Што би, или правите со вишок пари?

Член од
17 ноември 2020
Мислења
7
Поени од реакции
35
Здраво на сите,
Имам 26 години и имам на сметка 500.000 денари кои сам си заработив во странство. Е сеа се мислам што да им правам, сакам да инвестирам но немам искуство и знаење што и како. Секоја помош е добродојдена, ве молам само за озбилни коментари. Фала!
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
579
Поени од реакции
434
Инвестирај ги у казино. На апаратите.
Ти нешто паметњакович изигаваш овде? Шо треба да ти дајме сега за одговорот? Награда некоја или браво да ти напишиме? Дечкото праша културно, понашај се соодветно.

П.С Можеш да дадеш поќе информации, кои бранши ти се попознати, какво образование имаш, на какви идеи си насочен за да можи некој поубаво да те насочи.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
26.684
Поени од реакции
45.421
Кога би имал поголема сума, би ти кажал дека инвестирање во недвижнини во моментов делува како најдобра опција. На твое место, ако ги имаш парите во Евра, би ги чувал, зашто моментално ситуацијата со Ковидот се менува од ден во ден, и многу луѓе не можат да предвидат како ова ке се одрази на многу дејности.

Немој само во долари да ги чуваш парите, зашто доларот моментално иде во надолна линија, и за прв пат по подолго време, мислам дека ке треба подолг период да се врати над 55 денари.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
2.760
Поени од реакции
5.037
Здраво на сите,
Имам 26 години и имам на сметка 500.000 денари кои сам си заработив во странство. Е сеа се мислам што да им правам, сакам да инвестирам но немам искуство и знаење што и како. Секоја помош е добродојдена, ве молам само за озбилни коментари. Фала!
OnlyFans + Twitch

Инвестиција:
-Наоѓање убава девојка
-Најнов тип на фотоапарат, камера, телефон
-Најнов тип на PC, брз интернет
-Добро уредена соба 4х4, повремено изнајмување базент.
-Реклами по социјални мрежи
-Шетања на луксузни дестинации

Потребно, девојката да говори добро англиски јазик особено thanks for follow и thanks for subscribe.
Moже да ја шеташ, да ја частиш и да не ја пипаш. Парите ќе ги делите.

Ако тргне бизнисот, само небото е граница потоа.
 
Член од
28 септември 2012
Мислења
8.277
Поени од реакции
20.666
Јас би ги вложил во знаење. Курсеви, некоја пракса, учење нешто корисно шо ќе ти носи достојна заработувачка во иднина. Инвестирај во себе.

500к денари се нешто над 8 илјади евра, немаш ич простор за маневар во бизнис светот со таа сума. Освен да отвориш бутик/прехрамбен дуќан и да бидеш топовско месо за разни инспекции.

Druze prvo i osnovno NE VERUVAJ NIKOMU, vtoro NEMA LESNI PARI,sekoj dolar,denar mora da se zaraboti.Treto i osnovno pravilo ti e RUCEKOT NEKOJ MORA DA GO PLATI,nema nisto besplatno,a ako ne znaes koj ke go plati toj nekoj si TI.
И шо му кажа сеа?o_O
 

LustingVertigo

Puppets. I pull their strings,they dance.
Член од
1 декември 2017
Мислења
315
Поени од реакции
260
Здраво на сите,
Имам 26 години и имам на сметка 500.000 денари кои сам си заработив во странство. Е сеа се мислам што да им правам, сакам да инвестирам но немам искуство и знаење што и како. Секоја помош е добродојдена, ве молам само за озбилни коментари. Фала!
Искрено со 8К можиш да почниш некој бизнис онлајн нешто поврзано со дигитален маркетинг, друго не ми текнува.

Да бев на твое место, не би прашал овде на форум, би прашал некој што веќе е успешен со бизнис..
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
12.893
Поени од реакции
16.121
друже земаш ригови и копаш биткоини, само почекај да се смират цените за хардвер. Зоки од кога почна со крипто стана крипто шеф тука на форумов.
 

Govinda

Дивајн Донки
Член од
20 април 2014
Мислења
4.013
Поени од реакции
4.498
друже земаш ригови и копаш биткоини, само почекај да се смират цените за хардвер. Зоки од кога почна со крипто стана крипто шеф тука на форумов.
Абе остај Зоки. Он има вези со Криптон, од там го набавува по ного ниска цена како тестилна сировина.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
5.067
Поени од реакции
6.190
OnlyFans + Twitch

Инвестиција:
-Наоѓање убава девојка
-Најнов тип на фотоапарат, камера, телефон
-Најнов тип на PC, брз интернет
-Добро уредена соба 4х4, повремено изнајмување базент.
-Реклами по социјални мрежи
-Шетања на луксузни дестинации

Потребно, девојката да говори добро англиски јазик особено thanks for follow и thanks for subscribe.
Moже да ја шеташ, да ја частиш и да не ја пипаш. Парите ќе ги делите.

Ако тргне бизнисот, само небото е граница потоа.

za parite sto gi imas samo ova mozes da se probas ili ona sto ti kaza @Del Boy . za se drugo imas premalku
 

Govinda

Дивајн Донки
Член од
20 април 2014
Мислења
4.013
Поени од реакции
4.498
Деца. Ногу лошо доба за инвестирање било шо. Седи си мадро додека се поодоправе целата ситуација, ако воопшто се оправе.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
8.242
Поени од реакции
14.636
Деца. Ногу лошо доба за инвестирање било шо. Седи си мадро додека се поодоправе целата ситуација, ако воопшто се оправе.
Во секоја криза има и можности, т.е секогаш кога некој губи - друг добива.

Здраво на сите,
Имам 26 години и имам на сметка 500.000 денари кои сам си заработив во странство. Е сеа се мислам што да им правам, сакам да инвестирам но немам искуство и знаење што и како. Секоја помош е добродојдена, ве молам само за озбилни коментари. Фала!
Бараш алтернатива за банка за да добиваш нешто повеќе, или си спремен да преземеш поголем ризик?

Поголеми ризици за short position (не го земај за финансиски совет, туку идеи каде јас би ставил/ставам пари): stable coin, етереум, биткоин (од помал кон поголем како што се ставени по ред. Првиот со моменталната констелација би ти носел прилив од 7-8% месечно и имаш помал ризик, друг ги инвестира во пошироко портфолио од крипто валути (повеќе крипто валути и побавно ќе отидеш надолу ако се издиши крипто балонот), вториот и третиот никој не може да ти каже (може да се дуплираат, а може и да паднат многу). Можеш да ставиш граници под кои не си спремен да ризикуваш и да ги продаваш на берза комплет/делумно и исто ако си задоволен со растот да ги продадеш и парите да ги реинвестираш во нешто друго (пример ако порасне за 10% во следните 2 недели ги шиткаш и не се замараш дали се дуплирало или не после продажбата, реинвестираш во друго).

Други опции: берза, инвестициски фонд.

Ако бараш идеја за бизнис тогаш си на грешно место, тоа зависи прво од тебе кои скилови ги поседуваш, а второ колку време имаш за да посветиш на тој бизнис.
 

LustingVertigo

Puppets. I pull their strings,they dance.
Член од
1 декември 2017
Мислења
315
Поени од реакции
260
друже земаш ригови и копаш биткоини, само почекај да се смират цените за хардвер. Зоки од кога почна со крипто стана крипто шеф тука на форумов.
Имаш искуство со mining ?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
12.893
Поени од реакции
16.121
сега да имаш нешто низ ск со фуд деливери мислам дека е полн погодок, кај и да одиш све наручуваат јадење на работа. Има ко алва да правиш пари, а и нема некоја инвестиција. Некое ќумезче за кујна да имаш и цепаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom