Баш напротив, нема ама баш ништо ризично да земеш пилула за итна контрацепција.
Бре мајко му, сите се сексате а никој не е информиран како што треба.
Ако ти се скине кондом, прво нешто што правиш утредента е идеш во аптека и бараш микрогинон зашто се најефтини (варираат од 130 до 200ден) и најпригодни за ваква ситуација. Имаш фора од 72 часа да се напиеш (микрогинонот се пијат по 2 на 12 саати) ама најдобро е да гледаш пред 24часа затоа што порано тоа подобро. Е сега ако нема микрогинон ке побараш јасмин или некои други, ама да рачунаш дека јасминот се околу 500 и нешто а другите уште поскапи.
Пилулите фунционираат на принцип на тоа што прават обвивка околу јаце клетката и им даваат информација на сперматозоидите дека клетката е веќе оплодена така што тие нема да влезат во неа.Така што со пиење на пилулава нема убивање на ембриони или незнам што, како што спомна некој погоре, затоа што ембрионот не е ни создаден (му требаат 4 дена).
Најлошо нешто што може да ти се случи со пилуливе е да ти се помести циклусот или да ти се лоши дента кога ќе ги испиеш, ништо повеќе. Тоа дека може да останеш неплодна после тоа е исто така мит.
Е сега, не се 100% сигурни, ама за ситуација "кинење кондом" се совршени.