Да се разбереме не ми пречи твојот обид да докажеш некои свои размислувуања - туку начинот на кој тоа го правиш. Премногу ароганција и самобендисаност во нешто што е предмет на апстракција, нели?
Тоа е, друже, хипотетичка ситуација. Ситуација која треба да ја замислиш, без оглед дали е можна или не. Мене ме фасцинира гимнастиката со која
се избегнува одговорот на толку едноставно прашање.
Зошто никој од верниците не сака да го одговори. Што е тоа што ви ги тресе гаќите толку силно?
Признавам дека сум арогантен. Во приватен живот не сум ваков, па најверојатно си во право и за фрустрациите. Сеедно. Јас тука можам да го кажам она што во вистинскиот свет не си го дозволувам. Тебе, нели, никој не те тера да не читаш, но сепак го правиш тоа. Зошто? Која е твојата сатисфакција? Што ти добиваш читајќи ја мојата ароганција и фрустрации? Размисли си.
Обидот за докажување можеби делува донкихотовски. Јас верувам дека не е. Времето ќе покаже.
Ароганцијата ми е носечки мотив на мојот дискурс (начин на комуницирање). Сметам дека радикалните постови се читаат повеќе од умерените. Пишував тука пар години умерено (пребарај накај почетокот), но вистинските дебати почнаа да се случуваат откога ги извадив ракавиците и почнав да пишувам директно и агресивно, без пардон.
Јас тука не се промовирам себе. Се кријам зад својот аватар и ник. Никому не му кажувам кој сум, за да можам отворено да ги искажам своите
ставови. Ставовите се категорија која најтешко се менува. нема ништо потешко од влијаење на нечиј став. Религиозните ставови се особено еластични. јас сметам дека е можно таму да прдизвикам промена
единствено со цврсти и радикални објаснувања. Можеби грешам. Мој избор и мое право, нели.
Ако те навредува мојот јазик или мојот став, топло ти препорачувам да не ме читаш. Озбилно.
--- надополнето ---
Па прво 15-годишно дете да не знае ништо -дури и без интернет децата (па и ние на 15 години немавме) знаат што постои а што не.
второ, ако нема нет, тешко ќе се одлучи за ајфон, по некој редослед.
трето -ако ми е дете, нема да побара пошто толку нескромни поклони не барале ниту од дедо мраз кога биле мали.
Едноставно, постојат весници, реклами, тв...и да нема нет, ќе се информира од таму. како инаку би знаел дека воопшто постои ајфон.
Ама ептен ја отеравме офтопик
А што ова има врска со религијата?
Све, све, само да не одговориш, а? хе-хе...
...и пак си заборавил да ме цитираш кога ми се обраќаш мене
Со религијата, Лурц, одговорот на ова прашање има
многу врска. Претпоставувам дека оттаму доаѓа и отпорот да го одговориш.