Што ве натера да се иселите од Македонија?

Што ве натера да се иселите од Македонија?


  • Вкупно гласачи
    194
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.587
Поени од реакции
42.107
Исто и непотизмот треба да се вметне у анкетата, мислам дека е најголема причина за фрустрација кај младите
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
интернетов ве заеба, ги гледате тие белосвецки убаини цело време и сакате да идете таму
Интересно, крај на шеестите ни интернет ни бутур а еден куп народ се исели од Југославија! Плус перспективите и квалитетот на животот општо гледано одеа во нагорна линија.
П.С. Знам дека на шала ти беше постот, да не се трудиш да ми објаснуваш:cool:
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
Хмм, иако има доста работи што ги мразам, а се поврзани со Македонија, се уште во главата не ми се метка јако изразена волја да се исселам од тука.

Кога ќе видиш и дадени околности/настани во светот, ја прават Македонија поарна од било која друга држава, за живеење ;)
Македонија е супер место, само што надворешни сили ја прават неподнослива, зависи, за кого како.
Да не си без платена работа, тоа е битното.

Многу работи што беа дозволени во минатото, сега не се. На пример, се растело Афион и се правело Мак и Опиум. Ама сега нали опиумот е опојно средство па сега е забрането за производство.
И да, испозатворија фабрики, земјоделитето го сузбија, па тоа што уствари беше главен извор на приходи на оваа држава, сега го нема или е неспоредливо помало во однос на минатото... за жал.

Се сменија и оконостите, странски пазари, нови видови услуги, производи, компјутери, телефони, Интернет... се има свој удел во нашата македонска стварност. Многу брзо се сменија работите во последниве 20 години.

Мислам ти фали избор во анкетата, „Не сум исселен од Македонија“.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Бране, шо го смени никот бе?
Пфф, никот е само почеток, сега сум Aussie, планирам и името да си го сменам, Брајан или Брендон или нешто така фенси. И нормално под тоа име да пратам порака у Иселнички џубокс името да не го давате. :oeoeoe:
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Пфф, никот е само почеток, сега сум Aussie, планирам и името да си го сменам, Брајан или Брендон или нешто така фенси. И нормално под тоа име да пратам порака у Иселнички џубокс името да не го давате. :oeoeoe:
Ќе се пцуеме многу брзо, осеќам :D
 
M

Macedon1um

Гостин
Факт е дека повеќето наши се имаат иселено пред се поради економски причини, но се почесто се среќаваат и луѓе кои се солидно финансиски ситуирани а се преселуваат надвор оти во Македонија еден куп работи не се како што треба..

- загадување се поголемо, не се води сметка за здравјето на граѓаните туку стрикно за бизнис интересите на одредена група моќници
- тапа образование, еден куп теорија а слабо пракса
- корупција секаде, почнувајки од образование преку судство до здравство и администрација
- здравството ни оди во надолна линија, младите доктори бегаат во странство, оние постарите што вредат или во приватни болници или пак - странство
- партизирана администрација, додај рамковни тука и се повеќе се оптеретува буџетот на сметка на оние што поштено работат а им се зголемуваат даноците
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Пред некое време прочитав толку добар пост на Твитер, што буквално го опишува она што е главна причина за иселувањето на луѓето.
Цитирам- SheWolf @ubavtojnadada
„Не си одат младите зашо тука нема работа, или немаат пари, деца од доста добро ситуирани семејства се иселија. Луѓето си одат ради општеството, кодошите, предавниците, крадците, криминалците, си одат ради вмешаноста на политиката во секоја сфера од животот.“

Јас не сум исселен. Но, ми е во план. Волонтираш со години, ги бараш своите права, не те плаќаат, не ти даваат документи, те изигруваат, ти лупаат клоцата, и како уопште ни да не си постоел. Не те примаат поради што си Македонец, и примаат луѓе од улица кои што немаат ни ден работно искуство во таа бранша. Дур не ти ја исцедат крвта и сржта, ќе те користат максимум.Сум се борел со крв и пот за работно место, не го добив. Примаат луѓе со партија, со пари... Што да очекувам повеќе? Планирам сиот имот, да го продадам и денар скршен не би остаел во оваа држава, и би си избегал во првата земја која што би ми понудила да бидам нејзин граѓанин.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.672
Поени од реакции
4.153
Да расчистиме уште веднаш. Јас не сакам да се селам, мене ме брка државата, системот врз кој што почива сите овие скоро триесет години. Ако заминам, јас нема да бидам иселен, јас ќе сметам дека сум набркан како непотребен и неподобен за оваа држава. Зошто?
Секој збор на место.
 
Ф

Флеш

Гостин
Со 20/30к плата како млад човек,би биле доволно средства за мирен живот и шетање.А со таа плата,да сакам да имам жена и деца е катастрофа.Сите пари ќе одат за децата,трошоци .Башка куќа да се земе,кола е невозможно .....

Единствена солуција е надвор,работење надвор и вложување тука,за имот и бизнис свој да започнес,тоа е мојата замисла.Надвор да соберам пари,да обезбедам за живот и пензионирање во Македонија ....
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Со 20/30к плата како млад човек,би биле доволно средства за мирен живот и шетање.А со таа плата,да сакам да имам жена и деца е катастрофа.Сите пари ќе одат за децата,трошоци .Башка куќа да се земе,кола е невозможно .....

Единствена солуција е надвор,работење надвор и вложување тука,за имот и бизнис свој да започнес,тоа е мојата замисла.Надвор да соберам пари,да обезбедам за живот и пензионирање во Македонија ....
Ако еднаш отидеш надвор, не се враќаш ти дете па ни како пензионер! Ќе биде ај уште малку да заработам, па децата школо да завршат, внуците да тргнат у школо и оп, дилема дали да си планираш задушница овде или таму блиску до децата!
Кој бизнис бре друшко овде, па овде такви како тебе и мене чекаат, да дојдат со готови пари;)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.440
Поени од реакции
18.420
Оти ја нема главната причина заради која што бегаа луѓето во времето на вемерото, невозвратена љубов?
 
K

kicodarker

Гостин
Реално најголем процент ако размисли трезно уствари и не сака да се исели. Сака да живее во местото кај што израснал, да го гледа да напредува да може да има просперитет, да зборува на мајчин јазик, да слуша македонска музика , да гледа македонски филм, или филм со македонски сабтајтл, да гледа македонски емисии,да чита стрипови на македонски, да функционираат институциите според закон и правилник за работа, да имаат сите еднаква шанса каде подобрите ќе се борат, а не да треба партиска книшка и куп врска за една просечна работа (како вадење пасош,лична карта и сл). Кога основниве критериуми не им се овозможени на луѓето,нормално е да бараат шанса да се иселат во земја каде што тоа функционира. Или постарите би рекле, како порано во југославија,затоа што за големите работи во државата имало кој да се грижи,додека населението спиело мирно затоа што на 1ви имало плата, за да заврши некоја работа одел по истиот принцип како и сите останати, се вработувало според критериуми а не врски и нормално, и волкот кога е сит спие.
 
Член од
23 ноември 2017
Мислења
122
Поени од реакции
85
Имам 22 год и за две год планирам да се иселам само да заштедам малце пари РАЗОЧАРАН СУМ ОД СЕ ТУКА КАЈ НАС ПРВО ОКОЛУ ВРАБОТУВАЊАТА ПА ПОСЛЕ ОСТАНАТО И НЕ ПЛАНИРАМ ДА СЕ ВРАТАМ ВО ОВАА СРАЊЕ ДРЖАВА
 

Kajgana Shop

На врв Bottom