Поентата е што така е во секое поле, не само програмирање... Земи 3д артист со лопата да ги ринеш, за Дизајн и Илустрации па да не зборам... Исто така и за кујни имаш милион мајстори, милион плочкари итн...Абе друже, тоа работам и ти кажувам дека за да стигне да прави пари од програмерство ќе му требаат речиси 2 години (под услов да седне здраво со учење), на страна тоа што и кога ќе дојде ред да почне со работа ќе си има главоболки со конкуренција (веќе тешко се наоѓа и за пракса, академиите штанцаат диплoми на дневна основа, ги заминаа и правниците и економистите) и во првата година нема да стигне ни до 300 евра плата (пиши 3 години до првата плата од барем 400 евра).
За платите што ги слушате низ народ од неколку илјади евра: треба да ја погодиш фирмата, ти требаат барем 3 години работно искуство, треба да си спремен да дремиш пред компјутер и по 15 часови на ден, треба да си спремен да учиш нон стоп исто како на почетокот.
Тоа е денес пазарот, за сајбер секјурити има дефицит и нормално дека треба многу време, труд и енергија, во се треба време... Ако сакаш преку ноќ да се збогатиш тоа е друга работа....