Што ве натера да се иселите од Македонија?

Што ве натера да се иселите од Македонија?


  • Вкупно гласачи
    194

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Можеби до некаде темава е за Општи муабети, мада и тука не е офтопик.

83,7% би се отселиле од Македонија! Ова се вашите одговори на анкетата

Поразителни 83,7 отсто од испитаниците би си заминале од Македонија кога би имале шанса. Ова се резултатите од анкетата под наслов „Кога би можеле, дали би заминале од Македонија“ што Факултети.мк ја објави пред две недели. На прашалникот анонимно одговорија вкупно 1.474 читатели. Интересен е податокот што во првите неколку часа имаше масовно одговарање на трите поставени прашања.
На прашањето „Кога би имале шанса, дали би заминале од Македонија?“ одговорија 1.491 читател. Од нив дури 1.234 (83,7%) одговориле со „да“, 123 (8,3%) се двоумат, додека 117 испитаници (7,9%) би останале во Македонија.
Различни се одговорите за земјата каде што би се преселиле. Германија, Австралија, Канада, Франција, Холандија, Данска, Австрија, Скандинавија, Швајцарија, Словенија, Нов Зеланд, Шведска, САД, Англија... Има и вакви одговори: „Каде било, само не Македонија“, „Подалеку оттука“, „ Во земја каде што владеат закони и каде што има нормален здравствен систем и образование“.

На прашањето: „Зошто би заминале?“ одговорија 1.054 читатели. Најчестиот кус одговор е „за подобар живот“.
20190104-83-7-bi-se-otselile-od-makedonija-ova-se-vashite-odgovori-na-anketata-1.jpg
 

F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
836
Поени од реакции
1.316
Економски причини, професионално усовршување, загадена животна средина, малограѓанштина, судска неправда, корумпирана и неефикасна јавна администрација. Не можам сите под едно да ги гласам.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Не можам сите под едно да ги гласам.
Поентата беше да се извои причина што најмногу ве засегнала, секако дека повеќето опции се сосема валидни за Македонија.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.129
Поени од реакции
13.244
(Не)квалитетот на живот е најсоодветниот одговор. Пред се финансиите го креираат тој неквалитет, бидејќи во денешно време ако имаш пари имаш се. Така да тоа е главниот фактор според мене.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.399
Поени од реакции
9.024
ни едно од сите наведени, ми се здосади, осетив потреба од промена собрав парталот и заминав.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Не сум сеуште иселен, затоа ќе кажам што е тоа што ме тера да размислувам во таа насока по неколку пати дневно и да разговарам на таа тема со моите веќе иселени пријатели...

Да расчистиме уште веднаш. Јас не сакам да се селам, мене ме брка државата, системот врз кој што почива сите овие скоро триесет години. Ако заминам, јас нема да бидам иселен, јас ќе сметам дека сум набркан како непотребен и неподобен за оваа држава. Зошто?

На некој среден рок можеби и би се помирил со ниските плати, ако тие беа единствениот проблем а се останато функционираше релативно добро. Или барем се правеа некакви напори во таа насока, мислам на функционалноста на институциите. На што точно мислам да бидам поконкретен:
Па да функционира здравството, како основа. Ако не дај Боже се најдам во нужда да побарам помош од јавна здравствена установа за некаков проблем од здравствена природа, сакам да бидам сигурен дека ќе ја добијам најдобрата услуга од човек компетентен за таа работа. Дека ќе ми бидат достапни насовремените методи на лекување и дека ќе добијам совет и помош во најкраток можен рок.
А не во 21 век кај нас се јавуваат епидемии на болести кои што во други земји се искоренети скоро цел еден век. За рутински преглед се потегнуваат врски, на сред месец снемува лекови, луѓе умираат на хируршки маси поради нехигиена...значи здравството е само еден сегмент, дел од мозаикот. И во теорија е бесплатно а во пракса е далеку од тоа.

Образованието е на самото дно. Освен неколку факултети кои што прават исклучок, се останато е за под клуч.Спротивно на широко воспоставеното мислење, требаат и економисти и правници и наставници...само работата е што квалитетот на наставната програма таму е ужас и затоа се создава кадар со таков квалитет. Се запишуваат студенти со врски и завршуваат со врски и со препишување. Се учи од неквалитетен наставен материјал, во смешни услови. Царува корупција, се купуваат дипломи. Приватните факултети се фарми за одгледување на полуописменети дипломци со тоалет папир дипломи, кои што на пазарот на труд создаваат нелојална конкуренција. Се вработуваат како паразити по јавна администрација. Го чекам денот кога ќе се отвори приватен факултет за медицина.
Можностите за лично надоградување, професионално надоградување во струката, практична работа, обуки, следење на нови трендови во одредена област, се осхудни.
Самиот факт што приматели на социјална стипендија беа и студенти на приватни универзитити, каде што еден семестар кошта по илјада евра, доволно треба да говори за состојбите во нашето образование.
Сакам терминот просветно - воспитна дејност, во основните и средни школи, да се толкува и применува буквално.

Судството е уште една работа. Овде многу лесно од прав можеш да излезеш виновен. Криминалците станаа функционери и пратеници. Криминални групи во спрега со полицијата хараат по населби и станови додека некој грев ќе лежи три години робија за кражба на кебапи.
Ме иритираат двојните аршини, сакам правдата и законот кои што важат за мене, подеднакво да важат за сите, или барем да се настојува да биде така. Полицијата да биде сервис на граѓанинот а не средство за рекет и изнуда.

Сакам утре кога ќе аплицирам на оглас за работа да знам дека ако не ме примат тоа е затоа што бил примен некој подобар од мене, а не заради тоа што имал врски и татко му бил локален моќник. На интервју за работа да прекинат да ме тераат да набројам пет позитивни и пет негативни работи за мојата личност,затоа што е ретардирано. Знам дека го симнале прашањето од интернет и е тотално ирелевантно за позицијата на која што аплицирам.

Сакам да гледам што помалку покондурени сељаци по улица кои што вртат глава и не велат едно "добар ден" затоа што сега ете, станале "големци" дека добиле партиско вработување, а до вчера биле на социјална помош.
Сакам да гледам што помалку газолижачи. Да се цени интелектот и способноста, добрите манири и достоинството, а не талентот за чистење на анални регии по партиски штабови. Не сакам цел живот да живеам заробен во нечиј шупак за да дојдам до одредена цел. Сакам мојот успех да биде резултат на моите квалитети, сакам услови за фер борба. Не сакам "да се снајдам" сакам да успеам.
Сакам да ме ценат по тоа што го зборувам и поради тоа што го правам, а не заради моето потекло, функција или длабочината на мојот џеб.

Не сакам да бидам граѓанин од втор или трет ред во сопствената држава. Не сакам вработување по партиска основа и националност ами по знаење и компетенции. Сакам да ме лекува, учи, да дели правда, да ме услужува најдобриот, не дека е Албанец или Македонец, туку дека е најдобар.

Јас знам дека во голем дел од мојот километарски пост се наоѓаат примеси на утописки сфаќања, свесен сум дека никаде не е совршено, ама говориме за екстреми. Јас знам дека не постои правда во полна дефиниција во практиката никаде во светот, но постои заложба да се достигне барем приближно. Овде такви заложби освен декларативно, во пракса јас не гледам.
И зошто не ми смета до толку платата. Затоа што знам ако постои правна држава, квалитетно здравство и образование, професионална јавна администрација... дека стандардот со време постепено ќе се подобри. Сите овие работи се поврзани една со друга и од нивната заедничка синергија ќе зависи и квалитетот на економијата, како еден вид на одржувач на состојба на општествена хомеостаза.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.159
Поени од реакции
22.730
При крај сум со студиите на медицински, би сакал да останам но сериозно размислувам за фаќање магла по завршување. Половина од моите колеги знаат германски, веќе биле или планираат да поработат летна сезонска работа таму или пак планираат да го научат јазикот. Има и доста број на колеги кои се одамна решени да фатат џенем од вукојебинава.

Од причините наведени горе јас мислам дека "Малограѓанштина" е најлоша бидејќи од неа потекнуваат сите останати проблеми. Додека како народ се восхитуваме на лидери и воџи кои се тоа што се бидејќи рекетирале или дилале дрога, додека тераме сеир и се исмеваме на секој што се осмелува да мисли критично, гледаме исклучително за себе и не размислуваме како нашите акции и одлики ќе влијаат во иднина и додека не се научиме на базична култура како 'плукање шлајм на тротоар е негативна особина' - ќе продолжиме да ги стимулираме сите негативни продукти што доаѓаат од малограѓанштината - корупција, непотизам, неписменост, незнаење, дебилизам итн а Македонија ФИРОМ Илинденска Северна? ќе си остане тоалетот септичката јама на Европа.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.895
Поени од реакции
25.217
Гласав за главната причина, она што дефинитивно направи да донесам одлука и да направам чекор напред, ама причини беа многу. Уште претходно размислував да се иселам, и тоа поради останатите работи наведени во анкетата.

Сега пак размислувам каде да ја киднам затоа што ми здосади и тука. :D
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Гласав за главната причина, она што дефинитивно направи да донесам одлука и да направам чекор напред, ама причини беа многу. Уште претходно размислував да се иселам, и тоа поради останатите работи наведени во анкетата.

Сега пак размислувам каде да ја киднам затоа што ми здосади и тука. :D
Na druga planeta ;)
 
Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
Неколку од наведените одговори во анкетата произлегуваат од малограѓанштината. Јас ако би се отселил некогаш тоа би било главната причина. Друга причина би било, ако добијам можност да живеам на една од дестинациите кои премногу ми се допаѓаат. Убаво пиша некој горе за тоа со интернетот. Нон стоп гледаме некои си утопии на нет и се туфкаме зошто сме се родиле тука, а не таму. Сепак пак ќе напоменам, најмногу би се одселил поради дебилизмот што на големо егзистира кај нашиот народ и би избегал што подалеку од него.
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
331
Поени од реакции
319
Anketava ne e nishto novo, nishto senzacionalno, trendot prodolzhuva i ponatamu. A zoshto ?

Se prashuva li nekoj ZOSHTO sudiite vo MK se nepravichni ili Makedoncite se malogragjani ili javnata administracija e korumpirana i neefikasna ili vozduhot e tolku mnogu zagaden (koj go zagadi tolku mnogu) ili lekarite se nehumani, ucitelkite nepismeni itn., mozham do utre da nabrojuvam.

Od kogo begaat Makedoncite ? Od Makedonecot, t.e. od samite sebe, najverojatno !!!
Motivite za beganje se mnogu povekje od socioloshka priroda, iako ima opshto mislenje deka finansiite se glavna prichina.
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Бране, шо го смени никот бе?
Прво помислив некој бот дека ја отворил темата.
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.363
Поени од реакции
1.831
porano nemastaijata sea mi e top i so plata i so se ali tapa mi e tuka mora da s eistrazuvaat novi stvari novi poznanstva a i od politikava preu kur mi e u polsedno vreme toa ne parite nego sranjava vo drzavava
 

Kajgana Shop

На врв Bottom