Да ми недостига нешто... Тешко. Не се сменив многу. Добро, однадвор, и можеби малку ми дојде паметот.
Кај единаесеттата почнав со она "не сакам да пораснам". Па нешто подоцна беше "страв ми е да пораснам". Кого лажам, уште го кажувам тоа. Само, зналчително поретко. Зашто сега мислат дека се зезам. Поарно така.
Единствено чувствувам дека отсуството на една личност измени многу од мене. Личност која никогаш не ја запознав, а да ја запознаев, нештата денес ќе беа поинакви. И за двајцата.
Друга личност, која ја имав на многу кратко. Мислам најсреќна бев тоа време. Прерано ми замина, тоа е тоа...
И старото маало, еве. Тоа би било се`.