Што ако вашето момче е мамино галениче?

VIP

Член од
20 мај 2009
Мислења
100
Поени од реакции
24
Мислам дека никогаш нема да бидам во врска со некое мамино галениче бидејки едноставно јас не можам да го толерирам тоа да некој е толку зависен од некој др.А недај боже па маж да ти биде готова си нема спас за тебе... кај ке му одиш по газот за се, па и таа работа што треба сам да си ја заврши нема да умее да ја направи како што треба....така да поарно никаков отколку таков.
Море не ти влегол под кожа некој таков, тек тогаш ќе те прашам.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Море не ти влегол под кожа некој таков, тек тогаш ќе те прашам.
како планираш да ми влезе под кожа кога таа карактеристика ја мразам од дното на душата.па уште на почетокот ќе ми се одмили нема да стаса до кожата.
 

VIP

Член од
20 мај 2009
Мислења
100
Поени од реакции
24
како планираш да ми влезе под кожа кога таа карактеристика ја мразам од дното на душата.па уште на почетокот ќе ми се одмили нема да стаса до кожата.
Ја никако не планирам како да ти влезе под кожа, само имам видено пример кај шо некој мнооооогу мрзеше шмисли, па си фати една девојка шмизла и си ќути ко попче сеа.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
лелееее...подалеку од такви јас имав еден таков што неговата мамичка ни ја контролираше врската па потоа стигна до оној степен да му побара да ми раскине затоа што јас не сум била доволно добра за нејзиното синченце...батали тоа него од каде ми раскина и ми ствараше проблеми и нервози упорно ми доаѓаше дома со изговорот дека се ке се среди и тој сите ќе ги постави каде што им е местото...мајка му ми се јавуваше дома секој ден да го оставам синчето нејзино и да не го барам више а уствари тој доаѓаше да ме бара секој ден...е ај сега тоа да видиш...неврмајнд...сакав да кажам дека каков што бил таков ќе си остане затоа што извесно време после врската со мене започна друга која траеше околу мислам 6 месеца и нешто време потоа дознав дека и за таа девојка така му правеле...Бог да чува од мамини синчиња подалеку од нив
 

kostovska

Рокенролистика :))))))
Член од
22 јануари 2009
Мислења
368
Поени од реакции
11
Дечко кој е мамино галениче треба самиот да се утепа, не дај боже да упознам некој таков. (да си чукнам у дрво три пати ):vozbud::vozbud::vozbud:
 
M

Macedonian-Sun

Гостин
http://www.femina.mk/%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%BE%D0%B2-%D0%B8-%D1%81%D0%B5%D0%BA%D1%81/%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8/10-%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8-%D0%BF%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D1%81%D0%B8%D0%BD%D1%87%D0%B5#comments
Не постои жена која нема да биде воодушевена од претставник на посилниот пол кој ја сака и почитува својата мајка, затоа што на сите ни е јасно дека таа е првата жена во неговиот живот, па однесувањето кон неа подоцна се рефлектира и во неговиот однос кон другите жени. Но, додека некои мажи негуваат прекрасни односи со својата мајка и на нормален начин ја покажуваат грижата и благодарноста кон неа, мамините синчиња ја ставаат на пиедестал, ја идеализираат и се целосно зависни од неа.
Маминото синче лесно ќе ве шармира со љубезност, учтивост и почит кон понежниот пол, но речиси е невозможно да се искачите на првото место на листата на најважни жени во неговиот живот. Тоа место најверојатно засекогаш ќе биде освоено од неговата мајка.

Ако следниве знаци се карактеристични за неговото однесување, бидете сигурни дека си имате работа со зависник од мамичка:
  1. Тој пречесто ја цитира мамичка за време на вашите интимни разговори. Дали често започнува со: „Мајка ми секогаш вели...“? Маминото синче нема да ве изненади со романтичен цитат од позната личност. Тој редовно ќе вметнува во вашите разговори мисли и ставови на неговата мајка, затоа што, нели, таа секогаш знае сè.
  2. Нејзиното име преовладува на листата со повици во неговиот телефон. Да, точно е дека мажите кои имаат добра врска со својата мајка имаат повеќе разбирање и почит кон жените. Нема ништо лошо во комуникацијата меѓу мајка и син, но само ако таа е во нормалните граници. Ако вашиот сакан постојано „виси“ на телефон, а од другата страна на линијата најчесто е неговата мајка, тогаш тој сигурно спаѓа во групата мамини синчиња. Мајките на таквите мажи имаат потреба да знаат сè, па најчесто го следат секој нивни чекор. Можеби оваа силна врска мајка-син во почетокот ќе ве освои, но подоцна таа ќе ви стане само пречка и извор на нервоза.
  3. Се разбира, неговата мајка знае детали за вашиот љубовен живот. Врската е сојуз меѓу маж и жена кои споделуваат интимни моменти и имаат свои тајни. Проблем настанува кога во врската ќе се појави и трета страна – мајката. Маминото синче нема тајни пред мамичка, таа знае за секој ваш испад, за секоја кавга, за секој интимен проблем, за секој романтичен гест... Можеби во почетокот нема да почувствувате, но вмешувањето на трета страна бавно ја уништува врската.
  4. Дури и неговата долна облека минува низ нејзините раце. Маминото синче никогаш нема да порасне, а не ни го посакува тоа. Тој секогаш ќе очекува неговата мајка да води грижа за неговите работи и не го мрднува ниту малиот прст кога станува збор за извршување на домашните обврски. Дури ни перењето на долната облека не е дел од неговите задачи. Подгответе се доколку сакате да бидете со ваква личност до крајот на животот, затоа што вие ќе треба да станете идеална замена за вредната рака на мама.
  5. Секогаш ја избира пред вас, застанува на нејзина страна. Мажот кој изградил нераскинлив близок однос со својата мајка никогаш нема да ве стави на прво место. Ако некогаш треба да избере чии чувства ќе повреди, маминото синче несомнено ќе ги избере вашите пред оние на својата мајка, со изговорот „Таа ми е мајка“. Дури и кога знае дека мама греши, тој цврсто ќе стои зад неа без разлика на сè.
  6. Ве споредува со неговата мајка. Дали тој постојано прави споредби меѓу вас двете? Дали често слушате „Мајка ми тоа го готви на различен начин“ или „Мајка ми тоа го пере рачно, а не во машина“? Маминото синче ќе ги споредува сите ваши постапки со оние на мајка му, а ако треба да ги оцени, тие никогаш нема да бидат толку добри колку нејзините.
  7. Нејзината желба е негова заповед. Маминото синче нема да се двоуми дали да ги уништи вашите планови, доколку му е потребен на мамичка. Секоја нејзина желба ќе биде исполнувана со брзина на светлината и никогаш нема да дозволи вие да му застанете на патот.
  8. Избегнува конфликти и справување со тешки ситуации. Маминото синче речиси никогаш нема да ви се спротивстави. Тој се плаши од конфликти и ќе ги избегнува по секоја цена, исто како што ги избегнувал конфронтациите со својата мајка. Кога вие мислите дека се карате, тој изгледа како дете кое направило нешто лошо. Маминото синче цел живот се обидувало да не ја разлути својата мајка. Па, тој веќе свикнал мудро да молчи за време на расправии.
  9. Самостојните одлуки се голем проблем за него. Маж кој има изградено здрав однос со мајка си знае да каже „Не“ на нејзините одлуки и да донесе свои. Ако човекот кој стои покрај вас слепо ги следи „советите“ на мајка си, затоа што мама знае најдобро и нејзиниот збор е закон, за жал, сте налетале на мамино синче. Ваквите личности обично се незрели, никогаш не носеле самостојни одлуки, па за нив, дури и најпростите проблеми не можат да се решат без консултација со мамичка.
  10. И на 30 години живее со мајка си и е финансиски зависен од неа. Маминото синче не брза да порасне, да стане независен и финансиски самостоен иако влегува во возраст на која треба да оформи сопствено семејство. Тој не може ни да замисли да живее одделен од својата мајка или ако живее сам, тоа сигурно е на неколку метри од неа. Ваквите мажи често не работат, затоа што секогаш чекаат некој друг да им најде работа, и тоа не на каква било позиција. Тие секогаш чекаат директорска фотелја каква што според мамичка и заслужуваат.
 

Pance24

Мариовец
Член од
26 август 2012
Мислења
270
Поени од реакции
104
хахаха... Јас еве сам живеам со 3 годишна ќерка и сум потполно независен од мајка ми ниту ми треба ниту ја барам, сепак 1 неделно се слушаме на телефон. Пред се најбитна ми е ќерката моја. Инаку не се сите мамини синчиња иако скоро на секои 2 метра ги има. Таквите никогаш нема да опстанаат без нивните родители иако се во брак. Јас уште да си најдам девојка за сериозна врска која што ке ја сака мојата прекрасна ќерка друго ништо не ми треба .
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Чувај Боже, со такви не се ни дружам, камоли па да бидам во врска (прекрст).

Иако да, сега кога ќе го вратам филмот знам дека запознав еден кој стално дробеше колку мајка му добро готвела:D Се разбира, не ни помислив да имам нешто со него.

Страшна работа Едиповиот комплекс. Да не беше инцестот нелегален, таквите ќе и го зачукаат и на сопствената мајка.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Ако е мамин син онда тоа е ненормален однос мајка- син, каде он е виновен за тој однос. Зашто колку и да ти се лигави и качува на глава мајката, мора да се завземе зрел и јак став, да и се покаже до кај и е границата, до кај може да се меша и да се плетка во твој живот.
Најчесто мајките ги возат оние синови кои немаат свое ЈАС и се пичкици во душа...Тоа не се прави машки кои потклекнуваат на мамини команди.
Ако приметам таков нездрав однос, прва кривина бегам. Само некад успешно се кријат....
 
А

Антоние

Гостин
Би сакал да ја искористам оваа прилика за да ја поздравам мојата сакана мајка. Среќен ден на мајките :*
 
O

Olimpij

Гостин
Ако е мамин син онда тоа е ненормален однос мајка- син, каде он е виновен за тој однос. Зашто колку и да ти се лигави и качува на глава мајката, мора да се завземе зрел и јак став, да и се покаже до кај и е границата, до кај може да се меша и да се плетка во твој живот.
Најчесто мајките ги возат оние синови кои немаат свое ЈАС и се пичкици во душа...Тоа не се прави машки кои потклекнуваат на мамини команди.
Ако приметам таков нездрав однос, прва кривина бегам. Само некад успешно се кријат....
A ti so si tatina maza? toa privlecno e?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Ако е мамин син онда тоа е ненормален однос мајка- син, каде он е виновен за тој однос. Зашто колку и да ти се лигави и качува на глава мајката, мора да се завземе зрел и јак став, да и се покаже до кај и е границата, до кај може да се меша и да се плетка во твој живот.
Најчесто мајките ги возат оние синови кои немаат свое ЈАС и се пичкици во душа...Тоа не се прави машки кои потклекнуваат на мамини команди.
Ако приметам таков нездрав однос, прва кривина бегам. Само некад успешно се кријат....
Барем голема услуга им правиш, со тоа што им излегуваш од животите... ;)
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Женските се поголеми мамини галеничиња од машките факт.Све што им се дешава од најмали баналности до најинтимни ствари им рапортираат на мајките.Додека од друга страна таквите машки се апла ретки исклучоци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom