Што би правеле ако поединци од вашето друштво користат дрога?

Што Би правеле ако поединци од вашето друштво користат дрога?


  • Вкупно гласачи
    238

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Би направила се што е во моја моќ за да го спречам !!!
Нема сигурно да гледам како некој што го сакам и што ми значи се уништува себеси.Неможам да го оставам кога најмногу му требам знам дека би се каела послем.Секако,неможе да успее само доколу јас нешто пробам да направам,пред се треба таа личност да има желба да престане и да дојде во нормала пак.Неможам да ги сфатам оние луѓе кои што би ги оставиле на цедило своите другари/ки кога ќе загусти.Па добро бе,не е секогаш се убаво и розево во другарството и тоа не значи дека треба да си заминеме кога другите поминуваат многу тежок период од својот живот.Башка,вие ако недај боже отидете во тие води,би сакале да ве остават сите кои што ви се вредни во животот?!? Не мислам баш така.
Инаку и јас сум си во друштво со паметни деца,ни пушиме,ни пиеме,ни се дрогираме (фала богу),а така и ќе остане.:pipi:
1. На наркоман, не му треба никој покрај дрогата.
2. На наркоманите не им згустило несакајќи, туку сами одбрале да забегаат по тој лош пат. Па, ако тие не сакаат да им е добро, јас ли за нив да сакам?
3. Многу тежок период? Одвикнувањето може е, ама дрогирањето тежок период???
4. Не ни очекувам некој да ми го бери гајлето ако јас би заминала по тие води. Башка, доволно сум свесна дека не сакам да ги повредам блиските на тој начин.
5. Прво, не можеш да тврдиш дека така ќе остане, а второ, не си баш компетентна да зборуваш за ситуација со наркоман, кога не знаеш како сето тоа изгледа. Ти дури и пред мене би кренала раце од еден таков човек, верувај ми.
 

mala 16

mala
Член од
16 април 2009
Мислења
4
Поени од реакции
1
Го имам истоиот проблем... шит... Детево е предобро значи се што е во негова моќ за помагање ќе ти помогне ама заоде по тој пат. Го знам од мал во осмо почна да дува марихуана после 1 година прејде на кокаин... Ми вети дека нема да прејде на вена ама се плашам за него. Пробав се од муабети до родители а најдобри другари сме. Сега не сме во исто школо и неможам да го гледам толку често а знам дека не престанал. И што е најтрагично детево и дила, а кога и да го прашам зш го прави тоа ми вика за пари а можам да кажам дека неговите се од побогатите слоеви. Меѓу другото добра тема но кога несака некој неможеш против тоа. На човек можеш да му земеш ама да му дадеш со сила не. А да можеше ќе му дадев бар малку памет... Помагајте зошто секогаш најдобрите лошо завршуваат...:nesum:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Бев во ваква ситуација и фала му на господ откривме рано и се разбира со муабет и совети се се решава..Личноста ми е една од најдобрите пријатели и кога го дознав тоа едноставно бев во шок... Тешко е кога ќе се открие такво нешто подоцна па кога и да сакаме понекогаш не можеме да помогнеме.. :(
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
929
Поени од реакции
21
Прво ке го дискриминирам,ке го кажам на родителите,ако тоа не помогне ке го пријавам во полиција бидејки последиците се големи.Подобро лечи отколку спречи.
 

city park boy

Red Legend Sınce
Член од
30 март 2007
Мислења
2.338
Поени од реакции
22
Значи одкога ја отворив темава ги имам прочитано сите можни постови...пробав се..ама кога видов дека не бива...кренав раце...оставам на него тој пат го избрал
може ми се плаче кога зборам за ова ама тоа е..некогаш мислев дека ке успејам да го разубедам понекад се поддаваше на мојата помош сме седеле заедно по цели ноќи за да не оди он да се дрогира..се рекреиравме што беше можно повеќе да заборави на тоа..но кога ке му дојдеа црните минути џабе беше се..
пред 2 недели бев до кај него само да го видам па мајка му ми кажуваше дека го уапсиле со незнам колку таблети и колку анфетамин па дома тврдел дека не биле негови уствари дека само дилал...паднал од скали добил потрес на мозок...и тоа е тоа се трудев година ипол...ама на се доаѓа крај незнам друго што да кажам тоа е
минатиот месец 100 пати го викав да излеземе негде да пиеме кафе..он никад не може..и се влече по неговата наркоманска тајфа .... зборови не помагаат тоа е тоа....
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Гласав за Ке му помогнам и не размислувам на последиците иако не знам шо треба да значи то со последиците. Пошто ако се работи за некој од мое друштво тогаш ми е добар другар/ка па неможам да седам настрана тукутака.

Незнам на кој начин да му помогнам - ова е втора опција за која би гласал, пошто крај краева нема уствари шо да напрајш освен да земиш да си напрајш муабет и тој/таа да ти враќа со Абе шо се замараш ти, Мене убо ми е, и да заврши со Тебе ич к**** да не те боли.

За одбегнување , да се разбериме не си ти тој шо ќе го/ја одбегнува, туку тој/таа ќе забега по наркомански друштва.

За кажвање на родителите, не мислам дека би го напрајл а и не гледам како би помогнало многу. (уште поќе нервози,депресии и уште поќе ќе се оддалечи од тебе )

И да , имам некое искуство на оваа тематика.

@ city park boy: штета за другар ти. По некое време сам ќе си сфати во шо срање е ... да се надеваме дека нема да биди прекасно.
 
Член од
7 февруари 2007
Мислења
44
Поени од реакции
1
Мислам дека другари и другарки што се на моја возраст се доволно големи и свесни за да знаат дали сакаат , дали треба и кои се последиците ако тргнат на таков пат.Секако дека ќе зборам со нив и ќе пробам да ги откажам од таквите навики, ама додека они самите не ја добијат таа желба џабе е секаков муабет. А со одбегнување нема ништо да се постигне, само ќе го натераш уште повеќе дда забега со наркомански друштва и тек тогаш нема спас за него/неа:( За среќа не сум била во ваква ситуација некој ептен близок да забега, а ако дојде до тоа , па што ми преостанува друго освен да му свртам некој муабет... :toe:
 

city park boy

Red Legend Sınce
Член од
30 март 2007
Мислења
2.338
Поени од реакции
22
Мислам дека другари и другарки што се на моја возраст се доволно големи и свесни за да знаат дали сакаат , дали треба и кои се последиците ако тргнат на таков пат.Секако дека ќе зборам со нив и ќе пробам да ги откажам од таквите навики, ама додека они самите не ја добијат таа желба џабе е секаков муабет. А со одбегнување нема ништо да се постигне, само ќе го натераш уште повеќе дда забега со наркомански друштва и тек тогаш нема спас за него/неа:( За среќа не сум била во ваква ситуација некој ептен близок да забега, а ако дојде до тоа , па што ми преостанува друго освен да му свртам некој муабет... :toe:
Џабе е ти кажувам од искуство....
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Bi gi odbegnuvala definitivno i tesko da se najdam vo takvo drustvo,ama da se trudam da im pomognam mislam deka e zaludno trosenje vreme :tapp:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Не би се здружувала и приближувала со нив за да не морам да ги изгубам на болен начин. Ако веќе ми се добри пријатели, ќе разговарам со нив и ќе се обидам психолошки да навлезам во причината заради која употребуваат дрога. Верувам дека би можела да продрам во нивното размислување и да пронајдам и останати личности кои на ,,дрогашите" им се блиски и битни, така што би можеле заедно и ,,заговорнички" да дејствуваме.
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
1-ќе го одбегнувам
2-незнам на кој начин да му помогнам
3-ако ми се случи нешто мене поради него кој би одговарал???
4-не мислам да ме бараат со полиција пред врата
5-ако дознаат мајка ми и татко ми за такво нешто би ме........
6-добро е што досега немам такви околу мене а се надевам дека нема ни да имам
 

nkT

Регистриран: May 2009
Член од
5 мај 2009
Мислења
175
Поени од реакции
0
Ке му помогнам и не размислувам на последиците,па ако не се разбере ке го кажам на неговите родители,па и тогаш ако нема фајда незнам на кој друг начин да му помогнам и ке го избегувам.Кратко и јасно.:):)
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
ke gi prijavam na soodvetnite sluzbi i na roditelite im.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
сум помогнала смешала и дискутирала и со родителите и по 1 година измачување отиде на лечење у Хрватцка па лечењето е 3 год има две поминато и засега е добро излечен е плус работи во невладината и им помага на новите што доаѓаат секако и заработува од тоа
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.501
Поени од реакции
28.862
ќе пробам да му помогнам, ако не ми дозволи да му помогнам т.е ако продолжи со лошата навика, ќе се оддалечам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom