Не знам ни од каде да почнам, ама еве, ќе се обидам накратко:
1. Би ја сменила директорката, затоа што очигледно за ништо не се грижи освен за тоа да земе плата на први, никој ја нема видено на училиште можеби 5-6 месеца.
2. Би направила на секој агол да има оставен телефонски број до министерството за образование, каде ќе може да се пријави професор ако е забележан како си прави некои акробации во дневникот или во тетратката негова, како на пример 1, 1, 1, 3, 4, 5, 5 и 5ка за крај.
3. Би ги зголемила часовите по спорт, да се има спорт секојдневно и да биде задолжителен, што значи дека по овој предмет оцените ќе бидат вратени, нема да има мислења.
4. Тестовите од предметите да бидат прегледувани од страна на професори кои не се од тоа училиште, како што е и во сите други земји, нормално.
5. Како петто и најважно, би ги укинала проектните активности, познатото губење на време, и така професорите не знаат да ги организираат, а и очигледно проектите што ги правиме на крај служат само за децата на професорите, ако им притреба за семинарска на факс или за некојси нивен проект.