Стварно не знам што се објаснувате на долго и широко зашто би си оделе. И тоа со луѓе кои ќе се дрзнат да јадат трици зашто некој бил ко студент чаши да пере или хамбургери да служи, а они кутри дали знаат мијалникот дома кај им е. Значи турете им пепел, не заслужуваат два реда објаснување.
Немаме сите исти перцепции нити сме карактерно исти за да ни сметаат исти работи. Да не набројувам дека на некои едноставно дома им е дома, нејќаат од нивните да се делат и слично. И тоа е во ред, сите си иаме причини за останување или за селење. Она што ме нервира е кога некој дотолку ќе застане на своја страна од причата, што си се губи во таа прича и изгледа сето тоа смешно. Де малце гледајте пореално на работите, уклучете тоа видиците, видете друга перспектива.
Мене ете тоа ми смета најмногу кај луѓево овде, неспособност да се разбереш ко човек со некој со спротивно мислење. Абе ќе умре и неговото ќе го тера. Следствено, проста раја. Многу ме нервира простата раја во земјава, а поготово академската проста раја.