Igranje zmurka ,dzamija,toa sto ne ti e gajle ama bas za nisto sto se desava okolu tebe,ne se zamaras za pari za iskacanje,ne se zamaras za devojki,fakultet, se sto te interesira e koj ima na ulica.
тоа што неморав да се грижам за ништо,што неморав да мислам кога да се приберам дома,неморав да штедам на пари,дружењата што ги имав,возењето на тој троциклен точак и слободата што ми беше дадена
Пред се, среќните денови.... А после нинтендото и играта со тенковите и соколот... Леле колку сакам пак да ја играм.... Леле, колку сакам да се вратам у минатото... ех, многу ми фали, самото детство.....
ЕЕЕ има многу работи!Коа бев копиљ на улицава имаше уше 10 копиљаци колку мене и имаше уште 15-16 малце постари копиљаци!Се играше жмурка граница долга магарица и други интересни игри!Летно време знаевме сите од дворовите да извадиме цревата и да се прскаме ко ненормални зимно време си праевме бункери и се делевме у групи се млатевме со топки и кршевме носеви по лизгалиците!Има многу многу моменти што фалат од детството!ми фали безгрижноста!Колку чист период е тоа во човековиот стадиум наречен живот!Не се оптеретуваш со ништо најаден,напиен,наспан си немаш проблеми на план љубов немаш проблеми на план факултет или работа едноставно важно ти е само да си купиш турбо мастики што повеќе(по десет одеднаш сме џвакале) само поради тие пусти сликички што ги ќарувавме или губевме на тапка!
Не за џабе постарите секогаш викале еее деца уживајте дур сте мали,или ех колку сакам да се вратам во детството!Епа нема јбг само убави споменчиња ќе ни останат и тоа е се!
Ми недостигаат многу работи... Ми недостигаат модриците по нозете, ми недостигаат сендвичите на мајка ми во 3 попладне пошто ми беше страв да идам дома на ручек да не ме прибере, ми фали играњето серва на игралиште, ми фали играњето макао со дедо Јоско , ми фалат сите тепачки.. Дури сега сфатив дека стварно ми недостига детството
Чувството на безбедност. И покрај сите срања кои ми се случуваа (израснав во прилично турбулентни семејни услови), како мал се чувствував безбедно. No more.
Ми фалат моментите кога апсолутно не се замараш многу со мислење како да постапиш за некоја работа. Ми фалат возењето камиончиња, играње фудбал по цели денови, тостовите на баба, спремање на тестовите по математика во 5 до 12..... апсолутно се ми фали од детството. Колку прекрасен период во животот на човекот. А порано посакував да го прескокнам детството и да бидам возрасен. Сега сакам да се врати ..... ама нема
безгрижноста,жмурка,фудбал,џамија,шуто дупе и сите други игри што ги игравме..ми фали дремењето по цел ден надвор,зафрканциите и закачките,сите другари кои се преселија..иам носталгија за детството(т.е.раното детство сеуште не сум којзнае колку голема)
Ми недостига детството и се што сум имала со него... Немав ни обврски, ни грижи за ништо, тогаш знаевме само да се собереме со копиљаците од маало и да уживаме во игрите... Најубавиот период во животот...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.