше уште 15-16 малце постари копиљаци!Се играше жмурка граница долга магарица и други интересни игри!Летно време знаевме сите од дворовите да извадиме цревата и да се прскаме ко ненормални зимно време си праевме бункери и се делевме у групи се млатевме со топки и кршевме носеви по лизгалиците!Има многу многу моменти што фалат од детството!ми фали безгрижноста!Колку чист период е тоа во човековиот стадиум наречен живот!Не се оптеретуваш со ништо најаден,напиен,наспан си немаш проблеми на план љубов немаш проблеми на план факултет или работа едноставно важно ти е само да си купиш турбо мастики што повеќе(по десет одеднаш сме џвакале) само поради тие пусти сликички што ги ќарувавме или губевме на тапка!

Не за џабе постарите секогаш викале еее деца уживајте дур сте мали,или ех колку сакам да се вратам во детството!Епа нема јбг само убави споменчиња ќе ни останат и тоа е се!
 

**The Beauty**

and the beast
Член од
4 февруари 2007
Мислења
552
Поени од реакции
11
Ми недостигаат многу работи... Ми недостигаат модриците по нозете, ми недостигаат сендвичите на мајка ми во 3 попладне пошто ми беше страв да идам дома на ручек да не ме прибере, ми фали играњето серва на игралиште, ми фали играњето макао со дедо Јоско :), ми фалат сите тепачки.. Дури сега сфатив дека стварно ми недостига детството
 
S

Sith_Lord

Гостин
Чувството на безбедност. И покрај сите срања кои ми се случуваа (израснав во прилично турбулентни семејни услови), како мал се чувствував безбедно. No more.

Sith
 
Член од
1 декември 2007
Мислења
39
Поени од реакции
0
Ми фалат моментите кога апсолутно не се замараш многу со мислење како да постапиш за некоја работа. Ми фалат возењето камиончиња, играње фудбал по цели денови, тостовите на баба, спремање на тестовите по математика во 5 до 12..... апсолутно се ми фали од детството. Колку прекрасен период во животот на човекот. А порано посакував да го прескокнам детството и да бидам возрасен. Сега сакам да се врати ..... ама нема :D
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.711
Поени од реакции
13.393
Само безгрижноста... nothing more, nothing less.
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
безгрижноста,жмурка,фудбал,џамија,шуто дупе:) и сите други игри што ги игравме..ми фали дремењето по цел ден надвор,зафрканциите и закачките,сите другари кои се преселија..иам носталгија за детството(т.е.раното детство сеуште не сум којзнае колку голема:))
 
M

**MEMORY**

Гостин
Ми недостига детството и се што сум имала со него... Немав ни обврски, ни грижи за ништо, тогаш знаевме само да се собереме со копиљаците од маало и да уживаме во игрите... Најубавиот период во животот...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom