potrudise i ti da podistrazuvas
zabelezal zs tie go ocekuvale bozjiot verovesnik koj ke dojde i imal pecat na verovesnistvo Imal znak vo oblik na jabolko nad gornata r'skavicna pleska.
Познато ми е тоа со белегот и истражувано.
Види у суштина никој нема проблем со вашето верување за пророкот, фантастичната замисла за настанокот на куранот и вашата традиција и стил на живот.
После година-две поминати у дискусии со муслимани, сметам дека нема поента да се разјаснувам дали римо-католички свештеници и нивна женска роднина чекале некаков си веровесник, а немале некоја друга намера, токму со претставник од најпроблематилното племе на кураиши, во тој период.
Ми останува да го испочитувам твоето верување, се додека е во граници на нормала и не ја загрозува околината.
Проблемот е што ширум светот, некои го имаат сфатено пророкот и исламот, многу различно од тебе, на пример, и со тоа допринесуваат до ужасни ситуации и проблеми на се околу нив.
Значи не е проблемот во верувањето, во вашето толкување, во обидот да го приближите исламот поблиску до другите, туку проблемот е во тоа што го интерпретирате крајно екстремистички и притоа се нанесува огромна штета на сето останато население.
Нели важеше - мене мојата вера, тебе твојата.?